Леле само мојата пратка исчезна од лицево на планетата. Направена на 02.12., пуштена на 11.12.2024 година уште ја чекам
Фино искуство со Sinsay. Втората нарачка ми стигна за 14 дена, изненаден сум! Имав нарачано од Bershka, таму ми пишува дека ќе ми стигне на 28. Кога ми се јавија сабајлево, мислев дека е Bershka пакетот. Но, Sinsay дошло! Јеј! )))))
Со фискална оди во продавница било која, ќе ти вратат пари. Мене со фустанче ми се деси така, пишав маил, ова ми го кажаа.
Искрено, не отидов, беа на попуст за смешни пари. Секако го добив фустанчето што ми се свиѓаше повеќе. Пиши маил прашај, најубаво. Или ако знае некој друг.
Фала ти. Прашав на самата страна има рекламација да пријавиш. И имаш или рефундација или замена во било која од продавниците. Сега одам па да направам замена.