Наредна недела планирам да одам, да видам што има па и да си купам нешто. Една другарка беше ми вели редици, редици премногу луѓе плус и полиција имало до толку ли е гужва
Ма немој имале пари за бензин, затоа цели автобуси беа преполни тој ден со луѓе што изнакупувале тоалетна! Колку и да е смешно за некој, признавам и мене ми беше и смешно и се нервирав што зафатиле плус две седишта со тоалетна и пуни ќеси од маркетов, али коа ќе размислиш реално за разлика од тие што се возат со убави колички низ град другата половина стварно немаат пари. И јас бев до маркетот за виното и шампоните и при влагање ме избуткаа како во стампедо да сум и единствено за тоа можам да кажам дека е срамота, а за тоа што некој гледа да помине поевтино апсолутно немам намера да се серам и да изигравам граѓанин на ниво. Мене не ми е јасно што па некој се најде толку повреден што некој купувал тоалетна на акција и се грабал за истата?!
Оф Боже, што ви сметаат луѓето кои купувале ефтина тоалетна бе? Има семејства кои едвај преживуваат па секој еден денар плус им значи многу повеќе, за разлика од вас кои им се потсмевате тука, а реално , тој ваш потсмев го сфаќам како ваше разочарување што од „тоалетарите“ не сте можеле да влезете во маркетот да дограбите нешто на половина цена. Научив многу да ги ценам парите, иако не сум задолжена за пазарење бидејќи моите го прават тоа, сепак среќна сум што го имаме овој маркет, и сигурна сум дека секое одење во Сити Мол ке го посетувам за да земам чоколадо за 30 денари, Кит Кет за 15 денари, макарони за 9 денари и супа за 10 денари. И не, не ми е срам, задоволство ми е кога ќе видам нешто што го користам со -50%. Дали е фустан или чоколадо, сеедно...
Па може ти нема да се радуваш ама има луѓе што од земјава не излегле и за нив ова е вауууу.Многу луѓе ни Зара ни Алдо немаат видено,па за нив ова е нешто сосема ново.Па макар и да неможат да си дозволат да испазарат во Бершка,ако ништо друго,барем ќе си се прошетаат и ќе видат нешто ново.Без навреда.
Ова Алдо искрено првпат го гледам и слушам и искрено не ме воодушевува, обични дури и грди работи има за мој вкус, тоа штиклите со 10 сантима платформа ко копита се Чизмите се ок, некои класични и убави модели малку скапи, ама ако се кожни вредат. Само тоа ми се допадна, класичните модели на чизми, другото кичесто тигрести дезени и некои штикли у дречливи бои ... фуи
работе ли утре сити молот? ај сакам да шетнам малце на првиот ден не беше се ни отворено и само малку разгледав. и да тели вејл го отворија?
Добро, која ми е сатисфакцијата од тоа - леле какви работи видов, уф уф, а не можам да купам ништо? Овој синдром само кај нас ли е популарен? Ме потсетува на вицот - - Добар е бурекот онаму? - Да, добар е. - А од каде знаеш, си го пробал? - Не, ама бате гледал едни како јадат. Мислам... што ви е филмот? Прошетав, си наполнив очи.... ваууу, паѓам во несвест, се радувам ептен. Нема грешка. За тоа што го коментираше Маја, не е точно дека сме се иссмевале за луѓето што се з`гнале да си купат евтина тоалетна хартија, со таква злобна намера, посебно за оние што навистина немаат. Јас чисто го споменав тоа, затоа што иритира фактот што голем дек паднаа во занес-потрес за Зара, Бершка и ред други фирметини, како да ќе се товарат со куфери од споменативе бутици, а ваму трчкаат да купат тоалетна хартија на залиха. Нели е тоа жално, ем смешно?
^Не да е жално,туке е трагично тоа што продавници кои всушност се за средната класа и во другите земји се рачунаат да не речам за багатела и каде луѓето купуваат на големо,на нас во Македонија ни се скапи и мака мачиме за еден партал да си дозволиме.Не дека цените се различни скоро исти се,туку тој ни е стандардот и тоа е ТРАГЕДИЈАТА. А иначе за тоалет хартијата и шеќерот ,дознав од дури неколку личности дека всушност го купувале од таму за да го препродаваат во локалните продавнички кои им го купувале за поскапа цена..Што ти се претприемачки способности на кризава,народов во се само како да заработи пари гледа . Зборот ми беше за плакнењево очи.Јас го спомнав тоа,и да ми преставува задоволство на мене како личност,да се шетам по продавници дури и ако не сум во можност секогаш да си купам од нив. Не дека тоа ме исполнува и дека ми е некој приоритет во животот,ама едноставно на тој начин се релаксирам.А многу поголемо задоволство ми е да се шетам низ Бершка и Зара,него ли во Еко и Шутка,иф ју ноу ват ај мин...
А утре ќе работи ли ?? конечно и јас се решив да го посетам City maal-ов, иако од старт сум тргната само за window shopping, чисто онака да видам што има!
Гледам дека многу прашувате ќе работи ли утре, задутре , во недела РАБОТИ СЕКОЈ ДЕН, и празници, и делници и недела... Буквално секогаш, исто како и Веро и Рамстор.
Утре му е мајката, неработен ден за сите, работен за сити мол. Пак ќе има многу гужва со сигурност, a јас сум изгледа од ретките што сеуште чека да стивне еуфоријата за да го посетам. Пред некој ден кажаа дека до сега над пола милион го посетиле, ако е точно значи повеќе од пола Скопје веќе поминало низ трговскиов
Hе само од Cкопје, во Cити Mол пазарат и од другите градови, со организиран превоз ги носат, а и Kосовари имало доста. Eве, и јас отидов. Hе отидов со очекувања којзнае какви, па така и не добив којзнае какво просветлувње. Mислам, да се фасцинирам од здание 7000 м2 полно со дуќани што не можам да си ги пружам, ми е нон сенс. Tрговски е бре луѓе, не е пирамида. Hакратко ѕирнав по излози, влегов во прочуената 3ара и ролнав со очињата. Дал ќе бидат толку приступачни цените ко што се зборите по темиве - не знам, кога ќе видам со свои очи ќе ви кажам. A затоа и кажувам дека не очекував ништо спектакуларно, не знам зошто пола народ разочарано излегува од другите дуќани освен од Kарфур, па што очекувавте бре луѓе од такви марки, цени ала Певекс? Aко де, очекувајте ги. Aко ги дочекате - пишете на темава. Jас Певекс и Пренди уште ги посетувам и ќе ги посетувам. Hе барам марки во орман ако не можам да ги приуштам.
Дури има на лагер, да се земат примероци од легендарната тоалетна, сушара, банани и слично и да се стават како поставка во музеј под наслов "предмет на најголемата борба на македонскиот народ во 21 век".
Па пред да реплицираш и да се впушташ во дискусии на водење инает 1. препрочитај и види што точно сакам да кажам 2. одлучи се кој став го имаш се на се, па после да водиме нормален муабет, без серење де. Знаев дека ќе излезе некој со цитирање, ама уште кога го испратив мислењето немав намера ниту да водам сметка кој каква тоалетна користи (зашто воопшто не е во тоа поентата на негодувањава) ниту пак да се објаснувам по пет пати за нешта што се веќе јасни и многу добро си ги знаете.. мислам логички би било да знаете како функционира во глобала менталниот склоп овде, не? Едино не разбирам како и покрај тоа имате потреба да пишувате жалопојни коментари, оттаму излезе и мојот коментар. И тоа што беше напишано за потсмевање.. Јас, пример, не се потсмевам, јас само уште се чудам каде тоа живеам.. Ама добро, требаше да очекувам дека некој ќе се препознае во напишаното па ќе реагира и ќе се правда. И пак тоа не ви дава за право да извртувате со парадоксални заклучоци. Сме се ругале со нечија сиромаштија, ама поента..