Комотно да си ги купиш Не дека јас сум некаква гаранција, ама имам повеќе кондури од Страдивариус, Бершка или Зара и сите се квалитетни, убаво се правени, дали се на штикли или не - ептен ми се ко папучи, удобни за одење, плускавци не ми прават...едноставно се навистина квалитетни и еве издржуваат повеќето со години непроменети. Така да према мене, go for it. Се разбира квалитетот ти на лице место ќе си го видиш дали е ок, како се шиени и слично ама јас досега не сум утнала. А инаку мислењето дека Зара е евтина е утопија. Не е ич! Барем не за мене. Не дека е луксуз, ама не е и најевтина. Треба да се почека до попустите...ако ги има у трговскиов воопшто.
Чекав да се стиши гужвата и еуфоруијата околу city mall-ov..Ама како што слушам од пријателкиве мои и после десет дена уште има гужви и неможе да се шета релакс. .Искрено најмногу сакам да отидам во маркетот Карфур за другиве продавници и Зара и сите останати такви продавници се веќе видени,освен тоа француската за чевли кои се со цени недостапни за просечниот Македонец,освен ако нема попуст и ако даваат на рати Сте биле ли деновиве и каква е атмосферата?
Атмосферата во Карфур е добра се додека не се вратат луѓево од работа. Иначе во целиот трговски кога е работен ден е добро не е гужва, ама сега на 11ти октомври имаше гужва. Мене ми се засвиѓаа неколку работи, ама ќе си почекам малце
Јас па не размислувам како Пирамитка Би ги купила чизмите ако се на попуст, а ќе бидат тие и 50% и потоа можеби 70%. Ама според мене Бершка и Страдивариус имаат просечен квалитет, ама не за 50 евра за чизма од еко кожа претпоставувам, кога вчера баш гледав во Дора во ГТЦ чизми на Биана чиста кожа предобар квалитет за 3300. Во Баргала лани барем беа 3500. Така јас размислувам, бидејки чизма си е чизма, треба да те топли и да не пропушта зимно време, подобро кожна него еко кожа за истите пари. А воедно знаејки дека секогаш гледам чизми од 7 до 20 евра максимум во Солун на попусти од Страдивариус, оваа цена 50 евра ми е ту мач мене. Лично кога би ја видела цената би се изнасмеала, а не па да ги купам. Едит: Еве баш ги гледам чизмите и цените го Грчка. Само 2-3 пара од по 70 евра се кожа. Другото еко кожа е. http://www.stradivarius.com/webapp/wcs/ ... uId=333503
Во Карфур има персонал од Бугарија и Албанија кои се тука за да ги обучат македонците во работата Тие ќе си одат до крајот на месецов сигурно и тогаш само наши луѓе ќе работат во Керфур
Скар на Анабела што не ми пришла Бев, од надвор фино изгледа, големо, си викаш ќе се изгубиш. Влеговме внатре и првото нешто што го забележа моето лудо око е колку се плочките на подот уништени и дека не се баш најправо залепени. Трговскиов се гради одамна, плус се збори нели дека е најголем бла, бла ваков пропуст не требало да има. Друго, не ми се допаѓа како е искористен простот, скалите одземаат многу место, а и за тоалетите не знам зошто направиле таков распоред. Ај да не мрчам многу за тоа. Влегов во дел од продавниците. ДМ е убав, голем, Космо ми се допадна многу убаво изгледа, за некои продавнички многу ми е мал просторот треба да се подбутнеш со луѓе за да разгледаш нешто. Најмногу од сите продавнички ми се допадна Бершка, што по вкус, што по џеб, па и материјалите. Не сум нешто воодушевена од материјалите на пр. во Страдивариус, па за таков материјал искрено ќе одам во било кое продавниче и ќе дадам помалку парички. Не успеав да влезам во маркетот, а и така го шетавме до другарка ми пред излегување, па не разгледав што како има, но немаше нешто многу гужва по касите. Ќе одам деновиве пак да доразгледам.
Ете, бидна и јас да пројдам да ѕирнам што има. Голем простор, по ходничињата малце тивко и мрачно ми делуваше, луѓе што се шетаа со празни раце, без ќеси, што кажува многу за цените... Да земам солидна плата, редовно веројатно не би ми било толку скапо да си приуштам некои ствари. Во Бершка имаше преубави фустанчиња, од кои, да беше пролет или лето би пуштила срце да земам барем едно, ама сега не знам за што би ми се нашле зимава Морам да се согласам со марама за Страдивариус, и јас напипав некои џемперчиња од стварно лош материјал, ми се чини ми се лепеше за рака. Најмногу ми се допадна една продавничка за ташни и накит, имаше и некои чевли и шапки. Многу убави и интересни работи, се заљубив во ташните, во шеширите, во алките, обетките, балетанките... Оваа продавница најмногу ми се допадна. Цените...исто така посоленки, ама сепак, не е Пренди па да очекувам нешто поефтино. Еве оваа (мислам дека ја имаше и капата на тајгерлејди со пердувчињата ) http://www.parfois.com/ И огромна замерка што, не дај Боже мораш итно да си одиш од трговскиов, а си на 3ти спрат, има да кружиш низ целиот барајќи скали за да се симнеш до доле. Разбирам што е целта на разместување на скалилата, ама мене ич не ми се допадна. Си заминав дома со една гумичка од Икона откако му се изнарадував на Еднорогот прекрасен (скап) (може некој ќе ми го купи за роденден и некоја чанта од Парфоис исто ) патем...имаше од Охрид бус паркиран пред молов, со ученици...на екскурзија овде ги носат?
Не знам дали некој од вас може да ја потврди оваа информација, ама јас добив инфо дека во првите 5 дена официјално биле направени 1.200.000 евра промет во целиот трговски. Зара, само првиот ден, имала 60.000 евра промет.
За вкупниот промет на молот не знам,а и јас исто слушнав дека само Зара уште првиот ден имала промет од 60 000 евра,
Досега два пати бев и искрено убаво е што конечно добивме по некој нов бренд. Пред да се отвори го видов нацртот на трговскиот и многу ми се допадна, но кога прв пат влегов внатре се разочарав -зборам за конструкцијата. Верував дека ќе биде многу пофенси, да речам, бидејќи однадвор дава поинаква слика. Сепак, изгледот на продавниците е на ниво, единствено што подот е многу нечист и самата околина на трговскиот сеуште не може да се опорави од градењето претходно. Многу го избрзаа отворањето, ама.. бидна. Минав добри 85% од продавниците, освен фамозниот Carrefour каде што буквално се чека ред за да се влезе внатре, а и на каса исто така. Според мене, мислам дека еуфоријата за маркетов нема скоро да стиши. Бершка, Страдивариус и Pull&bear ми имаа нај-ок цени од сите продавници. И квалитетни работи, со исклучок, секако. Во Зара очекував да е барем степен поевтино, но сепак, некако мора да се плати киријата на тој огромен простор. Има преубави работи, но не би дала 3.999 за плик-чанта Сега се што сакам е да излезе некое добро филмче во новите 3Д кино-сали. Инаку, ми текна една многу битна работа..... До мене е, или никаде нема Старбакс?? При прво влагање тоа ми беше главна помисла и најмногу му се радував на кафе-пиењето таму
Се здружија сега Тинекс, Веро и СП против Карфур затоа што не им одговараат цените. Сееднно, на народот најмалку му е гајле чиј е маркетот, битни му се цените. Без разлика дали Карфур е Француски или Грчки, тоа никому нема да промени ништо. И уште едно нешто, ако не е францускиот Карфур, а само го користи логото на Карфур, како ги набавува оригиналните Карфур производи? Едит: Кој кого лаже сега? Ова е од оригиналната страна на Карфур. Очигледно нашите новинари не го знаат значењето на зборот франшиза. http://www.carrefour.com/cdc/group/curr ... kopje.html
Уште еднаш се потврдува дека новинарството наше смрди. Убаво си пишува на официјална страна на Карфур: :roll:
A Bерово божем не е грчко A таму влагаш, и одма те снемува рикверц, дефинитивно најскап маркет, ај се надевам со Kарфуров ќе му текне да ги спушти цените.