Кај мене на маилот што ми стигна после поврат нема никаков линк за да си ја внесам сметката, тоа ми е проблемот.. Можеби поради тоа што нарачката ми беше платена со картичка па веќе ја имаат мојата сметка..
Од 11.02 ми стаса денеска. Значи околу 2,5 недели. Претходната ја добив за две недели. Има напредок. Не е месец.
Имам да. Подоцна ми стигна мејл што водеше до линк каде внесов сѐ. Меѓутоа сѐ уште не ми е рефундирана сумава. Не знам колкав период треба да помине.
немаше ,вчера бев во сити мол иначе јас нарачав и ми стигна меил после 5 дена , за колку време стигнува после добиенава порака? ми пишуваше на нарачката испорака од 10 до 20 март Нарачката е на пат.
Сега отворив да видам до каде ми е нарачката од 17.02, го пишува следново: Испораката е одложена Во моментот имаме многу нарачки, така да вашата нарачка ќе земе малку подолго време од обично за да се процесира. Ќе ве известиме за испораката во посебен e-mail. Жалиме за неугодноста.
Смени нешто во адресата. Пример пиши со латиница/кирилица, голема/мала буква, споено, избриши некоја точка/цртичка.. Вака ми даваше мене на Ресрвд, па ставив адресата на латиница и избришав бројот на куќа и мина. За колку време инаку стигаат сега од Синсеј нарачки? Ресрвд за 6дена ми се јави Мик мик за достава
Дали во Синсеј има маици со кратки ракави ама буквално кратки ракави, ракавите да се покуси од стантардните, оти има маички со подолги или средни стандардни ракави. Барав во Ист Гејт али не успеав да најдам.
Имав направено нарачка на 20 февруари, ми стигна на 07 март. Него, дали знаеш како оди повратот? Треба онлајн на профилот да направам барање за поврат, па да однесам во дуќан или директно треба во дуќан? И дали може во било која продавница на reserved/sinsay?
Само за Ресрвд имам искуство, но мислам и Синсеј работат на тој принцип. Да, мораш онлајн да направиш барање за поврат и во било која продавница да вратиш артиклите, па ќе чекаш поврат. Два пати враќав и еднаш за 10, другиот пат за 14дена ми вратија сретства на сметка. Од блиска имам искуство дека не и дозволиле да замени производ за друг број кој го имале во продавница. Морала тој да го врати, а тој што е во продавница може едноставно да си го купи. Скрос глупост.
jas vrativ proizvod vo prodavnica i mene mi stasa mail ama nema link da ja vnesam smetkata, jas plakav pri isporaka. Dali moze da mi kazete kade da ja vnesam smetkata?
Квалитетни се патиките во Синсеј? Баш деновиве пробав едни, цената им беше пристојна, онака убаво изгледаа на нога пријатно Ама се мислам да не ги купам само за 5 пати да ги облечам и да се скинат одма