Дали некој имате откажано порачка пред да биде испорачана и како да го направам тоа? Купив нешто за што и не сум сигурна дека ќе ми е точно бидејќи го има само онлајн. Најдов во меѓувреме тоа што барав и сакам да ја откажам нарачката дури не е испратена. Дали имам таква опција,можеби да им пишам?
Дали може производ купен онлајн да го вратам во продавница? И дали парите ги враќаат одма на каса или треба да чекам?
Да знаете дека за вратени производи од онлајн нарачка платена со картичка побрзо враќаат пари. Два пати во рок од два дена ми ги пуштија парите.
Дечки здраво, дали некоја од вас има искуство со порачување производи од Sinsay ама на web страна од друга држава и дали воопшто постои таква можност за искорака до Скопје? Има одредени производи што многу ми се допаѓаат ама не сум ги фатила на време и тука кај нас се веќе распродадени, а по другиве држави уште има останато по некое бројче..
Jass vrativ pred edna nedela vo Ponedelnikot vo sinsay Struga i odma za 15 min mi gi vratija parite na smetka
За колку време ви стигаат нарачките? Мојата е направена на 12 Мај, пишува дека е испратена на 21 Мај, ги котнактирав од м-оне за бројот на нарачката, но од таму добив одговор дека сеуште не е превземена? Кај можам да се обратам и што значи тоа?
Мене на профил ми пишува дека испораката е одложена неколку дена плус поради голем број на нарачки. Исто испратена е на 21 мај, предвиден датум на испорака стои до 26 мај и до него сега +2-3 дена пишува.
Последната направена на 10.05. Доставена на 22.05. Немам јас проблеми во последно време со доставите.