Јас направив на 1.11 нарачка, стои само дека е одложена испораката, некој Милспед курир пишува дека е за доставувач. Многу лош менаџмент. Ако не беа спремни, не требаше да почнуваат со онлајн продажба, полошо искуство не сум имала со ниедна онлајн продавница.
Мене ми стигна нарачката направена на 14.11. Мојата дури и брза испадна . @sia.bella @brm_brm Знам дека вие имавте за враќање, или некој друг ако знае. Каква е ситуацијата или уште нема промена? Една работа само ми е, ако треба да се малтретирам, подобро и да не ја враќам.
Вие што често купувате облека да ве прашам за мислење: каде е поквалитетна облеката, во Sinsay или Ваикики? И каде е поевтина?
Јас сеуште чекам пари да ми вратат. Во понеделникот им ѕвонев, им ја диктирав трансакциската, ми рекоја во рок од 14 дена ќе ми ги вратат. Како што се нељубезни и неорганизирани сигурно ќе е на 14тиот ден или ќе треба пак да ги барам, да се расправам... Ќе пишам штом ми ги вратат парите
За мене досега Ваикики се покажала многу поквалитетна во споредба со Синсеј, ама и за нијанса поскапа е.
Ваикики има неспоредливо подобар квалитет. И ваму и таму можат да се најдат парчиња со полош и со подобар квалитет, ама генерално, во Ваикики има посаглам гардероба. Во Синсеј, може да ти се погоди нешто, ама претежно е слаб квалитет. Цените се пониски во Синсеј.
Ми стигнаа работите за околу 3 недели (и неколку дена). Мислев дека Бершка се спори, овие се бетер. Планирам да нарачам сега маици на куси ракави, за до лето да стигнат.
Мене денес ми се јавија за пратки 2. На 20ти требаше да ги добијам. Ги одбив и јас. Неделава си купив тоа што ми требаше (не од кај нив секако) Ќе испадне во загуба да се од одбиени пратки за кои треба да си платат доставување од романија. Добар менаџмент држи фирмава
Јас денес ја добив едната пратка, имаше фискална од вчера од мк. Задоволна сум од тоа што стигна. Чекам уште една од 7.11. @FriendOfDorothy и јас си порачав за мене и сопругот по 4-5 блузи со кратки ракави. За нив не ми се брза секако, а беа багатела.
Абер нема мојата нарачка . На 13 и 14.11 имам пуштено нарачки, ги нема . Едниот пакет не ми се брза ,кога стигне тогаш. Ама другиот ако не стигне до четврток после не ми ни треба. Прашањето ми е , доколку ми стигнат двата во ист ден дали би можела едниот да го одбијам а другиот да си го земам?! ( По износот ќе знам кој пакет ми треба )
Да, секако дека можеш. Уште коа ќе ти се јават ќе им кажеш: пратката со тој и тој износ ка одбивам, а пратката со тој и тој износ доставете ми ја
И мојата нарачка уште ја нема, нарачано на 11.11, последен рок беше петокот го продолжиле гледам, да ти преседне веќе и нарачка и се, никогаш веќе не нарачувам иначе стои некоја Милшпед курирска служба.
Ќешки да беа толку организирани, па да ти ги спојат пратките Јас имав две нарачки направени еден по друг ден, стигнаа во ист ден, ама од различен курир. Првиот курир ми најави дека имам уште една пратка кај колегата Значи знаеле и не ги споиле. За сите дупло малтретирање. Мислам дека можеш едната да ја примиш, а другата да ја одбиеш. Не можат со сила да те натераат да примиш/платиш нешто. Кажи си дека многу касни, не ти треба веќе. Инаку мене пратките од Синсеј ми стигнаа во рок, ама Резервд опасно ми каснат. Една веќе одбив. Мик Мик ги носат кај нас и мислам дека не е до нив. На сите пратки што ги примив досега (една резервд и 3 синсеј) фискалните се со датум од денот претходно. Тоа значи дека они ги доставуваат одма откако ќе ја примат кај нив.
Не велам дека е до курирската служба, само премногу се доцни, неорганизирани ептен. Инаку не знам дали Мик Мик носат кај сите, кај мене вака пишува на две места. Milsped Курир - готовински при испораката.
Јас чекам една пратка од 06.11 и една со датум 11.11, реков дека повеќе не порачувам ама вчера пак се излажав и порачав.
Јас сега проверив на мик мик, сега на 27ми ја добиле пратката во магацин. Значи, утре ќе ѕвони некој за достава, ама хаос е секако.