Не, не ми стигна меил да внесам трансакциска, ама ко да имам видено во темава дека им стигало на други. Штом си внела еднаш мислам дека е доволно, ама нема штета и втор пат ако внесеш. А како успеа да направиш поврат, нели не ти ги даваше производите или се смени нешто?
Го внесов само тој што ми го дава, и ваљда нив автоматски им дава таму што е вратено, и после кога ќе отворам за поврат ми ги дава тие што ги вратив и сумата за тие што се вратени. Ама дека различен мејл па ме збуни. Исто синсеј е, ама нешто support.
Narcano i plateno online na 26.03. kraen rok za isporaka denes, i novo izvestuvanje deka ke bide odlozeno so ova objasnuvanje
Внимавај, мене пар пати ми стига маил од Синсеј да внесам трансакциска, прифатено ми било враќањето, стои и некој код и број на фактура, ама јас никогаш не сум вратила производ. Блокирав маилот. Порачав на почетокот, се задржав, две нарачки стигнаа за +/- месец, другото се вратив, за некои и по 2м ми ѕвонеа. Сега направив нарачка на 15.03, едвај ја процесираа, уште стига, продолжија рок до 7ми, ама и тој ден мина.. Ресрвд се оправија, пар пати во рок ми стига. Среќа не сум имала потреба да враќам, блиски се жалат дека чекаат пари со денови, уствари во краен рок им се на сметка, за 1месец.
Јас денес пак враќав производ и на каса ми кажаа да треба да внесам податоци на вториот меил што ќе ми стигне. Едит: @emkaemka Да не внел некој твој меил по грешка. Нема како да ти злоупотребат број на трансакциска, освен ако не сакаат да ти пуштат пари со сила Резервед и мене секоја нарачка ми стигнува во рок, релативно често нарачувам. А за пари, два производи имам вратено од две различни нарачки, во ист ден. За едното ми вратија пари за 6 дена (изгледа згрешија нешто), а за другото уште немаат вратено, 4 недели поминаа. Синсеј исто 4 недели чекам. Катастрофа се за враќање пари.
Јас мислам дека се тотално изгубени, никаков ред и правила немаат, влегоа наивно во онлајн и не знаат како да се справат. Мешаат информации. Лично мене мислам три пати ми стига маил да внесам трансакциска, во размак од може 2м, така да се губи логиката на 2риот да се пише, различни броеви на фактури стои, штета ги избришав, ако стигне пак ќе прикачам. А и пак да напоменам, никогаш не сум вратила производ за да ми стига таков маил. Јас помислив дека им е хакнат..
Ова кај тебе можеби е нешто друго, некоја грешка е сигурно. Јас колку што разбрав, првиот меил што стигнува е потврда дека е прифатен повратот, а после стигнува втор меил да се внесе трансакциска. Системот не им е совршен, ама не е ни лош. Целосно се согласувам дека некако ептен неспремни почнаа со мноооогу пропусти. Се си функционира, ама ептен споро. Еве на пример, за разлика од Зара, даваат нова коригирана фискална при поврат. Зара не знам како го регулираат враќањето пари без документ.
Штета ги немам маиловите. Значи си стоеше дека повратот е примен и на следниот линк да стиснам да пишам трансакциска. Мои податоци имаше, како што сум пишана. Никогаш не стиснав да видам каде ќе ме води. Зара има поинаков систем на работа и се доста ажурни. Кога враќаш, ако си приметила печатат и еден документ за поврат.
И мене ми стигна истото објаснување, крајниот рок на испорака беше 4 април. Досега сеуште не ми е доставена нарачката. Ако некој има инфо колку уште треба да се чека, добро би било да сподели.
Дали нарачките ги плативте со картичка или кеш при испорака? Јас пред некој ден враќав производи, ми стигна маил само дека е прифатен повратот, ама втор маил не ми стигна. Се јавив се во контакт центарот, они викаат дека штом сум платила со картичка, не требало да внесувам трансакциска сметка, имале веќе во систем
Јас во готовина плаќам, при испорака. Мене ми има логика тоа што ти го кажале, ќе ги вратат парите на сметката од кај што ги примиле (hopefully). Само спреми се да се изначекаш. Јас прво правам поврат онлајн и си внесувам сметка, па после носам во продавница. И мене втор меил никогаш не ми стигнал.
И јас одговорив не потпаѓај на примитивни мислења од предходните генерации да не трошам пари... А прави што ти е ќеф и каприц.....и види и во Springfield
Е добро де, не биди буквалист дотолку. Прашав дали вредат за парите, ионака постои темава, штоако ми беа последните пари? Овде а и општо на социјални мрежи луѓето прашуваат за разни ситници, сега до патиките мои е проблемот. Што да правам кога немам пари за Диор, за Гучи, ќе си прашам овде затоа
Морам да ги пофалам овој пат Синсеј, во петокот враќав работи во продавница, одма ми стигна маил дека враќањето ми е прифатено и да очекувам да ми се вратат парите во рок од 14 работни денови, пошто Ве читав овде многу се жалевте на чекање, ехе реков ќе ги заборавам парите дури ми ги вратат, сабајлево после неполни 48 саати станувам и гледам прилив на сметката од синсеј...иначе порачката ми беше платена онлајн, и никаде не внесов трансакциска,ни ми стигна маил за внесување, на истата сметка што платив ми беа вратени парите
Женски, терминот за достава што го пишува на мејлот од - до, кога обично ја доставуваат пратката, последниот ден од терминот? Кај мене пишува предвиден датум за испорака од 15 -18 април. Би стигнала пред празников?
Нема мислам правило. Ми стигнала пратка и на прв ден на термин и 10 денови после. Сепак има шанса да е пред Велигден. Зависи и од каргото.
Не ми побарале оригинална кеса. Го давам производот само на каса, не гледаат како е спакуван. Само етикетата да си стои. А за враќање преку карго не знам како е.