Не видв ваква тема, па си реков ајде да ја отворам да продискутираме за новиов трговски што ќе ни го отворат наскоро. Јас искрено сум пресреќна и едвај чекам, само мислам дека им фали да го донеле и Тејли Вејл, си го имавме и го затворија а баш убави работи имаше.. Исто и незнам за цените како ќе бидат, исто како во другите држави или нешто наслушнав дека кај нас ќе било различно дека стандардот ни е друг.. А исто и за попустите, на пример кога се во Солун ќе бидат и кај нас или не? Ваше мислење?
И јас одвај чекам да го отворат, заради Старбакс, не за друго Но, во Турција едно кафе купив 8 евра, а тоа тука би чинело 400 и кусур денари.А македонската нација не би дала толку пари за едно кафе. Мислам искрено ни ја не би дала, ама таму еврата како денари ти личат
Морам да те разочарам малку, ама нема да има старбакс во City mall. Погрешна информација било, а и јас се радував...
Немаме Старбакс во молот, на жалост. И јас го чекам со душа, не само за продавници него и за киното имам ептен мерак. И многу ме интересираат центе, ама многу. Само да не ги дигнат до небо.
мислам дека најавата за Старбакс се однесуваше за оној нов трговски што го градат спроти Бисер, од турскиот инвеститор Што се однесува до Сити Малл.. ЕДВАЈ ГО ЧЕКАМ да се надеваме дека сепак цените ќе бидат ок, како и сите други услови што ги нудат во странство
Прво септември, сега гледам октомври ќе се отварало. Ок, само многу некако на брзина се работи, градежни инспекции имало секој ден, па се надевам дека знаат што гледааат. А во однос на цените, ако се високи они губат. Треба да си будала за во Мкд да отвориш нешто и да има астрономски цени, никогаш нема да имаш промет или да заработиш нешто. Веројатно знаеле каде отварале пред да се заинтересираат за бизнис ваму.
Мислам дека цените ке бидат солени, кога ке има во Космос во Гр. попуст тоа нема да важи за во Скопје. А и да има, нема да биде по 70-80% како што знае да биде во Космос. Ние тука во јужниот регион, поблиску ни е а и поефтино Космос одколку Скопје. Ама ке дојдам некој ден колку да знам за што се работи, да не бидам боса.
Цените во Зара,бершка и слични,ќе бидат исти како и секаде затоа што тука дирекно влегува Индитекс ,а тоа значи дека ќе има и вистински попусти. Отварањето најверојатно ќе биде после 10ти октомври,затоа што имаат проблеми со кината и порано не можат да стигнат
Се ми се чини дека цените ќе бидат малку соленки, т.е сигурно така ќе биде а и нема да има толкави попусти како што има во другите држави. А јас па баш се израдував дека ќе има Старбакс, баш штета ако не отвараат. Инаку, знае некој отприлика кои нови продавници ќе ги отвараат во новиов трговски?
И јас одвај го чекам,сакам нови работи во ова Скопјево.Но знам дека поише ќе излагам со наведната глава од таму отколку среќна..бидејќи таму 90 % ако не и 100% се ќе бидат странски фирми...а тоа значи не солени....АБЕ ИЗГОР СОЛЕНО....поише ќе тажам за работи што ќе можам да ги дозволам само за време на попусти...али ајде....тоа е
И од толкав трговски нови се само Zara и Pull & Bear (добро и Bershka и Stradivarius сега како посебни), другите марки и онака веќе ги има низ градот, а во третите пак не знам кој би влегол пошо цените ќе бидат изгор. И кината да не ги заборавам за тоа највеќе чекам
Колку и да се соленки цените, не ми е гајле, сум кажала, за облека и шминки ич пари не жалам. Најмногу мерак ми прави Зара, така да зборум Манго
Na net nekade procitav deka i Aldo ke se otvara pa bas se raduvav a ovde megju iminjata na brendovi mislam deka Aldo nema ili jas ne vidov ubavo?
Значи всушност нови ни се само зара и бершка.. а баш се радував за Старбакс бе па Ама тоа за наш стандард едно кафе 500 денари е преееемногу!