Јас имам едни точно една година. Освен влошката внатре што ми се одлепи од перење во перална, други оштетувања нема. Си ги носам уште, сега не секој ден, ама функционални се. Си нарачав уште едни
Готово, вечерва ќе одам да ги земам. Ем си ги пробав лично, навистина беа пријатни на нога, ем за 1000 денари пристојна сума, ама пак ми беше да не фрлам џабе пари, овде верувам на вашите искуства. Нема да ги носам и јас секој ден, ама ти викам ми беше да не трошам џабе пари Фала ти на помошта
Ме убедивте, реков ќе одам. Чекам да се поднамали гужвата, ионака до 22 часот е отворено, веќе знам и кои ќе ги купам, пробани ми се Фала ти и тебе со здравје да си ги носеш
Имам вратено артикли од нарачки со испорака во ќеш. Последната нарачка ми беше платена со картичка и не ми даде да внесам сметка. Претпоставив дека парите ќе ми бидат вратени на истата сметка од која е платена нарачката, ама пак да прашам дали е така некој ако враќал ако може да ми каже.
Јас не сум враќала производи, ама последната нарачка што ја правев онлајн еден производ испадна дека го немаат на залиха (иако кога го купував го пишуваше дека го има) и не го добив. Плаќав со картичка, и им пишав e-mail дека очекувам парите да ми ги вратат. Ми одговорија дека нема проблем и дека парите ќе ми бидат префрлени на сметка откако ќе стигне пакетот, така и беше ми ги вратија.
Провери во junk на емаил. Мора да има втора порака. Или за да си најсигурна јави се дирекно и така внеси транс. сметка
има ли опција да се плати пратка при достава? и дали се управија со праткиве да не ги каснат како на почетокот?
Откако ја напишав адресата на латиница успеав да направам нарачка со плаќање при достава, пробајте така дали ќе може да се направи нарачка.
и мене ми стигнаа двете нарачки за околу 10- до 12 дена, убаво спаковано, уредно се, ама во едната нарачка од 4600 денари немаше фискална, среќа што се беше точно, освен еден производ, ама не епроблем ќе го поклонам, но ете непрофесионално во тој дел
Здраво,последниве 3 4 дена пробувам данарачам но цело време има потака техничка грешка, дали имаат некој проблем ? Плаќање избиеам си картичка при нарачка, адресата и името се на латиница
Здраво, да прашам од Мохито некој дали нарачувал и за враќање како е процедурата? Денес видов една суќна, сакав да ја пробам но не ми дозволија а имаше уште 30мин до затварање не им работела гардеробата Па затоа да нарачам 2 броја па едниот да го вратам...
Ги менуваат често цените со кои доставата е бесплатна на производи кои не се на акција. Ако имаш производ на акција во кошничка, нема бесплатна достава небитно потрошената сума. Еве сега е 1700. Некогаш е 1000. Некогаш 900. Неодамна имаше и на било која сума бесплатна достава. Мислам на фб ставаат објави за ова, а некогаш го има и горе на нивната онлајн страна.