Прашав во Синсеј во Рамсторе, ми кажаа сега за сега нема да се отвара. Ова сигурно инфо за Сити Мол? Уште поубаво, таму најмногу ми одговара
Колку само убави новогодишни работи сте си изнакупиле од Синсеј, во сабота планирам и јас да тркнам до таму и дај Боже да не потрошам многу
@kate89 да, сигурно инфо само за датата не знам точно, ми рекоа 24 или 25 ноември, ама не е официјално тоа.
Не само детската, генерално крш им е квалитетот. Не сфаќам како им се допаѓаат ствариве од тука на луѓево. Вистина поефтини се но кога ќе се земе во предвид неквалитетот и тоа што нема да ги бива парталиве ни за една сезона не се исплати. И избор немаат некој баш, ништо ме ми фаќа око од колекцијата, само за вкусови не се дискутира.
За деца багатела се цените, колку ствари имам изнакупено баш ради цената што им е доста примамлива, буквално секое едно парче се смали после прво перење, сите тренерки се направија со ипки… за возрасни не сум купила ништо, цените на џемперите пред еден месец не беа ништо поефтини од другите бутици
Се согласувам. Неколку пара тренерки и џемперчиња земав од едно перење и сушење во сушара се распаднаа. Стварно се поевтини,ама налет. Ни една сезона нема да истера со нив. За по дома ги носи сега.
Јас не се осмелив да ги ставам ни во сушара бидејќи пишува на самата облека да не се стават во сушара, кој знае шо материјал се, ми е криво и мене испрани два пати да ги фрлам и јас по дома му ги облакам ко поткусарено е цело
Ама, тоа се ваши искуства. Има и задоволни. Мене ми се погодија стварите. Викендов пак си купив ствари од новиот Синсеј во Сити Мол. На блиски личности фустани и кошули од Зара и Масимо Дути им се уништија после 2-3 перења. Некогаш не е до брендот, туку до тоа што алиштата не се перени и одржувани правилно.
Во Синсеј ако сте приметиле има различна роба. Поквалитетни (поскапи) и облека со послаб квалитет(поефтини). Да не знаете кои денови вадат нова роба?