И јас успеав да ги добијам денес. Ми кажаа дека до 20.11 биле обработувани до сега. Следната недела биле на ред од 21 навака ... Тоа е ќе чекаме.
Првата пратка, направена само што почна со работа онлајн страната, стаса и навреме и се во ред. Достава беше од 11-18.11. Кај мене беше доставена на 12.11. Уредно спакувана, се во ред. Втората нарачка со достава од 04.12-11.12. Ни трага, ни глас од неа. На маил ми стаса дека дел од производите ги немале, не се пратени, плус дека ќе доцни. После е дека на 06.12 е пратена, па ќе видиме дали оваа или идната година ќе стаса.
Има ли некој одбиено да прими порачка од вас? Чекам повеќе од месец, не ми се ни потребни работите повеќе искрено
Вие што порачувате од синсеј не сте од Скопје или? Не ми е реално некој од Скопје да чека толку да му достават работи а ист град кај што е продавницата не Ви е полесно да идете да купите и да не плаќате достава?
Не е, се е расфрлано во продавнициве, а и многу работи ги има само онлајн, или има попусти што ги нема во продавница, башка гужви, и достава е бесплатна над 900 а скоро секој ќе нарача бар 900. Инаку Синсеј има веќе буквално во секој град, некаде и по два три дуќана има во помаливе градови.
За продавници како Синсеј, Ваикики и слични, не би купувала онлајн, имам начекано во продавница многу убави маици, тренерки но добро ги проверувам, од 10 тренерки 5 се одпарени или не се добро сошиени, а 5 се добри. Еве јас си најдов неколку памучни маици и тренерки. Во Рамстор им е посредено и во Годи, за разлика од Сити мол или Ист гејт. Претходниот месец во Сити мол, пола од облеката муштериите ја оставиле на под и се беше разместено
Дефинитивно нема веќе онлајн да нарачам од нив. Ми се јавува у вторник за пратка од 11.11 нарачана ќе ја донесе попладне. Вртел еднаш у 18и20 не сум кренала пишале одбиена пратка. После тоа 3 дена ми вика ќе ја донесам на работа, попладне дома. Ми вика денес сум у друг град нишо. 5ти ден ми вика нарачката не е во мене по грешка колега ја земал ми дава број од колегата-недостапен. Катастрофа
Лелее луѓе едвај ми стаса палтото по месец дена чекање! Милион пути тргнав пари на страна и ги потрошив бидејќи губев надеж и као гром од ведро небо стига коа си не спремен се бркав со каргото по скопскиве улици а арно и пари што имав во моментот при рака Среќа се погоди, точна ми е, барем тоа! Како и да е ова не е во ред! Се нарачува кога сме при пари нормално за тој период да ни стигне а не следен месец и тоа пред плата и коа веќе сме изгубиле надеж дека ќе стигне Сепак ова не е али експрес. На мене шминки ми стигале од Британија во рок од недела дена а воа синсеј искочи бетер од али експрес!
Исто и мене ми пишале одбива пратка. се вклучувам да проверам и го читам тоа ( уствари кај маж ми на работа беше пишана доставата таму вртеле) Леле коа им се јавив петок беше , сабота му викам да ја донесеш и ја донесе , ужас .