Па ќе биде официјалното отварање, со државниот врв, познати фацки, новинари и сл, а поканите се веќе испратени. Баш онака церемонијално, со сечење на црвена лента и пропратни работи.
Aко има пренос на тв ок, а да одам таму да се буткам ко гратис штикла да даваат, не доаѓа во предвид ќе има нешто по телевизииве?
Којзнае... Јас не планирав да одам на 3-ти, иако моиве ќе одат. А на 4-ти уште помалку, во тоа гужвите. Само што, изгледа на 4-ти ќе има 50% попуст во поголем дел од продавниците, па малку ме јаде информацијава, затоа што имам неколку работи итни за купување од Зара, на кои убаво би им дошол попустов.
Оооооо, а есен/зима колекции ќе има во продавниците така? Се надевам нема да дојдат со нераспродадени летни парталчиња. И дали попустов само дента важи или за почетниов период недела дена да речеме? Имам чизми за купување да знам дали да очекувам некаков избор и добри цени.
Не се надевајте многу на попусти, може да има некој производ на акција ама поголеми попусти нема да има. Од муабети слушам ќе имало 70% на се во молов на отварањето ама тоа не е точно. По дрогерииве сигурно ќе има некои производи на акција купи едно земи две и такви работи. Плавуша за чизми не верувам дека ќе начекаш нешто по пристојна цена. Речиси сите продавници се познати брендови со солени ценички. Једино што може да се добие плус на отварање се чоколадца и балони. Зара, Манго, Бершка и Страдивариус уште не почнале ни да се редат. Ова е до сега, ако има нешто ќе ве известам да си знаете.
Во Алдо сигурно ќе бидат солени цените на чизмите, а па затоа во Зара ќе бидат прифатливи цените....60 евра за кожни чизми е исплатливо.
Сакав да прашам, бидејќи не сум од Ск, како е обично денот кога се отвараат ваквите трговски центри, еве пример за овој? Дали има нешто промоции, беспланто даваат некои работи и сл(не прашувам за балончина и чоколади)? Инаку се разочарав што нема H&M ама другиве не се лоши со оглед на тоа што досега имавме само Terranova и EuroAsia и Bershka.
Никаде никој не дава нешто навистина бесплатно. Ако пак на крајот не се во ќар тогаш треба да пропаднат Како што е напален нашиот народ за гага, може опасно да биде ако нешто поексклузивно се дава џабе. Стампеда, тепачки, буткања.... Попусти и промоции секогаш има, ама најчесто треба да купиш нешто за да добиеш друго гратис или дополнителен попуст.
Ако сте приметиле на флаерите од дм дрогерија пишуваа дека ке има 50 посто на производите на првиот ден а 15 посто на вториот ден валјда на сите
60 eвра за ниски чизми само. Ги гледам цениве посебно на чиста кожа непревртена, се движат од 80/90 до 150 евра. Ухууу боли џебот, боли, новчаникот многу боли. Многу ги накачија цените Зара последниве сезони, горат. А толку мерак ми прават многу модели, со моиве средства дури се плашам и дали на попуст ќе имам можност нешто да се подновам од зимските колекции, кои секогаш се поскапи од летните. Зара претерува. Дури станува недостапен бренд за сечиј џеб. Ако порано можеа сите да си дозволат, сега некако послабо, се искачува над другиве фирми за широка потрошувачка, богами со 150 евра чизми и 50 евра кошули и 80 евра џемпери и 150 евра капути, сако за 100 евра, да ви кажам тоа не е за сите видови потрошувачи. Нека не го водат како таков бренд. 150 евра зима плата пола Македонија. Кликам сега да ми ги појави фустаните од Зара под 20 евра, нема ниеден. Под 40 само 10тина модели. И тоа грчки цени, а во Македонија како што споредував една Бершка беше поскапа, еден Пул&Беар кои имаат разлика во цени од 5 до 10 евра поскапи, а камо ли Зара
Изгор ќе биде Зара кај нас. Кај најголема на Балканот, кај најскапа. Кожните чевли не знам дали ќе можам и на попуст да си ги дозволам. Во Грција сум начекувала кожни за 40-тина евра, ама на попуст од 70%. Кај нас и со тој попуст (ако воопшто стигне до 70%) нема да бидат под 50 евра. Ако ништо друго, имитација на моделите на Зара ќе има. Барем до попустите. Се бедирам вака.
дајте некој што има познаник што ќе работи во трговскиот нека праша тоа за попустите дали ќе има и колку?
Еве прашав денес за попустот и акциите во Зара, точно е тоа дека ќе има 50% на одредени производи НО само ако имате купено ВИП влезница која инаку чини 3000 ден. Слушнав дека и во Манго ќе имало нешто попуст на отварањето ама незнам што и колку.
Ја стварно не знам што очекувате....џабе да ги продаваат?!?! За тие шо сакаат ефтино си го имаат певекс и сл. Сепак е тоа зара и никогаш не била толку многу ефтина. Ја пред 2 години купив високи кожни чизми на 70% за 50 евра, а сега гледам во новата колекција има и за 60 евра високи до колена. И верувајте македонскиот народ има пари, работев во еден трговски центар и не знаете за какви глупости фрлаат пари.
Напишан коментар од Skopje City Mall на нивната фејсбук страна вчера: Значи карти нема, а и да ги има нема да може било кој да ги добие или да ги купи.
Синоќа во 2ч поминавме од кај Молот, да ви кажам турбо се работеше, една група внатре, една надвор, т.е. може и повеќе беа, јас така видов две купчиња од луѓе. Само некако не ми изгледа како да ќе успеат да стасаат до утре огромно е, а како да има уште мнооооооогу работа :geek: Утре знам дека ќе било отварањето за вип гостите, од влада, едно друго...