Јас, се ми стигна како на сликите, работите одговараа на големината, само чекав околу 20 и некој ден да ми стигне
фала за одговоров супер! ке си нарачам нешто од долна облека сега само стварно штета што се чека толку долго тему се побрзи од нашиве
Дали може онлајн порачан продукт да го заменам во продавница поради грешен број? Моја лоша проценка е, не нивна грешка.
дали има некој искуство со враќање на роба, колку време има рок? и дали мора да ја вратам спакувана како што ја купив, завеса конкретно. Ја излупив и цената на хартијата..
Знае ли некој зошто ми дава грешка, као не можат да се испорачаат производите на специфираната адреса? Пробав и со плаќање при достава, и со онлајн плаќање-не сака! Имам 4 рамки за слики, да не е поради тоа нешто? Уште 6 саати трае промоцијата, многу се нервирам, таман си избарв што сакам и еве ти сега, глупости. дај помагајте!
Па пробај кирилично тогаш И мене не ми е прва, ама последната така ми помина, претходно 5 пати ме врати.
Нема врска што пишува. На емаил стигнува порака со линк кој дирекно носи на поле каде што треба да се внеси сметката. 4 пати имам вратено од кој првиот пат цела нарачка па дури и од различни профили. Без разлика дали сум платила во кеш или со картичка , се префрлиле на сметка парите.
Повторно да се самоцитирам, точно после 1 месец ми легнаа парите на сметка од оштетениот продукт што го пријавив. Дури и заборавив на тие 399 денари. Ама ете, рефундираа точно после 15 работни дена.