Пред некој ден знам беа гимназијалци од Охрид за Пробиштип па после накај Скопје, па биле во трговскиот на посета..пошо дечурлана,сите заинтересирани да го видат.
Не верувам дека ќе ги спушти цените. Се исплати да купиш нешто што е на акција, другото горе-долу исто, а на некои продукти и поскапо. Колку што начув, им стигнало и тужба затоа што Алпското млеко го продавале по пониска цена, без претходно оодбрување од млекарата. Друга работа, не дозволувале купување на повеќе од 3 исти продукти. Значи, нема купување на пакет, што е дозволено во другите маркети, максимум 3. Глупости!
^ Епа по 3 е дозволено ( ама имав прилика да видам дека не се почитува тоа) за да не дојдат некои да купат на големо па да препородаваат, бидејќи и такви има.
Дали некој знае дали денес работи Nine West? Синоќа сакав да разгледам подобро што има, но не беше отворено (а минатиот викенд работеше).
Што ми смени отворањето на City Mall во животов? Сега купувам Кока Кола за 22 денари и Милка за 40 и некој денар од Веро Бев петокот по отворањето и разгледав. Во Carrefour не ни се обидов да влезам, во омилената New Yorker не успеав затоа што ми затворија пред нос. Го излигавив и онака нечистиот под во Zara, Bershka i Stradivarius не ме воодушевија многу. Цените горе-доле ми се очекувани, Zara е доста скапа и поскапа од грчката, другиве две за нијанса поевтини. Забележав дека секаде има многу убав накит. Не ја најдов New Look. На третиот спрат скоро се се отвораше „Наскоро...“, гледам го отвориле Burger King деновиве, можеби ќе отидам неделава да пробам нешто од таму. Се на се, избрзано и недосредено. Убаво е што отворија нов трговски и уште едно место на кое ќе висам, ама од друга страна требало да го стасаат на време, датумот на отворање беше познат одамна. Ама некако сето ова веќе и не ме изненадува.
Син ми сака да оди во Бургер кинг, ама некаде прочитав (а немам врска каде) дека некој бил и 2 хамбургера (веројатно 2 оброка) платиле 640 ден . Јас ги гледав цените на нет, поскапо од 5 долари не видов ништо, а оброк хамбургер мислам дека беше 3 долари. Да не кажам дека во Тото плативме толку за ручек за двајцата, па искрено, не би го носела ако се такви цените (ама да си знам на време да го разубедам ). Има некој инфо околу ова?
Еден другар зема хамбургер од Бургер Кинг, ми рече дека го платил 130 денари.Само хамбургер,без компирчиња или кока-кола.Мене ми се чини тоа премногу за обичен сендвич, посебно што се многу мали, помали се и од тостовите во McDonald`s, значи нема шанса еден хамбургер да те најаде Ако сакаш однеси го еднаш, нека му пројде меракот, не верувам дека ќе биде многу задоволен и дека ќе сака пак, ама барем ќе му ја исполниш желбата да проба
^Во бургер кинг најефтиниот оброк од видот хамбургер, чизбургер или слично, е whooper junior 150 денари - (нели оброк хамбургер, сокче и помфрит). Цените се многу ,,напумпани'', со тоа што останатите оброците достигнуваат цена тродупло од ова што лично за мене не е прифатливо. Која е логиката да дадам 350 денари па и повеќе за еден обичен хамбургер, пример? Истите пари би ги потрошила многу порационално. Не ја гледам сатисфакцијата да јадам оброк од таа цена, кога за мнооогу поефтино а и повкусно би си поминала пример во Вили или Нино.. Чисто за пример кажувам. И една од вработените им е многу смотана. Таа мене што ме услужуваше. Опрај се жити мајка, со време.
Офф топик Милката сега сегде ги намалија,ама пратете,грамажата сега е 80 г,не 100 Ептен се занесуваат. А иначе и јас ќе поминам во молов,да разгледам,а знам иначе дека пред зимата ќе паднат цените,накај крајот на Ноември.
Јас само ќе кажам дека Карфур е премногу нечист , и неубаво уреден и никогаш нема да ги стигне ни Веро ни Рамстор...е сега тоа со цените е веќе кажано и прекажано , ама з анечистотијава морав да пишам еден така голем и познат маркет мор аи тие услови добро да ги исполни.
Карфур е нечист, хаотичен и веднаш ми создаде некое непријатно чувство што едвај чекав да излезам. Купив нешто колку да не сум без ич. Многу бугарски производи со сомнителен квалитет. Дури и читачот на цени е на бугарски. Најмногу им се израдував на моите омилени колачиња-Палмерси со знакчето на Карфур (30 и нешто денари). Си направив резерви. Што се однесува до другите продавници, влегов во Зара и тоа во детскиот дел (му купив на син ми тренерки). Со сигурност тврдам дека истата детската гардероба ја имаше лани есента во Германија, добро ја паметам, со исти цени како кај нас сега.
Се согласувам за нечистотијата, бевме и ние пред 3-4 дена, колку да видиме што е. Влеговме во Карфур и така некако само протрчавме, ништо не купивме, дури и не ми се ни допадна. Некако беше многу хаотично, 15 мин. баравме паркинг, си вртевме кругчиња. Влегов во Зара и си бендисав капут, ама цената не ми се бендиса, 7000 ден. за капут ..искрено не вредеше за тие пари. Детската Зара ми се допадна повеќе, имаше убави парчиња гардероба и цените не ми беа толку страшни. Пак ќе одам, ама овојпат и со ќерка ми, мора да биде со мене за да проба.
Не сум била во Скопје па да го видам Ама не се ни брзам многу. Веројатно ќе се разочарам,и наместо во Зара ќе си отидам стандард во теранова. И не,нема да се тепам за тоалетна хартија
Истото мислење и јас го имам за Зара, овој бренд уште во Грција кога бев пред добри 6 години не ми се допадна, има убитачно досадни модели, нема нешто интересно да се најде... така по некоја маица, друго се ми е пластифицирано како што кажа една феминка, а цените пренабилдани дури ни попуст нема да ме привлече и да и јас приметив дека детската Зара има многу поубави модели и тоа не само кај нас во Скопје, исто и во Зарите низ балканот. Овој бренд мене ми е тотален промашај. Повеќе ми се допаѓаат моделите на Stradivarius, Bershka и Pull&Bear, отколу ова срање од фирма, оваа фирма ме потсетува на Пикокс што беше во Сити галерија на плоштад. Жал ми е и на мене што H&M не влезе во Мк, има многу поубав избор на облека а особено аксесоари, неможев да се изнагледам а во однос на цените е тука некаде со Зара ама барем има поубав избор, ако ништо друго барем Pmikie да го донесоа, друго се во овој трговски ми е веќе видено, брендови кои веќе сум ги видела низ Скопје.
Јас ако уште еднаш влезам во Сити Мал ангела да не се викам... Значи онака сабајлечки радосна што нема да одам во школо ќе одам во Скопје во Сити Мал. Па ќе си купам се и сешто.Како си се замислував мислиш во за Лондон зборувам не Скопје.Но за моја среќа или несреќа имаше некоја сличност.. Влегуваме значи воодушевени од згрдата првин па потоа од брендовите. Ајде ќе влеземе во ZARA . Влегуваме онаа значи се убаво и ми се допадна едно палтиче значи преубавоо *___*. Чекај да видам колку е цена.Леле кога видов во кома ќе паднев за едно обично црно палтиче со тие метални боцки јас да дадам повеќе од 5.000 ???!?!? Нема да може. Ај си велам нова колекција нормално да е скапо ајде ќе гледаме нешто по обично и постаро. Ајде најдовме некое маиче погледнувам цена 3.000. Им велам на мама и тато ај да одиме од тука бидејќи ќе се расплачам. Шетавме што шетавме ... и мајка ми се загледа во едни чизми од stradivarius (мислам дека се викаше) 6.000 И велам мамо познати ми овие ... таа вели затоа и ги гледам И кога ни текна . Па кај нас во Персин 1000 ден. се исти такви.!! Кога почнавме да се смееме си излеговме и си појдовме дома. Си дојдовме во нашето мило и ефтино Куманово си отидовме во Персин си купивме чизми . Мајка ми ги зеде тие исти како во сити мал ама баш исти 1000 ден. Јас си купив 950 и уживанција.Вреди да дадеш толку пари за такви чизми. А јас колку си се самата на себе смеев кога мислев во сити малефтино е бе ќе си се изнакупам. Оно ни едно парче облека не купив од таму...отидовме само за да не ни солат памет тука...за џабе потрошено гориво
Бургер Кинг се прецениле!!! Најобичниот оброк со хамбургер, кока кола и помфрит е 150 ден. грамажата иста ко у МекДоналдс. Знаев дека ќе биде поскапо ама не очекував дека до толку, мислам не дека ми значи нешто мене лично затоа што не ни планирам да јадам таму коа у Мц ми е повкусно, ама греота се луѓево, првпат гледаат Бургер Кинг и ајде мора да се проба па се опрчуваат по 200 ден. за сендвич у заб да ти се пикне. Редици, редици абе мислам дека Старбакс да се отвореше немаше да сечека толкав ред Ако е нешто ново немора да значи дека мора сите да пробате од таму и покрај тоа што цените се дупло повисоки од сите можни сендвичари у Скопјево! А за тие што не пробале да ви кажам дека МекДоналдс е 100 пати повкусен, а има и уште еден феномен што не го разбирам, зошто у странство МекДоналдс е поскап од БургерКинг, само кај нас е обратно?
Никогаш немало да стапнете во Сити мол скапо било а? :geek: Скапо е ок, ама чекај што цени мислевте дека ќе има во најголемиот трговски во Македонијава, најдобро уреден, со најскапи кирии? Плус сакавме брендови нели? Абе брендовиве си имаат супер цени дури кога ќе размислам, ние немаме добри плати, тоа е најголемиот проблем. За еден германец со плата од 3000 евра проблем му е 35 евра да даде за фстан на ќерка му? Како не, тоа му е ко да си купил у наш Пренди, додуше не, поефтино му доаѓа. Ефтините наши продавничиња никогаш не се во трговски како Сити мол, Рамстор, Веро ... туку се маалски забутани продавничиња. Во Рамстор да не има ефтина продавница? Жими онаа за чевли новата, иначе 5 години продавници изгор имаат. Ах да и она Фиори грдоно што е ефтино. Колку ти е чергичето толку ќе трошиш. За мене е многу и 1000 денари, за некој е обична дневница. Кој има пари ќе си купува и гајле му е, кој нема кажав Сити мол музеј ќе му е. На 15ти јануари се кладам дека уште поголеми гужви ќе има од првата недела кога се отвори Сити Мол. Немало да одите, ах смешки. Ќе видите...