Skopje City Mall

Дискусија во 'Мода и стил' започната од cvetce93, 23 август 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    ^ Кога ќе купам тука кошула од евро ипол и чизми за 7 евра нека ми јават и мене :lol:

    Него како и за отварањето на Рамстор и на Веро и Џамбо ете така и сега се пушти трач се ќе било на 50% попуст. Па слушам како ќе оделе порано ред да фатат. :D
    Со среќа нека ви е, одете од вечерта да фатите место и единствен попуст и поклон ќе ви биде балонче и чоколатце :P

    Иначе видете внатре колку уште има работа.
    http://www.youtube.com/watch?v=C4zHU__Nc7U

    А и пола ќе го отворат останатата половина ќе се доградува. Значи ти пробуваш, до тебе багер копа. Македонска работа, не ми е јасно зашто не почекаа со отварањето. Абе отвори го цел трговски како што доликува. Светски трговски најавуваат, а циганска работа прават и организираат.
     
    На Buttterfly, girl1985, Alanna и 5 други им се допаѓа ова.
  2. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Како и да е, едвај чекам, ќе киснам таму сигурно. :D
    А слушнав и муабет дека ќе се отвори дискотека под трговскиот, ако е точно супер ќе биде :party:
     
  3. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    ^ Навечер со кесите накупувано и правец во дискотека.
    Мераци, мераци, да ти шушкаат ..
    Се шегувам.
    :D
     
  4. xTehUnknown

    xTehUnknown Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    14
    Имам другарка чиј татко ќе има продавница тука и дознав дека на 4 на отварањето ќе бидат отворени сите продавници на прв кат, а на вториот скоро ниедна. Јас лично нема да идам на отварање зашто ќе биде сигурно премногу гужва. И да мислам дека цените ќе бидат малце повисоки.
     
  5. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    Роси пази со навредливите зборови има доста Роми на форумов
     
    На hunny-bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Епа тоа што веќе каснат со отварањето и оние како Керфур што веќе се во загуба е поважно од желбата на граѓаните да се отвори цел трговски наеднаш - они и вака и така ќе дојдат. Работава е да не продолжат да се бунат овие јакиве ќе го отвориме нивниот дел, таму најмногу ќе се работи да не се крева врева, а другите што си ќутат може и да почекаат... епа нормална работа. И ја би сакала да се отвори се наеднаш да прошетам ко човек, ама разбирливо ми е зошто е и вака.
     
  7. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    Луѓе не кревај те паника летово беше пекол 45па и повеќе степени имаше денови кога воопшто не работеа така да нормално еда каснат,сите сакате да го видите трговскиот а никој не збори за шопинг ихихихихих
     
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Јас сум многу збунка....

    Ја гледав листата на продавници толку пати, последно пред 1 месец максимум, и НИКОГАШ не го имав видено Алдо :o Сега, откако пиша другата членка, го најдов!
    Дали тоа отпосле го ставиле на листа, или јас сум била ќорава цело време???
    Па ко за беља, не слушнав и некој да искоментира за да проверам....
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    http://www.aldoshoes.com/country

    Еве и на нивен официјален сајт стои Macedonia.
    Наместо поклон ,,во плико,, ќе добиеш чевли ;) :)
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    ^ А бе сигурно стои, чим сега е на листата и на трговскиов, ама мене ми беше прашањето ОД КОГА се знае дека ќе влезе.....

    Ај нема врска, што се замарам и јас, битно дојде и ќе си добијам чевли :geek:
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.845
    Допаѓања:
    163.357
    Абе ова отварањево му доаѓа ко аква паркот у Штип,а?! :D
    А се знаеше тоа уште пролетта дека нема цел да се отвори.
     
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    :!: Пробиштип. Немаме ние аквапарк тука.
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.845
    Допаѓања:
    163.357
    Уууу се извинувам,се извинувам. Во ред е да се побуниш,знаеш дека?! :D Таков срам... не секој град го заслужува! :D
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Па зато се побунив. Не дозволувам така некој да ми го брука градот. :lol:
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    сити мол ќе биде целосно отворен со сите продавници внатре освен теранова, котон и кината...ова од инфо блиско до дирекцијата на молот ;)
     
    На Plavusa.17 и soncicko им се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Па нема врска тоа со дирекцијата на молот туку од желбата и ажурноста на сопствениците на продавниците, со исклучок на киното, за тоа незнам.
    Сите брзаат да им бидат готови продавниците на отварањето и не гледам причина зашто би го одложувале тоа, освен ако немаат капитал за да си го уредат дуќанот.
    Јас бев вчера и стварно незнам како ќе успеат да средат се за една недела. Има дупки од сите страни, внатре нема дооформено некои дуќани. Се работи 24 часа за да се заврши работата и осеќам дека ќе биде се фушерски напрено површно и ради реда.
    Зара е огромна и Манго е многу убаво среден внатре.
    ЊуЈоркер си ја наредиле робата а што ќе им се напуни со прашина не е битно. Ќе се запрашат така добро алиштата што на отварање ништо чудно и бели да бидат.
    ДМ и Космо се редат. Космото е прекрасно, не е како другите, ќе изгледа многу луксузно.
    Ентериерот на целиот трговски многу не ме воодушевува, дали дека уште е недограден ама нема некој добар распоред. Ова за приземје зборам, нагоре е забранет пристап :)
     
  17. gogotea

    gogotea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    13
    Уште невероватни 5 денаа wow... Не е којзнае што али јас се радувам за зара доминос пица и кината
     
  18. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Луѓе абе до мене е ова сити молов и незнам у колку саат ке биде отварањето :^)
    Да не знае некој :$
     
  19. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159

    Од 10.00 сабајлето
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LadyStyle

    LadyStyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    А што е тоа што зборат дека само со покани ќе може да дојдеш првиот ден? :?: