20 и повеќе дена уште немам рефундирано средства.Им пишав меил не враќаат,се јавив не креваат.Незнам дали га ди пријавам во државен пазарен инспекторат?
Нарачав јас пак. Леле ми се слоши доставата кога видов колку е. Сега ја направиле бесплатна за нарачка над 1700ден.
Мојата нарачка не е поголема од 1700, туку некои 1000 денари. Треба да опнам 350 денари за да ми стигнат во април? Нема шанси. Да беше испораката утре или задутре-океј, ама 350 денари за 100 дена? Нема шанси. Една нарачка имам, ја чекам 2 месеци и никад више.
350? Сериозно? Нели 249 беше или покачиле? Па ова со извињење али дупење е, кај цел месец абер нема, уше толкава цена. Ја не знам кој ќе им порачува уште, али Македонче знаеш, сака да го дупат, така да, не 350, 650 треба да фукнат цена, малце е. Од Cropp иам едни, со попуст за ич пари испаднаа работите, и ај, итни не се, па ќе се почекаат, али порачување веќе и заебанции, ко што рече, никад. Прво нека земат и нека се опраат, Зара нека видат како работи онлајн продажба и нека научат малку.
Па ете мене синоќа така ми даде, 350 денари за достава за ствари од вкупно 1115 денари. Не нарачав. Ако имав 1500 денари на располагање, ќе докупев уште нешто. Зошто да ги дадам тие 350 кога, реално, за таа сума можам да си купам маичка. Ваљда точно тоа им е и поентата, да докупуваш за да достигнеш сума за бесплатна достава, општо на сите, не само на Sinsay.
И мене не ми е јасно тоа со враќањето на работи. Им ги враќаш парчињата, не ти ги враќаат кеш, викаат ќе ти стигне на трансакциска а не ти зимаат никакво инфо за трансакциска???? Иначе имам нарачано на 29ти ноември уште нема стигнато ништо... Доставата тогаш беше бесплатна за нарачки над 900 ден. Ако ми начукаат дополнително достава ќе им го начукам јас на нив.
Нема да ти наплатат за достава, си има подесено во систем се тоа дека над одредената сума е бесплатна испораката. Не се грижи, само чекај си ја нарачката.
Мене ваков застој со рефундација на парите со една фирма ми се случи кога сметководителката им беше на годишен одмор. Се случува и кога користи боледување иако долго време е поминато без да имаш повратна информација, па ме зачудува и мене како да постапиш.
Штом досега од ноември не стигнале нарачки, сега со празничните попусти и нарачки ќе дозаглават. Ниту синсеј, резервд итн. се спремни, ниту пак нашиве карго компании. Имав прилика да влезам во магацинот/базата на две карго компании, внатре газ преку глава е. Како воопшто има доставени пратки, се чудам…
Значи ни за Божиќ нема да стигне моево Им звонев вчера на МикМик на двата броја, едниот зафатен, другиот не ни кренаа, мејлот што им го пратив автоматски ми се врати бидејќи сандачето им е преполно.
Ова ми влева малку надеж, уште до понеделник да ми ја достават, да не мора накнадно да купувам подароци за Божиќ
Од МикМик, нарачка од Зара ми ја доставија со малку доцнење. Ѕвонев и јас ама џабе, на ниту еден телефон не креваат или одбиваат, телефоните за украс им се поставени.
Ви прават ли куририве проблеми за враќање? Мене еден од сабајле ми се испонаша он требало да плаќа 126 денари за достава, каква достава му викам доставата е бесплатна, а пратката не ја сакам веќе. Он не бил од Мик Мик на помош бил ангажиран проблеми ќе си имал , ти му викаш нема што проблеми пратката може да се врати он упорен.
Нема грешка. Они за плата работат. А не приход од доставени пратки. Ич да не ви е гајле, враќајте ги. Гледам они ептен се секират оти не ни ги доставуваат во рок и не креваат на телефон
Сабајле ми стигна пратката што ја нарачав на 20-ти ноември.... Повеќе од месец дена ја чекам. Немав некои големи очекувања пошто нарачав партали и глупости ( најголема парталана има Синсеј според мене после Котон и Ваикики, АМА се наоѓаат убави работи). Морам да признаам дека многу позитивно се изненадив и сите ми одговараат што ги нарачав. Сепак мислам дека ова чекањево беше многу. Нарачано на 29.11, фискалната издадена на 11.12, стигна на 29.12.