Ааа, убав е трговскиот. За ова навистина, убаво, модерно, средено внатре. Влегов во Зара, Бершка, Страдивариус, Пул енд бер и Принчипе. Принчипе намерно го споменувам затоа што ПИЛЕ, ама верувајте, пиле немаше да прелета во него, а цените му беа нормални, џемперчиња по 600 денари, по 900... ме сфаќате, не се астрономски, од 50е+. Повеќето беа преориентирани во гореспоменатите продавници, со тоа што во Зара беше фул, а на каса немаше никој, дупка празно. Во Пул енд бер имаше убави каиши, тоа ми падна во око, другото бегло го загледав. Бершка многу добар накит, ланчиња, ташни и чевли. Страдивариус се разлигавив по едни чизми. Во триве продавници имаше луѓе кои и пробуваа, купуваа, ама и цените им беа, па, за нијанса пониски од Зара. Излишно е да го коментирам Карфур, мислам, сфаќам дека е евтино и сфаќам зошто се купува, ама.... ама сепак многу луѓе. Полни колички со перници, па добро, ќе си купам една, две перници, ама две колички да наполнам со не знам, преку 15 перници.... Исто и не сфаќам зш гужва околу кисело млеко, сирења и слични производи со краток рок на траење, што ќе ти се 10 кисели млека, мислам, нема поента. Друго што приметив, затоа што случајно влегов и во Веро после, е дека Веро, и улиците околу центарот се празни, сите мислам дека беа денес во Карпош 4. ДМ исто влегов, убава продавница, сепак кај градски ѕид ми е најдобра. И кажуваше продавачката дека вчера им ги украле сите тестери на парфемите, мислам, шта речи. Кај сме ние човек нешто да ни отвори ново. А да, 15А рулз. п.с. Фалат внатре клупички и место за седење. Местото е ооооооооогроооооооооомно, малку се загубивме на вториот спрат, немаш ориентација кај одиш, вака како за прва.
^ Дузе, како не те видов бе? Може ти ме бутна крвнички.. Искрена ќе бидам, ми го нема тој шмек како Космото во Солун. Гадно и пусто. Дефинитивно треба да има клупи за седење. Гужвата ќе помине за некоја недела. Луѓето идат повеќе од љубопитство отколку за да купат нешто. Како и да е јас сум најсреќното суштество на планетата овие неколку саати. Ilustrated Oxford Dictionary со цена 4580 намален на 1200. И да, последен беше. И да, го зедов. И секако поздрав до паметните од втори спрат шо изиграваат фотографери.
Има на форумов некој што работи во Зара?? Ако има нека ми пише во порака ми треба една услуга(информација за производ). Фалааа
Епа редно беше и јас да го видам молов, и да ви кажам баш сум пријатно изненадена. Модерно средено, по светски стандарди. Ги посетив Bershka, Zara, Stradivarius, Mango, Swarovski, DM, Cosmo, Aldo... Сакав да влезам во Карфур, ама немаше теоретски шански. Луѓево буквално се буткаат за проспект да земат, на една каса по 15 луѓе можда чекаа. Ненормална работа. И да ви кажам денес сум си најсреќна, летам. Си купив јакна од Зара, зимска, дебела, таман да ме стопли. Малце беше солена,7000 ден. ама мака ми се запна купи ја па купи ја....Ама преубава е... Си купив и парфемче во Космо.Летам од среќа. А во Алдо цените се малку соленки, малку повеќе де, ама за таков квалитет вреди. Моиве ми рекоа нареден месец и еден пар чизми.
Отидов и јас, не на отворањето туку вториот ден. Знаев дека ќе биде лудница, а јас не поднесувам гужви баш најдобро па си почекав. Вчера вечерта беше онака... добро за шетање, можеше да се размине човек без последици. Не бев да купувам, тоа го оставам за некои подобри времиња. Сега можев да си дозволам само еден window shopping. Убав е трговскиот, огромен, што и да посака човек ќе најде тука. Ми се допаѓа ептен, модерно, пространо... Ќе почекам да поминат гужвиве па еден ден ќе отидам онака асално, да проучам се. Влегов во повеќе продавници, разгледав набрзина што-како има, си бендисав едни патики што не се сеќавам точно во која продавница ги видов, според мене преубави парчиња има во Страдивариус, Пул енд беар-доста прифатливи цени како што видов, а Зара стандардно преценета. Ми се допаднаа и чевлите во Алдо, иако во некој друг живот ќе можам да си ги дозволам. Иако морам да признаам дека најмногу се задржав во Нептун, некако попривлечни ми беа работите таму отколку во продавниците за облека. А луѓето што чекаа ред со саати на касите во Карфур не би ги исмејувала во никој случај, ова покажува колку му значи на народов кога има попуст. За некој може не е ништо, а некои луѓе така преживуваат со денови. Некако не ми е за смеење тоа, ама ич.
Јас па сакам да прашам, што е фамава околу кината? Небаре во градов нема кина, па сега ќути среќа го отворија сити мол. Или не ве сваќам за што зборувате или ...
Искрено во Алдо најдов и штикли за 3000-4000денари што е ПОефтино за разлика од Шевињон што лупаат цени по 100евра!
Трговскиот премногу ми се допаѓа. Посебно шо си видов милион работи по мој вкус. Туку ај малце офф... Си купив вчера од Бершка во трговскиов две сакоа, арно ама у тоа гужвите јас не се видов убаво, а другарка ми цело време ме убедуваше едно... излезе дека ми се еден број поголеми. Класика, дури дома пред огледало се видов. Ми беше зборов, следново... Дали теоретски би ми ги замениле за бројче помало (ја чувам фискалната и етикетите сеуште им стојат) ? Ме мачи и следново... јас таму на закачалките не видов помало бројче, мислите дека утре би можело да има од магацините извадено други?
Прашање до феминките кои го посетиле трговскиот: дали е отворена пекарата Специјал? Слушнав дека Бургер Кинг и Доминос не се отворени а ме интересира има ли каде ја се ксне нешто од нога.
Сосема се согласувам дека го нема тој шмек... според мене осветлувањето е пресилно и не баш пријатно, а плочките се крајно безлични (им фали сјај), имам и други забелешки ама ај да не цепидлачам. И нема шанси да е најголем на балканов. Единствено ако ја бројат и онаа зградата позади што не е доправена и не знам за што служи.
Бев вчера. Многу убав е трговскиот, само како што кажаа и некои феминки погоре му фалат повеќе клупи. Нозе да ти паднат од шетање. Во Карфур не ни пробав да влезам поради гужвата, ама затоа си се подновив во Бершка. Во план сум да го посетам пак но да намалт малку гужвите. Вчера кога чекав на каса, имаше една жена пред мене правеше замена и не и направија проблем само и ја побараа фискалната. Така да мислам можеш
Најголем на Балканот секако не е (и во Скопје ГТЦ е поголем). За шмек, не знам, не очекувам шмек од трговски центар, а во Космос кога бев пред месец дена добив чувство на мало, веројатно бидејќи неделата пред тоа бев во Сердика во Софија Се на се ми се допадна City Mall, а има приличен ранг на цени, па посено на попуст ќе може добри работи да се најдат по (релативно) пристојни цени.
Е нема клупи,за да им седниш во тие за јадење или во кафичите што ги има или ќе ги има. А и во другите трговски е вака и има да неможиш да стоиш на нозе после
http://www.zara.com/webapp/wcs/stores/s ... %20SWEATER feminki aj da ve zamolam koj ke odi denovive vo zara da vidi dali ka ima tunkata(bluza),cenata i na raka kako deluva t.c materijalot kakov e . mozei preku pp da me izvestite .jas ke idam tek za 10 dena pa me zanima dali uopste ja ima