Skopje City Mall

Дискусија во 'Мода и стил' започната од cvetce93, 23 август 2012.

  1. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Инаку, вчера пазарев нешто во Тинекс и нели и тие пуштија флаер за воглавно буквално истите производи и тоа со уште поголем попуст. Имаше само од Нивеа купката на лагер како што видов и имаше луѓе што си зимаа по две три. Јас не земав од причина што имам дома доволно купки. Ќе купев од омекнувачот зошто и онака истиот често го користам, но немаше. Бај д веј немаше ни од фамозната тоалетна, бар не видов дека има, а не видов ни луѓе со тоалетна во корпите. Така да тоа е тоа. :) Ќе си купев и од Гарние шампонот за 40ден, ама немаше ни трага ни глас од него. Лажги со опашки. :)
     
  2. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    Девојки како се цените во новиот трговски?скапо ефтино?мојата посета ќе остане за наредниот викенд се наоѓа све така?Ме интересира справи за вежбање дали има и по колку се движи цената?
     
  3. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Како што кажаа феминките што веќе биле, а и како што се очекуваше гардеробата по продавниците е скапа а маркетот има моментално голем попуст и таму е најголемата гужва.
     
  4. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318

    имаше се ама го снема за неколку саата :D :o јас случајно поминав во четвртокот вечерта и што да гледам...попуст на истите производи ама многу поефтино...така да немаше лажги туку се се разграба многу брзо :P
     
  5. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Eee па лесно е за таков попуст. Една тура од десетина производи од тие што се на попуст и ќе ги нема се до враќањето на стандардната цена. Позната лага.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  6. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    296
    Извинете вака, некој друг информации за попусти за New Yorker? Конкретно ме интересира новата колекција... Многу ми е далеку Mall-от иначе ќе отидев да видам. Многу ми е важноо!!!
     
  7. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Отворен е, на ќоше некако доаѓа.. малечко дуќанче, нема нешто премн избор, што знам.. очекував малку повеќе... :wasntme:
     
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Eeeee со сигурност цело Скопје ќе има кај да суши алишта. Ова е живо лудило. :x
    Бевме демек ај да го зирнеме ,па од Керфур да испазариме наместо да шетаме низ град по маркетите.
    Вратите на Керфур затворени, редица луѓе чекаат да влезат, а пуштаат по група од 2-5, ненормални редици на касите , ова навистина не е нормално :fubar:
    Луѓе излегуваат со преполни колички, како џабе да е се, и 99% од количките имаа сушални за алишта и перници :lol:
    Инаку целиот трговски ми остави убав впечаток, Космо е многу убаво направено, а искрено требаше вакво нешто во Скопје, мислам дека нема потреба да се коментира дека е вишок, зошто мислам дека не е, вработувања, а и светски изгледа, на прва ме потсети на трговскиот Ужице во Белград.
    Едвај чекам да се расчисти гужвата па да прошетам на раат.
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Баш со сестра ми и мајка ми сакавме да одиме....но колку и да сакаме да го посетиме ТЦ толку не ми се турка во таа гужва, така да ќе си почекаме до наредниот викен.....се надевам тогаш нема да е толку гужва.
     
  10. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.336
    Допаѓања:
    261.510
    Пол:
    Женски
    До колку саат работат денес продавниците?
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    ^
    Работно време
    Понеделник - Недела
    Продавници, детски центар и брза храна
    10.00 – 22.00
    Кино, боулинг и ресторани
    10.00 – 00:00/01:00
    Хипермаркет
    08.00 – 22.00
    Кафулиња
    08.00 – 00:00/01:00
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    На некој сајт прочитав коментар кој вели дека Карфур ги спуштил ненормално цените со цел да ја стопи целата конкуренција околу него, за потоа кога ќе станат луѓето "зависни" да купуваат од таму (бидејќи нема да има од каде) да ги дигне цените дупло.
    Се сложувам дека е можно сценарио е ама па сите големи маркети имаат таква тенденција и повеќето успеале не сите, но поголемиот број на помали продавнички околу нив да ги затворат.
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
  14. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    444
    Пол:
    Женски
    Да имаат, а и допрва ке им стига роба од новата колекција, и ке има некој промо цени :)
     
  15. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
    Сега само што се вратив од тој фамозен супермаркет.На влез се чека по 45 минути по група а кога ќе пуштат се буткаат како овци и буквално се газат пред себе.Од тоа што го видов имаше толку гужва како да е на распродажба цела роба од супермаркетот но колку што успеав детално да забележам народот не е мутав и купува во поголеми количини само тоа што е стварно евтино бидејки ги знае цените на сите производи во сите маркети на памет.Масовно се купуваше стандардна метална даска со жици која го има секое домакинство за само 300 денари на распродажба.Машки чорапи 4 пара памучни за 69 денари. Тоалетната се троши во ненормални количини бидејки на секои пола саат човек носеше цели топови високи по 3 метра.Производителот е босанскиот Хармони и е во пакување од 8 ролни двослојна 14 метра но во пакет се две пакувања за 49 денари што е за 50% поевтино отколку да купите стандардна Перфекс од 24 комада двослојна за околу 140 денари.Шекер купуваа по 10 до 20 кг бидејки 850гр чини 29 денари што значи 1КГ доаѓа околу 35 денари.Босанско брашно тип 400 1Кг чини 25 денари на распродажба и го купуваа полно.Бананите беа 29 денари и нормално се трошеа како алва бидејки преварантите од битпазар ке ви ги продадат истите за 40 денари плус тоа на вага ке ве украдат.Црвени пиперки купуваа масовно бидејки беа 19 денари.Одам кај белите пецива и таму гужва колку сакаш.Замислете бурекот цела пита е само 100 денари односно четврт 25 денари а дебел е колку оној на ЖУ ЖУ што се продава за 60 денари и луѓе зимаа по цели пити за дома а мајсторите работат турбо под полна пареа.Слаткарницата Шехерезада од градски трговски во подрумот работи турбо за супермаркетов бидејки индијанките чинат 35 денари а се за 50% поголеми од оние на Палма или Апче.Поголеми немам видено во животот.Млечни чоколади со ориз две пакувања 100гр за само 39 денари,Чипс 225гр. за 59 денари,чешко пиво 0.5 л лименка за 19 денари и цел рафт беше празен, вардарско кравјо кисело млеко 0.5л за само 9 денари и имаше напомена дека по човек може максимум да се земат 3 комада,Кравјо вардарско сирење беше 99 денари 1Кг,Осрам штедливи сијалици од 12 вати 3 комада пакување за само 169 денари,фиде Сентела 19 денари а во КАМ е над 20 денари,кафеави маслинки што се во Стокомак 143 денари 1Кг тука беа 99 денари 1Кг,алпското млеко што не го препорачувам по ниедна цена бидејки е полно со антибиотици е само 39 денари па наместо него за истите пари се продава и македонското Алпи од Џепчиште.На каса се чека во просек од пола час до 45 минути а кесите следуваат бесплатно во неограничени количини и на крајот на касата има лице кое ги става во кеса сите работи што ке се откуцаат.Во секој случај од муабетите што ги слушав кај луѓето заклучив дека многу добро знаат што е евтино а што скапо и си купуваат во глобала само тоа што е на распродажба.Е сега чак пат ке земат и нешто друго што не е на попуст но главно се ориентирани само на рафтовите каде што пишува промоција.Со ваква политика не верувам дека ке се затворат другите маркети за потоа овој да ги дигне цените бидејки планира да биде монопол затоа што попрво овој ке се затвори поради прениските цени доколку се тие со загуба отколку да издржи прво да ги затвори другите за потоа да ги врати цените реални.Ако сака да ги затвори сите останати маркети треба да ги спушти цените буквално на сите производи а не само на тие што се промотивни што еднакво на банкрот затоа што во спротивно луѓето поради пониските цени на оние производи што се во останатите маркети ке продолжат да си ги купуваат од таму бидејки овде им се поскапи.Како и да ја сврти политиката со народот нема шанси да излезе на крај бидејки тешко дека некогаш ке го прелаже со било која цена за било кој производ. :D
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.214
    Допаѓања:
    10.130
    Бидејќи ги има во голем број зошто коментарите за Керфур не се стават во нова тема Керфур?
     
  17. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    296
    Жал ми кога ќе видам ваква слика, па на кое ниво спаднавме финансиски??? тепачка за тоалетна поефтина, шекер, брашно, чекање во ред 45 минути за 5 денари поефтино... :x Негде во светов вака се тепаат за Iphone 5, новото нинтендо и тн...
     
  18. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
    Оди до Словенија да видиш како пензионери чекаат ред пред врата уште од 7 сабајле кога има некоја промоција во Хофер или Лидл иако работно време им почнува од 8.
     
    На kosmodiks и AIT им се допаѓа ова.
  19. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Би можело да се отвори таква тема,исто како ДМ маркет што е ќе се известуваме за производи и ќе споделуваме искуства.Баш би требало.Модератори,реагирајте. :)
     
  20. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    296

    Хахах, и кај нас пензионериве чекаат уште од 7 пред банките кога имаат пензија, иако ни една банка не отвара толку рано, демек ќе снема пари за нив тој ден...