Skopje City Mall

Дискусија во 'Мода и стил' започната од cvetce93, 23 август 2012.

  1. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Ke oдам за пола саат па кога ке се вратам ке ви кажам каква е ситуацијата :)
     
  2. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Да,и мене ме интересира дали има гужва и дали се исплатува да одам и да го трпам патот? :tmi:

    Сакам да си земамм некои чизмички ама незнам дали се скапи,ефтини....

    Ај LittleFairy ко ќе се вратиш одма пиши,ме интересира :wasntme:
     
    На LOmikol и LittleFairy им се допаѓа ова.
  3. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    И јас сега за 1-2 саати ќе одам...И ќе пишам. :)
     
    На LOmikol му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш само да се шеткаш оди, или ако ти е само за да ти помине време, а за чизми не планирај дека ќе потрошиш помалку од 3000.Изгор скапо е.
     
    На LOmikol му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Дојдов видов, одвај успеав да се избуткам за да си отидам.
    Впечаток, онака, средно жалосно.
    Загушливо е уште, додуша јас прв пат и одам, ама ми кажаа дек било загушливо кога се отворило.
    Вентилацијата уште не им работи асално.
    Е сеа продавниците, прво маректот, Карфур, баш пред да си одам од Истамбул бев со Карфур таму, има разлика со нашиов.
    Нечисто, преголема турканица, култура 0.
    Ефтино нешто посебно не видов јас, освен ритер спорт тоа што беше 40тина денари, е да 20 денари поефтино него обично.
    Пола Косово беше дојдено денес, и таква гужва ствараа тие, мајко моја.
    Зара не ја коментирам, излeгов за 5 минути, разочарана.
    Едино за око ми фати една бежутерија Parfoic, додуша имаше и прекарни обувки и ташни по така средни цени, ни ефтно ни прескапо, ама преубави работи.
    Чизмите им се преубави, еко кожа беа ама убаво изработени и многу удобни.
    Накитот им е екстра, по мој вкус.
    Алдо се забораил со цените, претерале, немаше штилки испод 5000.
    Накитот им е за нијанса поефтин, т.е имаше интересни менѓушки за 300 денари.
    НЕ само што не е ефтино, дури и прескапо е.
     
    На LOmikol, LetsTalkFashion, tea4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Epa да пишам како беше.
    Отидов и имаше гужва,загушливо...за тие што несакаат гужви и туркања нека не одат.И многу слично е на Космов во Грција.Воопшто не сум воодушевена.Толку.
     
  7. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    По се изгледа не се исплатува.
    А јас сум запнала оди па оди...Е неможе... ]:)
    Да трпам гужви? Нема шансии...
    Овде ке си најдам што ќе си сакам и + :!: поефтино.Квалитетот е ист а ваму а таму ,исто е...

    Фала ви што пишавте... ;)
     
  8. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Абе видете, ако имате вишак пари па ви се фрлаат на чизма која ќе ви служи само во есен и евентуално чат-пат во рана зима кога ќе нема снег, тогаш на вистинското место сте. Сите продавнички од типот Њу јоркер, Бершка, Страдивариус и останати го нудат тоа. Јас бев цврсто решена да земам едни чизми од Страдивариус, 3,000 денари беа, ама кога седнав и малце поубаво размислив го сфатив следново. Прво и најбитно за мене, рамни се премногу - што значи на снег нема шанси со нив човек да излезе.. Ако му се прават гимнастики на мраз, ондак добро, може :D Јас сум премногу несмасна и смотана во тој период од зимата, што значи ми треба чизма во прав смисол на зборот. Второ, изработени се многу површно значи квалитетот не ветува многу. Плус, голем дем од нив се антилопски, значи рачунајте на снег и вода нема шанси со нив. И трето, 3,000 не се мала пара па фрли ги туку така. Со истите или евентуално би додала уште нешто мое присобрано, би си купила квалитетна кожна чизма која би можела и на суво и на мокро да ја носам, да не бидам ограничена, а пред се чизма што вреди за парите, барем да не ги жалам, ако не друго.

    Да не се лажеме, се наоѓаат убави зимски чизми со доста приступачна цена во трговскиот.
    Пример во Принцип (или Принчипе како и да се чита) кај што ги земав јас моите, најголемиот дел од чизмите се со цена од 1700 денари и ги исполнуваат условите за квалитетна зимска чизма. Да бидеме реални, не можеме да бараме квалитет по цена еднаква на два вупери во бургер кинг. :D Е сега, добри чизми има и во Алдо, Памс и низ останатите продавнички со обувки со ненормално високи цени, па сега Боже мој, кој може да си дозволи, ете му.

    А јас во Карфуров не ни планирам да влегувам во блиска иднина.
    Многу непријатна атмосфера ми има, ми ствара нервоза... Влегов со мајка ми за повеќе работи да земеме и понесени од анархијата внатре излеговме само со чипс и леден чај во рацете. Во Тинекс ми е поубаво, најискрено ви викам... Тука владее тотално безредие!



    Сигурна си дека само пола Косово е дојдено? :D
    Пола Косово е само по Карфур набутано, останатите се низ продавничките...
     
    На Saki15, Sara123, cinderella5 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Па вака ако мислите да дадете пари за чизми одете си бре во Пеко или Алпина, барем знаете пари ќе дадете ма и ќе носите бре, и тоа асално носење, повеќе од 3 години. :D :D Овие Бершка, Њујоркер вамте тамте залажувааат со цените, ќе си речеш еј, глеј ги 5000 чизмиве квалитетни, али тешко и две сезони да издржат.Ма за 5000 бре, можеш 3 пара чизми да си купиш нискобуџетни, па и една сезона да ги носиш барем ќе си мењаваш. :D
    Уствари, што земав едни чизми од една маалска продавница во Маџари, не памтам цена ама не беа повеќе од 2000, абе ги утепав од носење 3 години.Коска. :rofl:
    Ја и сега би ги носела, али почна да се одлепува ѓонот и патентот се скрши, време е за нови. ^_^
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    1.151
    Од сите нови продавници, Масимо Дути е врв. :geek: Лизга низ прсти тоа свилата, ама прееескапо е.
    Во маркетот воопшто немам намера да влегувам во скоро време зашто уште се чека ред на каса. По продавнци прошетав, не сите, повеќето. А моја препорака во однос на кондури е - од Бершка и компанија само штикли. Ни патики ни чизми, строго штиклите им чинат од обувки. Од сите тие Зара има најквалитетни кондури, посебно тие што се од кожа, си вредат, од таму може и чизми. А мојата најголема пофалба за молов оди кај Космо дрогеријата, предобро е средено, и Котон. Најтоплата атмосфера во продавница, најљубезните продавачки и преубав избор на парчиња.
     
  11. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Значи со просечна македонска плата не можеш да влезеш по овие поскапите...иначе убави работи има...
     
  12. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Абе сегде да влезиш имат убави работи,ама пустоо скапи се...
    абе многу ми се оди ама ај.... :doh: :doh: :doh: :doh:
     
  13. WeHeartIt

    WeHeartIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    130
    Цените се изгор...ништо си немам купено од таму а не ни планирам!! :o
     
  14. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Бев саботата и нешто слично како Рамстор е, не е ништо посебно, продавници наредени едни до други, што си е голем си е голем, изобилува со простор за тепање на време поминато во шетање од продавница во продавница и со силна желба за купување на нешто и мака дека не можеш истото да си го дозволиш зошто не ти се даваат толку пари или ти е прескапо.
    Влеговме во Керфур, купивме нешто за јадење, си купивме со сестра ми по едно перниче од 65 денари(многу убав принт имаа, заради тоа), и други работи пропазареа другиве за дома и тоа беше тоа, од друго место си останавме со мечта за прекрасни парчиња облека и надеж дека еден ден ќе бидат наши.
    Се на се, добро место за разгледување и за купување за оние со подлабок џеб, а за другите добро место само за разгледување. :fubar:
     
  15. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    Бев во петокот и ми се допаѓа како место плус за шетање. Освен тоа сакам што можеш да најдеш се на едно место ,без многу да се шеташ поготово кога ќе почнат снеговите.
    Во продавничките за широка потрошувачка со попустите се надевам дека ќе можам да си купам по нешто. Знаете Бершка,Страдивариус,Зара од пред некое време не ја вбројувам во нив.
    Многу ми се допадна огромната книжарница. Како мало дете се радував на неа.
    Каснав и во Бургер кинг , онака за промена беше сосема во ред храната.
    Исто им се радувам и на кината се надевам ќе носат квалитетни,интересни и нови филмови. :)
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Малку сум надвор од темава, ама ме интересира дали во Космос има Масимо Дути и какви се цените во однос на тоа што се тука. Чисто за пример машко палто, преубаво значи 15000 ден. па ме интересира дали во Солун би било нешто поефтино. Ениуан :^)
     
  17. analia13

    analia13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    31
    да дефинитивно. споменав и погоре дека овде цените се изгор жешки по ти се исплати да си отидеш у солун у космос него ли овде овде се е за негде 10-15 евра поскапо а у солун за време на попусти а и онака ке си купиш нешто плус за тие пари ;) :lol:.
    :!: е сега ако не ти се иде до солун дај ги парите
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Чисто информативно ме интересираше, ако е толку мала разлика за 10-15 евра за палтото што го споменав не се испати, само за тие цени ме интересира некој со сигурност што знае. Логично е дека се поефтини цените за некои симболични суми. Искрено се надевам дека барем 50 евра би било палтото поефтино во Солун. На интернет не успеав да ги најдам цените, само видов дека има Масимо Дути во Космос.
     
  19. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Јас до сега сум била 2 пати. Една идеја за молов да се направи хммм, попривлечен.
    Нема да ни штети ако стават неколку проклети растенија таму-ваму. Поготово кај тие што се како дупки (си се смеам сама себе за изразов :lol: ) Веќе кога клупите се непостоечки малку зеленило да ни ги одмори очиве нема да биде лошо.
    За цените во продавнициве да, скапо е ептен. И цените тука се благо поскапи од другите земји. Си купив кремасти панталони од Страдивариусот во Ушче,Белград за 2300 динари што е 1150 денари. Тука ги има истите за 1390 денари... Just sayin' :fubar:
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.353