Тој тракинг бројот што ви излегува на српската страна (и дава грешка), копирајте го на страната на мик мик, таму ќе ви даде до каде е
Јас имам 3 пратки, сите ми ги дава таму од коа е примена пратката во мк. Пред тоа велеше не постои. Може и да е преку друго карго па и да не даде ич пробуваме опции пошто они хаос се
И јас имам три од кои две ги пишува дека се испратени, на мик мик ја има само едната со статус нова нарачка од 20.11.. Хаос.
Како и каде успеа да внесиш трансакциска? Јас добив само no-reply мејл за поврат, дека е направен поврат и тоа е се.
Нели над 900 денари на производи без попуст беше бесплатна достава Сега ова ми излезе. На страната сеуште стои 900, ама да не планираат да зголемат?
А колку време ти траеше процесирањето на нарачката? Нарачав на 17.11, уште е во фаза на процесирање. Да не не ми ја пратат?
Еве како се одвивало Би требало да ја испратат, вака како што гледам кај мене повеќе време траела испораката до дома.
Не внесов трансакциска дека немав можност. Па им пишав на маил и на маил ми побараа трансакциска. Уште немам поврат . А како ти направија поврат а немаш внесено трансакциска?
Пишав, чекам одговор. Можно е и да ги нема работите што ги нарачав, не би ме чудело. Еден од артиклите не е ни достапен во продавница.
Поврат ми направија во продавница уште во средата, за делови од две пратки останав цел саат во продавница и тие не знаеа точно што прават. Потоа наредниот ден добив два мејлови со броевите на поврат и на страната не ми ги дава веќе да ги селектирам прозиводите како што стоеа претходно, а со тоа не ми го отвора ни тоа полето што беше со 17 цифри. Вчера не можев да ги добијам, па им пишав во формата за контакт што ја имаат оставено, им оставив таму трансакциска па да видиме.
support.mk@sinsay.com Аха, само си ги вратила производите значи. А јас те разбрав дека ти вратиле пари.
@Bella.alleB ти стигна нарачката? Знам дека на ист ден ни е испратена и мене и тебе (14.11, а порачано 2.11), се` уште нема стигнато кај мене.
3 пратки имам порачано, ни една не им зимам. Си купив што ми требаше од продавница. Па што почнуваат онлајн кога не се организирани ич.