Дали има некој искуство со обувките? Си бендисав едни патики, ама не знам колку би биле квалитетни. Не се ни скапи додуша, ама сепак не сакам некои ептен неквалитетни да испаднат и да попуштат после неколку носења
Јас земав едни ама од платно, летна патика и задоволна сум. Лани пролет лето ги носев издржаа , мислам и пролетва со нив ке сум.
Па во тој стил се нешто, да не се мислам тогаш да си ги земам. Си викам пролет и лето да издржат добро е
Дали некој бил овие дена? Како се движат цените на пролетните блузи, фустани..? Дали има ташни и околу која цена им се движат? И дали работите што ги има на сајтот (за Србија) ги има и кај нас по иста цена? (На сајтот гледав фустани и од 250-400 денари, блузи имаше околу 200 денари но не знам дали и кај нас е така)
Ми имаат донесено на поклон за детенцето трењерчиња ама одма после прво перење почнаа да се прават со ипки едните а пак другите ластикот се растегна од дуксерот.. Можеби се евтини ама немаат убав квалитет
Синсеј нема сеуште онлајн страница за Македонија,но има српска: Sinsay - Great fashion, great prices | Kupujte onlajn
Имаат ташни, и мали и шопер модели. Цените им се од 600 денари нагоре (цените на ташните и ранците се до илјада и нешто). Кај нас нема баш све што има во Србија и Хрватска, но има доволно избор. Јас си купив маици на попуст за 200 денари. Си купив и ташна за 600 денари и патики за 600 денари (нивна имитација на ниски старки).
Едно офф топик прашање, дали ви ги скенира сметките од Синсеј мој ддв апликацијата? Никако до сега не ми скенирало сметка од таму, а прилично големи сметки сум имала. Прашав еднаш и во продавница не знаеја да ми кажат зошто.
Воопшто не ми се допаѓа квалитетот на облека од Синсеј. Не знам зошто никогаш немам најдено нешто убаво и квалитетно.
Имам една маичка купена од тука и после 2-3 перење одма почна да се лупи натписот. Премногу се ефтини на попусти, ама не вредат