Skopje City Mall

Дискусија во 'Мода и стил' започната од cvetce93, 23 август 2012.

  1. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Ајде, да се пофалам, бев и јас вчера. Никогаш не сакам да одам на промоции , на отварања затоа што е ХАОСС!!!!! Не бев ни во Веро-то кога го отворија, бев дури по недела денаа, може и повеќе, не е битно... Ајде ме натера дечко ми, тетка му била дента и лелеее се било убавоо, ефтиноо, попустии, промоции... блаа, блаа,блааа......... И ајде и така требаше да одиме вечерта на роденден, се подготвивне и отидовне. Таму бевне некаде 18ч. А гужваа, гужвааа невиденаа, мислиш бесплатно делат чоколади. Ма не можеш ни да се разминеш. Те туркаат со колички, со корпи.... Те газат, бутааатт... Пред да влезеш во тоа маркетот, спуштени вратии и обезбедување наццкано... Уфффф, ајдее маче да влеземее да идемее....... Ајдее , ајде да не бидам јас секогаш лошата, ајдее се втуривне во толпата и влеговнее... И влеговнеее......рррррррррррррррррррррррррррр ко овцииии,уффффф ме испогазијаа. мислам во нива сум била :envy: .
    Да навистина има попусти, промоции на мн. производи. ама џабеее, кога цената на некои производи е да може пониска, ама луѓе свртете го артиклот, видете ја грамажата..... Иииии штооо??? Лажги со опашки. Сума сумарум исто како во Веро, Тинекс..... итн. Соберете со чекањето редиции од по саат време на касата, па ако ти се погоди некоја баба, пред тебе која запнала зошто и зеле денар повеке, а притоа незнае дека на некои производи цената е 52,23 ден, и тие ,23 +, 23 +,23....се =на 1, 2 итн....па ке гњавиии, гњавии, ке и објаснуваат, не сваќа .... Е ке ти дојде да и лупнеш не 1ден, туку 100 ден, само да се тргне....
    Тоа е наша проста Македонска рајаа, факт е дека е беспарица голема, еде видов и вчера сите влечеа лебови, шеќери, тоалетни, сјаеви, .................... Ама за колку, ??? Пак не можеш да се обезбедиш за цел живот...!!!!!!!!!!!!!!!!

    Бутиците се супер, екстра, ама само за тие што се со подлабок џеб. Јас да бидам среќна ако купам на некоја распродажба од 50 до 70% попуст. Вака не. Сеисто ми е. И онака никогаш не сум купувала нова колекција ни од ТераНова, ни Калиопе, ни ЕвроАзија, ни ........................итн, Нема ни сега.

    Хахаа, се тешам за киното, си велам, ајде може ке пуштаат и таму гратиси по ова страниве на фб. Па ке добивам по 2 карти.

    Инаку си купив маскара од ДМ, МахФактор 2000 кал. за околу 238ден ако не се лажам. Си земав и тава за палачинки 160ден, банани 30ден, истант кафе 80дененергетски пијалоци 4 х 20ден, и маслинки
    30 ден. (на мерење, канче). И да, чекав ред од саат време, ама ајдее да бидам добр и фина, морав. Дечко ми и тој си купи по нешто... Па акјде ради него.

    :)
     
    На Madonna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.340
    Допаѓања:
    261.586
    Пол:
    Женски
  3. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335

    Не, не, не имаат фискални каси. Барем кажувам за синојка. ми дадоа сметка. :)
     
  4. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира дали во овој мол има посебни тоалети за деца и соби за пресоблекување и доење или и тука мајките со деца треба да се снаоѓаат како знаат и умеат? Како мајка ова ми е многу важно затоа што преку глава ми е од тоа да носам машко дете во женски тоалет или да го пуштам во машки ,а да не знам што се случува внатре и што се ќе види.Дали овој европски и светски стандард е запазен и тука ?
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Да, да баш тоа го запазив има поголеми тоалети за мајки со деца :)
     
    На anabel-a, koritsaki, Moira и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    И јас да си кажам мислење.
    Ми се допаѓа целиот трговски,пред се пространоста,друго што можеш буквално што ќе ти падне на памет да најдеш.
    Повеќето продавници беа отворени,ми се чини само ТејлиВејл и Котон дека не беа отворени.
    И пријатно се изненадив за цените.Мислам не дека се ефтини,но се скоро исти ко во Солун,очекував ние поскапи да бидеме,ама нема поголема разлика од 200 денари,барем на она што јас успеав да видам.
    Зара е скапа,ама Зара е скапа не само кај нас туку сегде последниве неколку години,ги имаат баш зголемено цените...а ко за инат па се поубави работи имаат со секоја колекција. :D
    Јас бев вчера сабајлето и немаше бог знае колку гужва да не може да се разминеш (освен во Карфур),можеше нормално да се шета и купува.
    Така да,јас сум релативно задоволна.Да имаше уште H&M ќе бев скроз задоволна :D .

    Иначе Старфиш те видов вчера,ама веше подалеку и беше со дечко ти па ми беше глупо да ти пријдам...многу се осеќам оквард така,како да ќе сфатат сите од кај се знаеме :tmi: :D .
     
    На JuLleE и irenna им се допаѓа ова.
  7. Mjauu

    Mjauu Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    А имат се од есенско-зимскиве колекции?Ова шо го гледаме на страниве?Мене за капутчиња и чизми ме интересират
     
  8. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Го гледав ова, најако беше посебно она со рипчињата што излегуваа, иначе го видов и огнометот :D

    Иначе Shelea мислам дека те видов вчера , по сликите од модни критики изгледа ти беше, кај Керфур :D
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.353
    Бев вчера преку ден, немаше страшна гужва, па можев убаво да прошетам.
    Трговскиот ко трговски ми е убав, ама сепак тешко дека ќе купувам по продавнициве, освен кога нешто навистина ќе ми треба. Бев скоро во Солун и едноставно не ми се даваат 500 денари повеќе, еднаш сум го видела поевтино и ми нема поента сега повеќе да го платам, освен ако не ми е итно.
    Како за отварање, можеа да направат некакви попусти или акции за малку да се промовираат, ама јок бре, лупни уште прв ден 100 евра чизми во земја со просечна плата 300евра. Ќе видиме колку ќе издржат со вакви цени. Во Алдо на пример, не ни влегов, не сакам да си правам мака :D

    Ми се чини дека има малку места за јадење, а приметив дека и во Тренд нема храна, знае некој дали ќе се смени тоа?
    Се на се, мене ми е ок, а имам претчувство и дека конечно ќе имаме едно убаво и квалитетно кино да си гледаме филмчиња :)
     
  11. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Мене лично повеќе ме загрижува тоа што чипсов или што и да е е со поминат рок :o Изгледа треба отварање 10 очи кога ќе се купува ,или пак сево ова е измислица на конкурентите :x
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Бев и јас :lol:

    Јас мислам дека не е најголемиот трговски на балканов, што знам... па и не дека има врска.

    Голем си е, убав, не влегов во сите продавници, а во оние кај што влегов цените беа високи, се наоѓа и нешто по нормални цени ако прокопаш малкуцка, ама воглавно се повисочки за наши стандарди.
    Денес немаше многу гужва, баш убаво можеш да се разминеш да прошеташ.
    Во Дм ми се чини имаше многу повеќе гужва отколку во Керфур, јез да во ниедно не влегов :D (јас и гужва, лоша комбинација :lol: )

    Не ми се допаѓа што скалите не се како во гтц и рамстор да можеш одма да одиш од еден на друг спрат туку се на различни страни.
    Не ми се допаѓа што од книжарници ја има само икона и ниту една друга.
    Не ми се допаѓа и што кино салите сеуште не се отворени.

    Инаку ако немате доволно финансии за во големава зара да пазарите, секогаш ќе најдете некоја поефтина варијанта. Пример, шутка комерц-зара :D (не знам дали е во шутка ова, на нет го најдов само именце му смислив :D )
    [​IMG]
     
    На crazyinlove19 и crazylady им се допаѓа ова.
  13. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Секое чудо за три дена (ај и три недели нека бидат).

    Освен Карфур, се друго ќе биде - евентуално на попусти.
    Зара имаше фин избор, ама со цениве се прецениле. А и квалитетот им е дискутабилен. Многу полиестер, обувки и чанти ко пластични.
    Мене Страдивариус ми фати око и некако понормални цени имаат.

    Карфур си го сакам, пола апаратчиња за домаќинство, па од тенџериња до пешкити со добар квалитет и промотивни цени ми се купени од таму. Барем сега парите нема да ги оставам во Солун.

    Ми се допадна и домаќинскана продавница, и го заборав името, данска фирма. Си бендисав некои работи кога ќе се намалат гужвиве.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.307
    Допаѓања:
    259.442
    Го отупевте со рајата, а за жал таа раја е поголемиот дел од населението на РМ. Таа проста раја која ја исмевате два дена овде ,за жал едвај преживува, се чуди како да го помине месецот, па затоа ако треба и ќе се тепа, ама мора да се прехрани и да си избрише со тоалетната хартија.Колку чиниеше, ваљда имаше 50 % на нејзе, епа замислете заштедиле 50 денари, ќе си купат два леба, или млеко. Целата таа гужва поради ниските цени укажуваат на тоа колку е само сиромашен народот, и не е за исмевање, ами за плачење. Кога дома ќе те чекаат деца, а ти примаш мизерна плата која едвај ти стигнува за сметки, ќе се буткаш и бламираш и за тоалет. Е до тој степен сме дојдени.
    А повеќето од вас кои хејтат за Зара и општо за Молот, освен овие марки друго и не купуваат. До Грција се оди дури. Ќе кажете поефтино, ахам, ама на попуст. И тука ќе има попусти, или пак на нова колекција сакате шутка цени. Во Грција во моментот да не е поефтино? Со 500 денари можеби, ама не се исплаќа за таа сума да одеш до Солун. И скапо било. Ајде ако не само Певекс и Пренди нека се, друго се да се затворе. Кинеска чизма ја продаваат за 3000 денари, од Алдо за 2000 ден да не сакате.
    Некои работи се купуваат поскапи. Арен си е Молот, кој има ќе си купува од таму, кој не, има и други продавници. Секој според џебот.
     
    На I.vana, DAngel, Monna.Monna и 51 други им се допаѓа ова.
  15. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Бев вчера во трговскиов и ми се допадна.Навистина нешто поразлично и поексклузивно од она што се нудеше на нашиот пазар.Не треба да не чудат сите тие гужви,зошто сепак немаме нешто слично во земјава и нормално е да постои желба кај народот да види нешто ново,па макар и по цена да се турка 2 саати .Конкретно за Карфур не влегов,зошто не бев излезена за таа намена.Стварно нема потреба од исмевање зошто убаво кажа Јуле,за некого заштедата од 50 денари многу значи.Ми се допаѓа како е среден трговскиов и изборот на брендови.Цените пак се дискутабилна тема,зошто за поединци 5000 за чизми се ништо,а за некој друг право богатство.Се на се,трговскиов добро му дојде на Скопје па ако ништо друго ќе си имаме топло место за шетање и шопингарење во зима :)
     
  16. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Потполно се сложувам со тебе... Типично македонска работа.. мора да се мрчи за било што... дали немало да стигнат да го отворат. дали не биле отворени сите продавници, дали се буткале луѓе за тоалет.. а кога се тепаат за партали во Солун на попуст тогаш тоа не се брои?!? |( ама битно ќе се каже дека е од Солун.. секој сака да купи ефтино, не е само тука, секаде во светот е така.. кај што е ефтиното таму е гужвата... што не рекоа нешто за други бренд-продавници кај што немаше живо пиле внатре? :wasntme:
     
  17. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    Јас денес бев и освен во Карфур немаше толку гужва можеш нормално да си се разминеш и да си видиш.
    Искрено според мене не е тоолку скапо како што очекувавме, Зара си е така поскапа а на пример Бершка, Страдивариус имаат и работи со приступачни цени, на пример видов фармерки за 1200 денари што секаде се толку.. Ми се допаѓа мене :)
     
  18. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Уште не сум била, но планирам деновиве или евентуално другата недела.
    Вака како што гледам по слики и видеа, многу позитивни критики и пофалби до објектот првенствено, а потоа и до сите брендови кои ете денеска и на нас ни се достапни. Се разбира, секој според можностите. Како што разгледуавав по официјалните страни на Зара, Бершка, Страдивариус и многу други, на голем дел се уште не е вметнат македонскиот пазар и цените па не можам баш да судам. Зара видов дека имаат вртоглави цени што реално не веруавм дека ќе ги дозволам, единствено еден парфем од илјадарче ќе си го купам сигурно, а останатото од типот на сукња, сако или фармерки по 5.000 денари-тешко. Многу тешко! :?:
    Најмногу од се што се радувам е Пул енд Беар и реално, тука цените се супер. Веќе ми фатија око неколку парталчиња со разумни цени што ќе ги набавам во прва прилика. За останато....па ќе чекаме попуст. :D
    И навистина мислам е срамота и греота воедно да се коментира дали некој купил тоалетна хартија, средство за чистење или влошки на првиот ден од отворањто. Еве и јас ќе одам со моите па може ќе влеземе да пазариме во Карфур и со полни кеси да се вратиме дома. Да, од друг град сме и не дека немаме! Ништо не е срамотно бре луѓе за свој пари.
    Еве ние само ќе посакуваме да се дотераме и пазариме што е можно почесто и да не радуваат со многу попусти. :lol:
    Откако ќе посетам ќе коментирам за останати впечатоци, вака само површно. А и да кажам дека не се таму само скопјани, еве овие два дена има навала и од другиве градови да го посетат молот. Не дека ќе ни побегне, ама љубопитност де. :)
     
  19. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Никако да ви се погоди, да нема сите мрчите, сега кога има пак сите мрчите..

    (зборам индивидуално, не за сите)
    Инаку јас бев вчера, преубаво беше јадев во Розафа (сум јадела во истиот ресторан во Албанија) и до некаде знаев што избор има.. Храната предобра, има место и за седење и се. Се гледа дека го одржуваат.
    Цените во Зара, изгор, ама пак и во Италија и во Хрватска влегов исти беа, таму за нивен стандарт е евтино, навикнати се да зимаат високи плати, а за наш стандарт нормално дека е скапо. На кој колку му е длабок џебот..
    Керфор алал да им е, и народот, нека се изнакупува додека има .. нема секогаш да наидеш на вакви цени, инаку касите беа преполни, алал им вера на тие продавачките како успеваат..

    Се на се, ми се допадна :)
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  20. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    626
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    прекрасен е , јас незнам зошто овие коментари , вака онака ....дека е поскапо од грција е и тоа е секогас така и така ке остане , во маркетот не бев ама баш ми е мило да е поевтино за сите нас ама и за тинекс и веро е па претераа веке