Имам направено нарачка на 18 март,пишува испратена на 20ти и да ја очекувам најкасно до 1 април. Дали има шанси да ја добијам стварно до крај на месецов бидејќи нарачките ми ги треба најкасно до 4ти април?Какво искуство имате со достава во последно време?
Исто на 18.03 порачка и исто пишува од 30.03 до 01.04 треба да стаса. Достава до продавница имам наместено. Засега нема информација за доцнење. Само дека е испратено.
Што им значи кога ја следиш нарачката статус: povrat posiljke? Каков поврат, воопшто не ми е ниту доставена. А пак на сајтот од предвидениот рок дополнително додале уште 2-3 дена...
Баш ќе пишев да ги пофалам..Стигна пратката вчера,се изненадив дека некако брзо стигна,мислев месец дена ќе чекам,ама ете да ги пофалам се подобриле
Јас имам земено пред година и пол и супер се покажаа. Тенки се, ама многу пријатни и меки. Тие што ги земав се 100% памук, ама провери во опис од кој материјал се пред да нарачаш затоа што не се сите такви
Зошто не можам да платам онлајн нарачка? Каква е таа монри картичка? Само таа опција ја има за плаќање и упорно вика дека не е успешно.
Нарачав онлајн пижами и ми имаат пуштено различен број, горната е С, долната М, има шанси да ми ги сменат , некој искуство да сподели? Барав во продавница случајно да не ги најдам и да си купам а овие оналјн да ги вратам ама не најдов.
Физички купен комплет, а не го видов на лице место, ми го заменија по неколку денови без проблем. За дете беше, горната 98ка, долу 92ка. Е за онлајн би требало да не е проблем. Немам враќано од онлајн ама веројатно ќе треба цел комплет да го вратиш и да ти ги вратат парите, па друго да си земиш.
Ќе треба да ти вратат пари или да ти заменат, но незнам дали тоа треба на лице место на примање на пратката да се укаже, однеси им број на пратката и твојот телефон, и јас имам порачано ќе си проверам при подигање дали е се во ред.
Како наогате декорации за дома во продавници? Јас било каде да одам сами расфрлани ситници и отворени кутии наогам. Е некни конечно начекав перница имаше само две.
Дојдов само да пишам дека не се води ред за тоа колку е валкана облеката. Земав бело боди, касно видов дека има кафеава флека под пазув. Флеката ниту со перење не се чисти.