Ухуу околу 100тина посетители има на темава..бар у моментов.. Мене ми е топ скопје сити мол, нормално е дека е актуелна едно друго, али стварно биваше ли секој можен пост, значи пост под пост на фејсбук да е за скопје сити мол? едни фалат, други хејтаат..морало да се пише...леле аманте со тоа; ај уште некој нека се чекира дрн дрн.. мене не ми смета ако се чекираат и сто луѓе..па што..нов центар е, актуелен, што е проблемот.. али сите да пишуваат без везе коментари, колку да се најдат у муабет... Ја ко шо реков утре ќе идам па ќе пишам што како
Леле, видеово од колку часот е? Јас кога бев немаше нешто вакво. На раат си шетав, не се бутав, баш си беше пристојно. Програмата започнуваше некаде од 5 часот ако не се лажам, ваљда тогаш било најжустрото. За тие што прашавте за Алдо, штиклите беа по 5.500 во просек. Петстотче мање-више. Чизмите не ги прочепкав фино.
Супер е City mall-oв, јас бев вечерва имаше доста гужва али цените се..БЕЗ КОМЕНТАР хахаха Низ разгледување ѕирнав едни чизми од 13000 незнам само во која продавница беше не заглеав хD малце претрале x)
Пасивен посматрач, незаинтересираност. Дал од мрза за шопинг, немање пари или далечина од местото на живеење, објектов не ме потикнува да размислувам за него. Ако има нешто што не смее да се пропушти, а воедно и е со прифатлива цена, лет ми ноу освен тоалетната хартија
Некои од производите кои се на попуст во Космо Сити мол, се на попуст и во Тинекс (ниева гел за туширање - 62 ден., гарниер , фелче течен детергент 2000мл. и омекнувач 2000мл - двете за 259, а и најбараниот производ денес - тоалетна хартија 50-60 ден..... и уште многу други производи) Ах да, си купив и Зара , ама шпагети и тоа 3 за 159 ден. со подарок . Како и да е уцвикаа маркетиве од керфур , карфур. Ете еден аир од инвестицијава
А ме интересира дали има продавница Сефора и H&M во трговскиов? И јас сакам да го посетам трговскиот , па здравје за Божиќ
Не сум била се' уште, ќе одам за 2-3 недели, кога ќе поминат гужвите и кога ќе се подотвори уште нешто, за да го разгледам салам. Инаку, смешна и истовремено жална беше глетката од вчера со преполни корпи тоалетна хартија. По којзнае кој пат се потврди дека македончето - сака да сере бре! Доброто е тоа што другиве маркети сега ќе се угледаат на попустиве во Карфур, Керфур, како и да е, па ќе се симнат од облаци со цените; лошото - тоа што ние сме од другиот крај на градот од Трговскиот и оние уште подалеку, не ни се исплати за 2-5 работи на екстра попуст да се м'кнеме дотаму. Додади го тука бензинот скапотија, паркинг, и тоалетната хартија ќе не чини ѓавол и пол! Малку математика не е на одмет. А дека македонскиот народ ја има таа куповна моќ, да оди и да пазарува се' комплетно за дома, за цел месец однапред, т.е. да истури 100 и повеќе евра, па да земе се' од еден хипер маркет... не знам колкумина се тие луѓе. Јас постојано се судрувам во продавница со такви што си купуваат по 200 гр. ориз, 5 јајца или пола леб. Така што, како што спомена Кравче, слично и јас, пасивна сум, незаинтересирана, индиферентна, навистина нема што да ме радува во огромниот трговски со мазни подови и налицкани излози, кога џебот ни е плиток. А тоа познатото - ќе одам бе, ќе си гледам по излози, се радувам само кога гледам... чувајте си го виндоу шопер хобито за себе, не притискајте на рани.
Со оглед на тоа дека вчера цел ден го преседав во трговскиов, бев 4 пати, чекав 2 пати по 2 саати на каса во Карфур (француско било и Гарфур се читало, не Керфур ко шо си знаев ја), напорно поминав. Гужви...како што претпоставувате. Цените во бутиците се прескапи, се разочарав, ама требаше да очекувам. Њу Јоркер што порано ми беше скап во новото Веро, сега ми е најевтина продавница за алишта во трговскиов. Другото скапо, освен Карфур што стварно вреди. Се надевам цените по 21ви ќе бидат слични на овие и нема од земја да пораснат до небо, зошто ќе се разочарам. Кафичите се ок, бев во тоа Плеј Кафе од страна на лептокарија зошто ваму немаше место и убаво, газиран сок 90, нес кафе 100ка па така е и сегде скоро. Програмата исто беше ок, иако јас ја видов само таа во белата ангелска облека што испеа 1 минута и тој после неа не можев да го гледам, а милсам дека на народов баш му е гајле кој пее, можело и без тоа важно беше трговскиот да се прошета. Се на се, убаво за шетање, а за купување... се чекаат попусти. И не, не е прифатливо за сечиј џеб, ниту за просечните македонски плати. Цени европски, плати балкански! Шарени јорганчиња во риги, свежи бои, и секакви величини за кои јас мислам дека вредеше да чекам толку Ако некого интересира, 500ден. за единечни, 600 за брачен кревет 2 на 2. И една забелешка - мислев дека тие 3000 вработени се ќе бидат наши, а не странци во Карфур на англиски прашуваат и бугарка на каса. Барем тоа да е мал дел, другите да се наши.
Македонче - конзумеристичко гревче. Ги жалам сите вчера што се буткаа во Керфур, обезбедувањето им ставаше рака пред нос како во наци логор дека не смеат веќе да влегуваат/излегуваат, строеше редици пред каса, за да не се испотепаат за тоалет хартија! Јас од страна, набљудувач во шок. Половина од местата не се ни отворени. Подот изгледа неисчистено, а одредени делови кај што љубопитното око ми ѕирна, беа замаскирани со гипс картон :geek: Пред да одам на работа, 19ка беше накрцана со баби, стрини, деца, половина Шуто Оризари, нагрбено со тоалет, вц средства и прашок за перење. Циркуз без пари. Прераскажувања колку сакаш. Не ми е убаво бе дечки такво нешто. Воопшто не. Влегов да го разгледам и драги мои, се почувствував голтната во капиталистичка лажга. Сериозно. Мене особено ме погаѓа ова зошто ми е во населба, да си бидам искрена. Неудобно. Е баш така би го опишала сето ова. Во целата немаштија во која сме, лицемерно е да се радувам на вакви потфати. Тие што ќе си имат ќар - нека им е за арно и убаво. Кој си се вработил таму - нека му биде супер, немам ништо против. Ама сега сигурно нема да се гмечам во толпата за еден детергент! Нека се стиши се’, може како музеј ќе го проучам.
Јас ќе отидам секако некој ден. Дури може и денес, ако другарка ми ме извлече од мрзливово расположение Баба ми веќе ми заокружи десетина работи од керфур проспектот што треба да и ги купам За некое чудо не заокружила тоалетна хартија можеби дека знае дека не постои шанса да и ја влечкам по автобус дури од таму Инаку ќе отидам расположена, ќе видам работи што никогаш нема да ги имам, ќе се заљубам во некои чизми за кои ќе треба цел живот да штедам, ќе си пивнам едно сокче по кафичите да не е без ич, и ќе си одам дома изморена и нерасположена Мене како инвестиција да речам ми се допаѓа. Плус ако Керфур сотане со тие цени, навистина мислам дека сите други маркети ќе ги намалат своите превисоки цени, па тоа ќе е една позитивна работа, како што напоменала трендафилка Од Керфур и јас ќе си купам нешто, нема да излезам со празни раце. Па кога е толку ефтино зошто да не? Нема да чекам и да се буткам не трпам гужви, ама ако се влегува човечки ќе си влезам ќе си одберам нешто да се порадувам Мене најнајмногу што ме интересира во трговскиов се киносалите и салонот на т-мобајл. Сериозно, многу сакам да го видам, и сакам да видам што како во тоа кината, дали се нормални цените што филмчиња ќе даваат итн. Уште првиот ден почнаа , немало криза сите купувале, де бре де, не знам дали видов повеќе повеќе статуси од луѓе кои се чекираат во сити мол или пак од луѓе кои мрчат за тие што се чекираат во сити мол. Де, малку треба да се олабави народов. Ајт чао
Од истите причини и јас вчера не сакав да отидам..иако имав неколку понуди за правење друштво и од мужето ( бетер од жена е ) и од пријателките.. Во оваа немаштија..наредниве неколку години нема многу фајде да видиме од тоа здание.. ни требаат парииии за трошење..а не само да шетам "музејски " ( јако ти беше ова со музејот )
Јас вчера бев во City Mall и супер си поминав. Многу ми се допадна, многу е големо и убави работи има. Цените се малку високи, малку повеќе, но што да се прави па тоа е Скопјето. Со мајка ми заглавивме таму цели четири часа и да ви кажам малку ни беше. Си купив кошула од Бершка 1350 ден. Овде кај мене во град јас никогаш не би дала толку пари за една кошула, но во таа се заљубив. Што е многу скапо, скапо е, но за некои работи вредат парите. И фала богу што ги фативме попустите вчера. Инаку Скопје мене ми заличува веќе на Европски град. На еден од тие кај што бевме на екскурзија лани. Јас уживав во него и во City Mall за вас не знам.
за жал нема, за таа работа ќе се оди во Џамбо. Да имаше и облека, како што сме раја сите ќе требаше сите продавници на познати брендови да се затвотар таму.
Мислам дека сега нашиот сакан градоначалник треба да земе парички од буџетот и да изгради една огромна златна ролна гз папир пред трговскиов и до неа една позлатена плоча со сите животи дадени во битката пред касите во Карфур, за целиот свет да знае колку сме ревносни во купувањето. Шала на страна, добра идеја е тоа за собирање поголема раја на протести кои навистина можат да направат разлика. Протест против поскапување на струјата + гратис гз папир, бум, раја колку сакаш!
Инаку, едвај чекам да одам во Алдо пошто сум шус фанатик...очекувам некои ок цени затоа што во Париз во период без попусти, се наоѓаа преубави чевли/чизми до 5000 ден. Имаа и супер аксесориз, јас си купив преубави наочари за сонце за 10 еур и плус ми дадоа гратис обетки што не ги симнувам од себе