Влегов и ко шо сум скромен ништо буквално не ме бендиса внатре и сето ко настегано му е, особено тој па машкиот дел во еден ќош изнаклале се... слаб квалитетот Waikiki >>>> Sinsay.
Јас уште не. Кога ги врати работите?? Кај мене поминаа две недели сигурно... На кој број им вртеше? Нема смисла плус не се работи за мала сума пари
На 20 ноември ја вратив а ден потоа им ја пишав трансакциската. Имаат контакт број за корисници на сајтот, фиксен.
Знае ли некој како се откажува нарачка, не ја гледам опцијата на сајтот? Станува збор за нарачка направена уште на почетокот, кога немаше опција за електронско плаќање. Можно ли е поради тоа да не е достапна опцијата?
Ако е процесирана и пуштена не може да се откаже, си пишува во условите. Доколку не сакаш да ја земеш, кога ќе ти се јават, ќе ја одбиеш и толку. Колку доцнат, па уште ќе им се мислиш.
Баш заради тоа и сакам да ја откажам за да не вртам во кол центарот и онака се чека по 10-15 минути на линија, па мислев може и на сајтот. Нарачана е на 3 ноември и ги преминаа сите можни граници. Па пешки да ги носеа од Романија нарачките до сега ќе стигнеа!
Џабе вртиш, истото ќе ти го кажат, ќе ја одбиеш кога ќе се јави курирот, они немаат начин да ја откажат.
Никој не крева на тој број, односно не можам никако да добијам одма ми гаси. Уште не сум добила поврат
Здраво, сѐ уште чекам нарачка од 7ми ноември Неколку пати вртам во мик мик, секој пат ми викаат ќе се достави утре, задутре… Бројот на синсеј за корисници не функционира. Како да се информирам повеќе за пратката?
И јас исто, баш сега пробував да им ѕвонам... Пишете ако најдете некој број и успеете некако да исконтактирате, нема смисла веќе ова.
На кој бр ги добивате МикМик? Сакав од магацин да си ја земам нарачката, не можам да ги добијам за да ми кажат каде им е магацинот.. или да не знае некој каде се наоѓаат?
Нама таква опција поштата, нема подигање од магацин. Единствена опција е да го чекаш твојот курир од реон.
Вчера и стигна нарачката на сестра ми. Фискалната беше македонска, издадена на 29.11 Искрено ме изненади, како може да патува од Романија 13 дена, и уште 20 дена од Sinsay до Струмица...
Има можност, јас прашав уште додека не беше во магацин ми кажаа можело. Но не ги прашав кај се наоѓаат. Сега ѕвонам на истиот број, не можам да ги добијам