Јас бев на отварањето. Со дечкото заминавме накај 1 и пол, 2 некаде, и фала Богу, гужва имаше, ама ок, отварање, секој со своја причина таму, дали оние од Керфулот со тоалетните или некој како мене само да го виде од љубопитност шо како, или па на шопинг, ама ич гајле не ми е, јас си сакав да се шетнам, да видам шо како, и ми се свиѓа, не ми е нешто wow трговскиот, туку посебно секоја продавница внатре како се направени, типични за себе, значи алал да им е, прекрасни. Цените малку повисоки, али ок, кој колку си може ќе си допушти. Јас на пример немав многу пари во мене, и си купив само од Космо шампон, регенатор за коса, и од ДМ маркетот, маска за коса. И на мама истото подарок и го купив и толку. Пиевме по еден сок со дечко ми, шетнавме низ цел трговски, не е ништо посебно голем за мене, за саат и пол добро разгледавме се. Кога ќе ми е џебот полн, знам дека ќе отидам таму да си се подновам нешто. Се на се, добро е.
Ceni na Zara vo Grcija: http://www.zara.com/webapp/wcs/stores/s ... 2Byears%29 Istite proizvodi na Zara kaj nas: http://www.zara.com/webapp/wcs/stores/s ... 2Byears%29
Во темата за тоа кој бренд сакате да го има во Македонија најизгласен е Зара. Со вакви цени само на крај сезона кога ке стават попуст ке има промет. Вака, само некој со многу длабок џеб... А се смеевте кога некој пишал за шанел, ели сааб, итн. а ова доаѓа како за нашиот стандард само Певекс и Пренди да се добри. Како и да е не сум отишла, но ако некогаш имам шанса би отишла. Со дечко ми двајцата имаме желба да го видиме чисто за споредба со Космос, па најверојатно некој ден ке биде нека помине еуфоријава.
Кај нас има луѓе што фрлаат 100 евра на поло маиче со алигатор, па за една Зара. Штом Баслер и Лиу Џо кое не знам 5 убави парчиња вкупно дали има успеа да опстане со оние ретардирани цени, за Зара не е проблем. Во Манго и Котон сако под 4000 нема, па не гледам дека нешто пропаѓаат, очигледно некој купува и тоа редовно. Зара со години ги качуваше цените, ама и квалитетот. И факт е дека е посериозна марка и не е за девојченца повеќе, ниту по парчиња ниту цени, тој имиџ го препуштија на другите продавници од Индитекс. Значи штом Мис Сиксти со фармерки од 200 евра може, има и кој да троши во Зара по 50 еу за пар фармерки.
Бев и видов. Ми ги зема Шилеа зборовите од под прсти,инстант помислив какво конзумерско општество. Рај за капитализмот и рај за трговците, а овој наш напатен народ товари тоалетна и не баре е хрчак и ќе спие на неа. Одма ги замислив како ги буткаат во глувчешките дупки и прават креветчња од нив и удобно спијат. Идеално здание каде секоја хировите желба, инстантна потреба може да биде задоволена на најдобар можен начин. Да биде истражена како може да биде уште подобро задоволена и уште повеќе пари да се исрпат. Го шетав со дечко шо живее на западот и ми рече без снобизам у гласот - **** знаеш зошто не не бидува?! Зошто се понашаме како провинција на развиена земја. Овде гледам народ кој е прост и површен, глупав. Сите исподотерани, сите занесени,возбудени, од што се полни со фекалии никад нема да стигнат до суштината. И прав си е... Трговскиот е навистина убав и навистина е опремен. Цените се ужасно високи. И сега уште толку ќе започнат да се билдаат комплексите на младите тинејџерки. Јас коа бев у школо беше Фарт и само Фарт, после теранова и калиопе како подостапни и на крај дојде Манго. Е сега драги родители ги имате и Бершка и Зара и Пул енд Беар. Боговите пред кои се моли секој млад и скршен тинејџер зошто и самите родители се празни и површни. Сега имаме уште неколку брендови по кои површните помодарки ќе кршат и раце и нозе за да се докопаат по некое смрдливо парче од 3000 денари. И најупадливо беше тоа што наместо сите ако сте веќе љубопитни како мене (што патем и чисто од аспект на професија ме испровоцира да го ѕирнам...) зошто едноставно не прошетавте само?! Како ќе препознаеш сељак?! Ај добро, товарен со тоалетна хартија и лепче како прво, а како второ, веќе шопинзи се прават на велико, едно блузиче најевтино од Зара,одма го натокмиле у ќеса, сите кондури од Алдо, не баре толку е,Циркуз е трговскиов,па ќе си замине до 21ви октомври. Во Дм,па во ДМ тоа беше луѓе невидено нешто. Па имаш два ДМ во центар,оди купи си таму ако веќе нешто сакаш. И немаше таков попуст и не беше попустот на се,туку на некои си глупи производи. Ама не,они се тепаат да купат, мора да се купи, како волшебното мало гласче во нивните глави вика КУПИ МЕ КУПИ МЕ и оп од никаде се појавува огромна уста и ги голта. Ужасни сте луѓе. Што ќе ве кошташе само да прошетавте,да разгледавте ако веќе само ве интересира?! На што личеше сето ова?! На ништо. Мизерија. * И не, не ги жалам луѓето кои се буткаа за тоалетна хартија и леб. Зошто истите се буткаа и во Нептун пролетта... па сега направете ја математиката...
^^ Во Пренди и Певекс . Не, сериозно сега, шансите во трговскиов моментално да најдеш дуксер од 250 денари - се најминимални на свет. Јас денеска прошетав се убаво со ред и тврдам дека ценава скоро и да ја нема кај облеката, што е сасвим нормално. Еве денеска баш и во Алдо ги загледав убаво цените и штикли под 5,000 нема. Чизмите се лепота невидена ама си држат цена од 100 еуриќи.
Така и си мислев. Оти прееска другарка ми ми‘ вика имало дуксерки по 250 у новио трговски, искрено и јас се почудив па затоа и пишав.
Може се повторува прашањево, ама во страниве неколку понапред невидов. Како функционира паркингот кај трговскиов, бесплатен е? бесплатен е ако имаш сметка од тој и тој износ, или како?
Сеуште немам отидено во трговскиов, не бев нешто многу засегната, а нити сум, меѓутоа ќе тркнам скоро, ко ќе ја снема гужвата, чисто да видам што и како е, да разгледам терен Слушам, некои велат навистина било ефтино, а еве и тука што читам.Незнам зошто, мислам дека ако е толку ефтино, како што кажуваат, веројатно и поради тоа што е нов, интересен, не верувам дека и после одреден период ќе има ниски цени.Претпоставувам ќе стане како Веро, Рамстор, другиве трговски центри.Но, доколку пак и си останат цените толку ниски, тогаш поголема гужва ќе има во новиов, отколку во останативе, па поради конкуренција, ќе мораат и тие нешто да направат, за да не останат со празни раце,што би се рекло.Сепак тие продавници кои ги има во трговскиов, веројатно ги има во другиве, незнам не сум била се уште, но според тоа што прочитав тука, исто е, дали во новиов, во Веро итн.Како и да е, ќе тркнам да видам зш толку гужва имало, ете така од радозналост
Ајде јас еден update да дадам Ко што си реков, бев денеска, демек да се прошетам само на кратко..испадна останав 3 саата.. И тоа САМО шетање..не влегував многу по продавници да пробувам или да купувам. Со татичко си се прошетавме само Убав е трговскиот мене ептен ме бендиса..има мнооогу продавници и облека по мој вкус. Освен по ходниците што шеткавме, влегов и во Нептун, ко што си обожавам ја техники и тие работи. Викам ја стално, машко сум требала да бидам, наместо да одам по продавници да гледам чевли, облеки..јас фрижидери, компјутери, правосмукалки.. Нептун е огроомен и прекрасен, ја сто работи би изнакупила од таму.. Другите продавници се исто супер, влегов во неколку продавници само на кратко, пак ќе кажам, пре-кра-сно! Има и ефтини работи, има и со средна цена да ја наречам, има и нормално поскапи.. Што влегов во една скапа, уф подобро да не влегов, во срце ми остана една блуза прекраснотија беше, 6000 денари Иначе гужви некои посебни се изненадив но немаше, освен во керфур..таму редици ненормални, уште малце надвор тоа линијата од луѓе да излезеше и да чекаа за да наплатат. А вака внатре и во продавниците си беше ок. Ја сум тип се или ништо, така да не си купив ништо пошто немаше многу време, но нареднава недела или понаредната обавезно идам на асален шопинг. Не бега трговскиот никаде, а и стварите во него, еден продавач ми рече дека тек идната недела ќе доаѓаат уште многу нови ствари, и искрено, не полетувам многу по ова моменталново, нека се смири ситуацијата, нека се средат стварите, па ќе шопингувам, има време за се..а не во овој период кога продавачите незнаат главите кај им се.
Жал ми е што не отидов вчера ама ме исплаши искрено гужвата... Јас сум ниска, и уште ми фали во гужвата да ме туркаат итн. Ќе го посетиме за 2/3 недели, нема гајле Нека им помини меракот на луѓево па после јас на раат да си купувам )
Во Њу Јоркер јас си купив прслук за 450 првиот ден, утредента поминав во веро и беше 850 така да имаше најверојатно попуст тогаш само никаде не пишуваше На каталогот приметив дека зара има на два ката а кога бев имаше само на еден.Ке отвараат и на другиот или веке е отворено а јас не сум приметила?
Има сеуште гужва? Или да почекаме уште некој ден за да видиме како изгледа тој фамозен трговски одвнатре. btw не брзам зошто имам тоалетна дома уште на лагер. шала