Незнам само што се чудите кога се знае за зошто и за кого е направен молот. Цело Косово ќе купува тука. Цените не се според нашиот стандард, ама според нивниот се, може да си дозволат, наместо во Белград сега тука ќе доаѓаат и ќе си ги трошат парите тука. 80% од луѓето што доаѓаат секој ден се Косовари. Бев во Карфур и да ви кажам дека воопшто не е ефтино за да има толкави турканици, Кам маркет е каде каде поефтин, ама ај докажи им на луѓето. Вака трошат повеќе пари затоа што купуваат голема количина на производи кои се на акција а реално не им се потребни во толкави количини и купуваат само затоа што е на попусто а го користат и конзумираат ради реда Од Страдивариус и Бершка сум позитивно изнанадена во однос на цените, не е многу поскапо од Солун. Има фустанчиња, џемпери, кошули од 1000 - 1200 ден. фармерките се поскапи но имаше и од 700-900 ден. Убави и дебели капути по 2800. Зара е скапо, и Пул енд Беар така поскапичко ми беше. Изгледот на трговскиот не ме воодушевува, нема некој добар распоред, и ескалаторите им се лошо распоредени, а и не е најголем на балканот дефинитивно. Мене Космос поголеми ми изгледа. Вц -то низ лавиринт, иди па најди го И да ве известам дека бараат луѓе за работа во Сити Мол со одлично познавање на англиски и албански, аплицирајте си ако има некој заинтересиран
Не ми се допаѓа ама воопшто. Колку треба да тежиме кога се радуваме на отварање на еден голем трговски центар?! Да, навистина ќе се радувам за новиот театар или нешто слично, ама зар да се радувам за ова?! Па и невидена еуфорија ги зафатило сите, лееле Зара ја имаме во нашата је-озовна Мк.
Ако ова е КОЛУМНА, јас сум Принцот Алберт од Монако .. Симплифицирано ... го ругаш сопственот народ што трпи за корка леб и се гура за пар гроша поевтин артикл ???- Баба ти ти рекла у нејзино време само за Гага се гурале ко стока, Епа Мики тие цени у Сити Мол за овој напатен народ се и бетер од Гага Багателни ! Апсурдната поента (ако уопште четивово ја има) ти е дека народов треба да иде со скината чарапа, жута гаќа и зината ципела на сметка на тоа да не го доживее АРИСТОКРАТСКИОТ прекор од ТЕБЕ и Баба ти коа ке ги видите као се гураат за Леб, Шеќер и Млеко ?? поштo наравно ти и Баба ти идете на Шопинг со ЏЕТ СЕТОТ на Abbey Road у Лондон ! ! 5те Шлепери Г`З ПАПИР се трошат ко алва баш за да се покријат дупенцата на вакви "Колумнисти" што плукаат по пирејот !... и на крај бидејки си чувен Полиглот од Гренобл ке те замолам да ми кажеш како на Француски е преводот на сентенцава - " ГОСПОД ДА НЕ БРАНИ ОД ПОКОНДУРЕН ОПИНОК" ?
^^ Не, тој одговара со една реченица, две најмногу... Греота е стварно ова потсмевање на турканиците за тоалетна или банани, посебно пак што многу од тие што се потсмеваат јадат банани од празник на празник или поретко...Глетката да, неубава е, ама што треба сега ако немам пари за Капут од Зара воопшто да не одам да го видам Молот? Па нов е, љубопитност, ќе си разгледам, ќе видам цени, и она што ми одговара ќе купам, макар била и тоалетна...Се знаеме кои сме и што сме, каков ни е стандардот и куповната моќ, нема потреба од глумење лудило -Лелеееее ме избуткаа сељаци купувајќи тоалетна... Па и постарите генерации мислете знаат што е Страдивариус, Бершка или Зара...виделе ефтини цени на работи што им требаат па навалиле што е најнормално...Исто гужва би се створила секаде каде би имало попусти и тоа е најнормално, и јас би се туркала за чизми пример намалени за 50 или 70 посто и што е тоа поразлично од гужва за основни продукти?
Навистина ,не ми е јасно зошто толку подсмев за сите оние што чекале да влезат ,што влегле и излегле со тоалет хартија,шеќер,банани и сл. ? Како прво ,абе срамота е да се гледа во туѓа кошница кој што купил,а уште повеќе јавно да се подсмева и дискутира .Кој колку имал и што му требало-тоа си купил. Знаете ли колку луѓе има кои трпат за леб,колку луѓе собираат стари пластични шишиња ,ги продаваат на отпад и со парите купуваат леб за децата?10 пластични шишиња извадени од канта со секаков отпад им носи само 5 ден.Колку шишиња треба да се соберат за да се обезбедат 3 оброка денес,да се платат комуналиите и лековите?Не сте виделе што значи глад и немаштија,па затоа е чудно што некој се бутка за 1 кг.банани или шеќер. Можам да ја замислам радоста на дечињата кога ќе видат банани во нивиот дом,а не на излог на некоја пиљара.Можам да почувствувам како родителите со задоволство ја стискаат кесата со банани и кисело млеко и пеш итаат кон дома за да ги израдуваат дечињата. Сеуште има глад по светот,па и кај нас. Нема ништо смешно,жално е што нечијата сиромаштија другите ја користат за да се направат „вицкасти“ и демек ситуирани.А баш тие што се смеат ,нека проверат бананата што ја јадат пред компјутерот случајно да не е купена по цена од 29 ден. од големиот Карфур-или како и да е.
Само за илустрација еве какви гужви има тука на 26 декември-Boxing Day sales, во држава каде секој четврток ти легнува платата на сметка, каде има 2% невработеност, цените на скоро се се` дупло па и повеќе поевтини од цените во МК(освен на цигарите и алкохолот) а платите 10 па и повеќе пати поголеми(просечната Мк плата) Чекаат цела ноќ, редици огромни за да влезаат први во 7 саат сабајле, 50-70% попуст, кој не сака да начека нешто поевтино без обзир на тоа колку пари има. Sales are sales дали во Мк, Америка или Тунгузија секој гледа ако може да си помине поевтино, само во Мк е срамота да купуваш поевтино секаде друго во светот е најнормална работа. сори за офф
Jас само ќе ви кажам пример, познавав едно девојче, за 2 денара поефтини влошки, одеше на другата страна на населбата 20тина минутки пешки. Eдит- Cекој со буџетот, ако сака ќе си купува на попуст, и ја би си купила тоалет на попуст со опроштење, фецесот и така е безвреден, па да го тинтрам ли
Нема пари да си дозволи тоалетна по нормална цена во најблиска продавница, ама има пари за бензин или за автобуска карта од другиот крај на Скопје да отиде до Карфур и да го преврти од наопаку. Ајде, нема потреба од фолирање и елегии за сиромаштијата, настрана тоа колумната, општо зборувам. И не, не е никаква немаштија во прашање туку малограѓанштина и некаков типичен синдром кој се јавува овде за кој уште не измислиле име изгледа.
Бев бев бев и јас денес бев и го видов тоа фамозно нешто.Прекрасно е не викам нее, а поготово кафичите највише мерак ми прават.За ало ало аборам и тераса и внатре се тип топ,денес пиевме нес кафе со другарка абе маераци.Стварно е преубаво да се одмориш на раат муабет да си направиш.И се заглавивме таму кај книгите глеј глеј па ќе фатам со окцето некоја сочна реченица,наслов па да видам.
Денес бев во city mall ама не го прошетав цел. Искрено на изглед ми изгледа супер,има раздвиженост...има доста продукти на едно место, убав избор...ама има и скапичко од тоа на кратко што видов. Здравје некојд ен кога ќе бидам одморна ќе одам цел да го прошетам.
Skopje City Mall-првиот ден продадени 5 шлепери тоалетна хартија...СЕ ПОС*АВМЕ од среќа !!! Го најдов и решив да го пишам тука,се гледа дека најпродавани ни се тоалетните
Бевме првиот ден со дечко ми, максфактор маскарата ми беше пред крај и видов дека е намалена во дм па зашто да ја платам 500 денари кога можам за 230 ден,убав е сити молот му требаше такво нешто на скопје,е сега за цените се знаеше дека зара ке е скапа,се додека не влеземе во европска унија сите марки ке имаат такви цени,8000 денари за мантил е скапо за наш стандард ама барем знаеш дека ке го носиш барем 4 години,капут што го купив од зара пред 2 години не се променил ни малку,ми изненадија бершка и стравидариус да имаат нормални цени а имаат убави работи,не можев да влезам во women secret да видам какви се цените,па кој бил нека пише