Што ве гледам така, се замарате за облеката. Пффф...дада ви ко си ја летна Бургер Кинг да го бара, пола саат и’ требаше. Па дури да дојде на ред на каса, па дури да нарача... Па што сам се зајебала...Ау! Гадно лажат дека е правено по оригинални рецепти. Жими газов. Врска нема. Лупнав 250 на смотан чизбургер оброк, пола чаша мраз и 3 голтки пепси, а помфритот беше прегорен. Врвот - крилцата! Јао човече! На слика - медењаци, во живо - ко лајна, опростете на израз. Мрсни, никакви, жилави, сосот повеќе личи на скапана сланина отколку на нешто...грозота! И така...си подголтнав од мака, барем чизбургерот не беше лош. Карфур бе арен е, ама претеруваат со купувањето. Гз папирите се на прво место, а видов и тројца со нови плазма телевизори кај што чекаат пред каса. Се нема пари, шта чеш... Бутиците ги испрошетав онака, цените очекувани, кога ќе купам нешто, ќе ги искоментирам. Сепак арно е. Големо, убаво уредено, само фали по некоја клупа.
Ехх, златен Солун... Се ми се чини дека и за попусти таму ќе си одиме, ама ај да не зборам предвреме. Таму Грци-тука Косовари-значи слично, а? Е стварно бензинот арч е , ама барем човек кејфот ќе си го направи и ќе излезе од Македонија-ва. И ќе пие кафе на море Малку офф-ама морав!
На трети. Одма карши книжарата ,,Икона'', до скалите се наоѓа, нели во редот на останатите фаст фуд местенца.
И јас бев минтиот викенд, планирав да се подновам со некое парче облека, а единствено за што дадовме пари беше за Бургер Кинг и кафица За цени ептен се занесуваат. Ама ептен ми останаа во срце едни фармерчиња од Зара, 2900 беа, а и во главно толку беа сите панталони таму. Ептен по кеиф, мх.
Па ново е убаво, ама не е ништо посебно. Мислам дека го имаат отворено пребрзо. Кога бевме со другарките да го разгледаме снема струја па не затворија во продавницата да не украдиме нешто, после неколку дена ете и поплава имало. Прво требало да го средат убаво па потоа да го отвараат, и многу од дуќаните не беа отворени.
Значи има убави работи но некои се соленки...мислам дека е добар но ги енма тие што ги очекував марки и пак ке одиме на шопинг кај јужните соседи...
H&M нема да има, повеќе пати е повторено во темава, а Зара е отворена уште од почетокот кога се отвори Сити Мол.
Офф,а баш најмноогу од се сакав да отидам во H&М.Меѓу омилените ми е,ама ајде здравје друг пат... :geek: И извинете за офф...
Вечерва бев, и уште има гужва. Имавме работи за купување по дома, па викаме со муж ми, ај во карфур, и онака бевме во тој реон, да завршиме работа таму. Карфур ме разочара, веројатно затоа што очекував да биде како во Франција, ама ете, не е Нема баш нешто посебно нови производи, имаше многу гужва, во Тинекс или друг супермаркет сто пати побрзо ќе завршевме работа. Па и не ми се ни виде посебно голем. Другите продавници ги видов пред 10-тина дена, денес воопшто не шетав по дуќани. И онака не сум за шетање, минатиот викенд бев во Ушќе и Инџија, направив зулум таму, и сега до плата ќе си седам мирна. И не можам да прифатам дека Сити молов е поголем од Ушќе. Може е, ама таму има подобри дуќани.
Бев голем е не сум посебно воудушевена. Не го прошетав цел како што треба Бершка и Пул енд Беар ми се видоја со понормални цени си купив фармерки од бершка и едни од пулл енд беар Керфур не ми се допаѓа Веро повеќе го сакам КАко и да е пак ке одам кога ке сум малце при пари имаше добри парчиња облека
Денеска бев да прошетам во Скопје Сити Мол, навистина има убави работи и се е брендирано нема нешто под 1.000 ден. А јас ни на крај памет нема да давам 1.000 и нешто денари заради едно парталче. Луѓе немаат за леб, а тие ставиле 7.000 илјади за едни чизми. Ахх... кај ги видов кај се запустив, ќе ги сонувам вечер, преубави се! За некои со подлабок џеб и не е проблем ама повеќето се сиромашни. И ајде да не одам празна домче си влегов во кинеската и си купив 300 ден едни патичиња, ами како поарно нешто отколку ништо. Ааа да... и храната има солидна цена па си тегневме некоја кесичка. Да не излагаме празни .
Ако Тејли Вејл ги има попустите и цените како тука и во Италија, бидете сигурни дека ќе се скапате од купување и пак ќе се вратите со пари во новчаник дома