Ако гледаме на истиот линк стои кај мене креирана нова пратка на 22.11, значи сепак е до каргото што уште не ја добивам.
Кај мене е креирана на 20.11. а во магацин 27.11. До кој и да е, веќе никогаш нема да нарачам од Синсеј. Не, оди на Мик мик, провери до каде ти е пратката. Од тука никакво инфо нема за доставата.
Можно е тој период да е до каргото. Нова пратка стои кога веројатно имаат електронска најава за пратката, па каргото треба да ја подигне од Синсеј. Денот кога ја подигнува вадат фискална и ја внесуваат пратката со Прием во магацин. И мене другиот ден од приемот ми ја доставија, а 6 дена стоеше на Нова пратка. Ама не мислам дека некој од Синсеј им ги носи пратките во карго.
Не знам точно како им се одвиваат работите позадински, само моја претпоставка беше тоа. До денот додека е куцната фискалната во никој случај не можеле да бидат доставени, а по датумот на фискалната се доставени веднаш наредниот ден. Каргото ќе ги подигне откако ќе добие повик дека е спремно, а тешко дека ги куцаат фискалните додека курирот чека. Не е ни битно на крајот чија вина е, битно дека почетоков не им е сјаен. Се надевам дека ќе има подобрување.
Од 7.11 е нарачано, до 26ти и беше рок. Ми пуштија дека ќе каснат 2-3 дена, еве 7 поминаа. Оке, отидов на мик мик страната, на 27.11 прием во магацин… човече 02.12 ти сме не е мрдната од прием во магацин. Ми се одмили праткава…
Треба да ја сменат таа курирска служба, сигурно немаат капацитет да одговорат на толку нарачки. Сигурно со ЕЛС не би имало вакво чекање. И синсеј и ресервд им е истата достава и се чека повеќе од тему што е срамота. Јас од Синсеј нема ни да ја подигнам не ми ги требаат тие работи.
Катастрофа, нарачав од Зара за black friday нешто за маж ми, веќе е тргнато кај и да е ќе ми го достават… значи овие од Синсеј, пешки да доаѓаа до сега ќе беа стигнати.. стварно детево ќе ги порасне.. нема да ми требаат веќе.
Vo LPP prodavnicite vo Makedonija ne se pravat narackite,,tie doagat od glaven magacin od Polska vo prodavnicite se pravat storni samo i parite se vrakat elektronski vo rok od 14dena ako nemate smetka staveno ili se platile cash imate tamu brojce za pomos
Ја откажав нарачката, не беше ни пратена за да барам поврат. Цела недела чекав да ја испратат, не ми се чекаше веќе.
Дека сеуште нема креирано налог за нова пратка. Вака идеше кај мене 11.11 - направена нарачка (рок за достава до 28.11) 21.11 - креиран налог на мик мик страната - нова пратка статус (до овој датум ја даваше како непостоечка) 02.12 - прием во магацин 03.12 - дадено на курир за достава
До сега од Синсеј имам купувано само за децата, нешто што би го носеле 1 сезона, хеланчиња, боди за бебе 1 мес да го носи. Квалитетот не е за повеќе од 2 3 месеци да се носат алиштата. На изглед има работи што ми се свиѓаат за мене. Дали квалитетот на облеката за возрасни е ист како квалитетот за деца? Никогаш не сум купила ништо за мене.
Ахам.. Зошто на тоа првото м-оне вика креиран налог, мислев веќе треба да ја има и на мик. Со 1 ден разлика имам две нарачки, првата ми ја дава со статус нова пратка, другата непостоечка.
Исто, мене наредната пратка ми направена следниот ден на 12.11, а креирен налог на 27ми за неа, цели 6 дена подоцна. 1 ден разлика направени, а разликата во достава 6 дена иде. Заникаде. Две веќе одбив, ако и овие две не стасат деновиве ќе заминуваат и тие назад
Зависи можда од квалитет до квалитет Јас што имам земено партали за 1-2-3г. дете ми беа некако без квалитет А палта за мене и за ќерки што сум земала се погодиле добри до сега А хеланки некако за брзо и се кинеле Блузи добри биле за една сезона
Imav naracano na 11.11 kraen datum mi bese od 20 do 28.11, seuste ne mi e stignato i ja dobiv ovaa poraka. Dali sepak ste dobile i pokraj odlaganjeto?
Да. Јас добив денес нарачка од 11.11. Оваа порака стоеше неколку дена. Подигната од курир беше вчера.