Пред една година кога беа зимските попусти, и машка и женска имаше по иста цена. А сум видела и друг пат, слични ама по едно парче останато. Еве слика:
дали има онлајн продажба кај нас, бидејќи гледам дека во Србија има, а и имаат 50% попуст. Дали знае некој дали има и кај нас некаков попуст?
Викендов бев и како да ги качиле цените некако. Не ми се допадна ништо. Првиот пат кога го отворија поубави работи имаа, сега кога и да влезам катастрофа.
И јас тоа приметив пред некој ден кога отидов. Влегов и излегов без ништо да купам. Нешто есенско-зимската облека што ја имаат не ми фаќа око, ни попусти некои имаат периодов.
Мене инстантно ми стана омилен бутик или како да го наречам, ама откако носев дел од облеката што ја купив - сѐ помалку сум заљубен оти некако квалитетот е мех.
Шкарт роба,ништо убаво и посебно. Бев да видам што нудат детско, се разочарав,цени до плафон а роба неквалитетна (груби материјали).Единствено си купив кошула,600 денари,а прекрасна.
Имаше попуст но… не знам материјал чуден. Ко од Алиекспрес да си порачал нешто. Градници гледав, лани имаа многу убав избор.
Имам купено едни фармерки за 500 денари(не знам дали беа на попуст тогаш) и една маица.Толку. Во последно време немам одено натака,па ако знае некој нека каже како се движат со цените на џемперите. Во однос на квалитетот фармерките се добри и не ми се смалија. Имам приметено дека треба да зимаш еден број поголем,зашто ако го земеш твојот број после неколку перења ќе ти се смали.Така беше со мојата маица,а инаку не и е ништо.
Забегаа и со цените а квалитетот никаков. Се разочарав многу последниов пат, купив панталони (растеглив материјал) и ми се смалија после првото перење и многу чудно стојат а исто купив и долен веш, се залажав со попуст но цели рабови на гаќите се распараа од само едно носење, што до сега не ми се случило. Од друга страна пак имам чанта од продавницава која се покажа доста добро па можеби само заради тоа би влегла пак.