Мислев да нарачам поклони за нова година од Синсеј за роднини, ама по ова што го читам дека за 1 месец стигаат, подобро не нарачувам.
Каква е таа цвикната цена ? Брат ми зема блуза за поклон без фискална (не ме интересираше во тој момент па не го ни разбрав што ми зборуваше). Па пошо беше утната бројката утредента кажа дека ја вратил и земал поголем број.
Не е на никаков дијалект, при шиење со машина на многу заоблен дел материјалот се цвикнува. Се мисли на сечење со ножици на дел од материјалот. Значи не е етикетата скината, ниту пак пресечена (кога ќе се каже пресечена се мисли дека повеќе не е прикачена), па најверодостојно е зборот цвикната. Од етикетата само цената е цвикната.
Ок али не разбирам како доаѓа да е цвикната ? И овие цвикнативе се поефтини при подарок ? Брат ми му подари блуза на татко ми и само кажа немаме фискална како поклон ја земавме јас искрено мислев дека нешто лаже па утредента ја замени за др боја и др број. Ќе ве прашав дали има посебен дел цвикнативе али чим зема др боја значи сите може да бидат цвикнати хахха
Имам направено нарачка на 21 ноември, сега проверив на вебсајтот и ми пишува Испораката е одложена. Дали значи дека воопшто нема да ја достават? Ваква катастрофа од оналјн страна за нарачување досега немало. Прв и последен пат нарачувам.
Нема ни кај мене утре планирам да им се јавам. Премногу чекање е ова... за некој ден месец се направи.
Ja поминаа секоја граница навистина, не мислев да губам време да ги пријавувам ама еве и тоа ќе го направам, па нека смислуваат таму изговори.
Како можам да откажам нарачка или кога ќе ми стигни од карго на лице место да ја откажам, имав порачано скафандер уште на 06.11 и уште не ми е стигнат и си купив пак од Синсај од продавница чекај чекај зимава ќе помини.
Не знаев дека на страната кога има попуст, не секогаш и во бутикот има. Вчера кога поминав немаше ништо на попуст.
Кај мене вратија денес... Ама вчера ги пријавив во Државен пазарен инспекторат, па не знам дали е поврзано или дојдовме на ред конечно. Што направи ти?
Дојдовме на ред и кај мене ги префрлија Јас бев исплашена дан утнаа бројка од сметка па затоа ги нема. Пошо јас не ја внесив сметката. Не се средени некако за враќање, ќе ги вратат со сигурност но ете побавно.
Денес им дошол денот. Чекав поврат од нив, мохито и ресервд, од сите три денес во исто време ми стигнаа парите. На 13 ден од поднесено барање.
Не знам дали е ова вистинскиот начин, но се надевам некој ќе прочита. Јас ја пополнив формата и им прикачив скриншот од мејлот кога направив поврат. https://www.dpi.gov.mk/index.php/mk/odnosi-so-javnost/prijava-od-gragjani @Ano ова твоето баш брзо
На страната пишале рефундација 15 работни дена, но законски можат да влечат до 30 работни дена, пазарна ништо не им може пред. Вчера ми се јави некој од магацин на Мик мик да ме препраша дали сум сигурна дека нарачките од 30.10 не ги сакам, прошла недела ѕвонеше курирот за достава, саботата Па се утуфка и искоментира "лелееее е сега испозаглавивме".. Вака не се работи дефинитивно, не се спремни за ништо во никој поглед, од старт све им е утнато..
Уште на почетокот коа сите хајпот ве маваше, воодушевени веб шопот колку бил убаво среден, уште тогаш знам пишувавте оти ќе се чекало претерано за достава, малтене ко Али експрес да се.. Избрзаа овие, и се усраа, тотално неподготвени. Ќе ти се одмили и нарачка и све. Кај продавниците расфрлани им се и неуредни, тешко се снаоѓаш во хаосот и те одвраќа тоа да разгледуваш, па ни за онлајн ги бивало, бар засега.. Добил некој пратка порано од месец дена или тешко?