Има Манго, види на сликата од Росоњерка Инаку, да ви кажам, просто не ми се верува дека вакво нешто ќе му се случи на Скопје, и дека нема да морам да се акам до Солун на шопинзи
Керфур ќе биде на нешто повеќе од 4000 м2, Зара повеќе од 1500 м2, Њујоркер околу 900м2,Бершка 600м2, Страдивариус 386 м2, Пул енд Бер 480м2, тие се поголемите, инаку ќе има и massimo duti, mango, DM, alcot, motivi, celio, officeshoese, aldo, geox,bata,cosmo, shatze,timberland, swarovski,golden point,migato shoese,terranova,ltb,promod,lacoste,adams shoese,springfield, bitsiani, giovanni gali, extera,new look....сигурно заборавив некоја продавница
да Ви ја кажам најјаката работа што ја слушнав за сити молл- во внатрешноста на трговскиот ке бидат поставени САМО 4 клупи за седење,за да сме купувале повеке,односно нон-стоп дур сме внатре...јака идеа на уредувачот..дане мисли случајно дека ке одам таму со 1000 евра издвоени за шопинг или па дека му го крадам нетот-ебате јаката идеа..и не дека во рамстор или веро има многу клупи ама за волкав центар..што ли нема да им текне само сакам да им предложам вторник и петок да ставаат монтажни клупи дека пензионерите може пикник да им праат по плочките!
Meстото каде со задоволство ќе губам време од октомври.Не мора да купувам,само да гледам барем.Некого го опушта зелената трева,мене шарената гардероба,шта чеш.. Се радувам што конечно ќе имаме избор,и кога ќе замислам нешто ќе можам да го најдам кај нас.А не низ интеренет да пребарувам,и само да се воодушевувам дур не бидам во можност да ги купам при патувања. А плус што цените воопшто во др продавници ќе се намалат,зошто нема да можат некои продавници како на пример ЕвроАзија да ставаат сега цена од 1800ден за шорц кој јас пред 3 ГОДИНИ сум го купила во Италија во Бершка за некоја смешна цена од 10 евра максимум .
Викаат дека точниот датум ќе го напишат на фб страната кога ќе го знаат, значи ни тие точен датум немаат определено.
Едвај чекам да го отворат, не дека ќе се изнакупувам од него ама многу ми е забавно кога одам во Скопје и шетам по трговски малце оф топик: кино?? и шо сега, во Скопје ќе има две или повеќе кина?? не е фер, ако Скопје може да има 2 кина (за толку знам јас) зошто во Битола не може да има ни едно??
Извинете за оф топик ама да и одговорам :2 кина? Ме насмеа Има во гтц, во рамстор, во библиотеката Другарче и на многу други места , а во сити мол ќе има 6 до 11 кино сали (барем така ми кажаа )
Значи ќе нема H&M? Јас па мислев дека ќе има бидејќи нели има група на фб H&M Macedonia како што има Zara Macedonia и Bershka Macedonia па затоа мислев и ова дека ќе го отворат.. Инаку за отварањево јас слушнав дека на 6 Октомври ќе било ама незнам колку е точно тоа..
Не знам мене само за овој ми кажаа поминувајќи покрај плакатите во стил ејј Керфур, втор најдобар маркет бил во Европа. Само толку знам
Благодарам Скорпионка што ми ги прочита мислите. Женски вауу, јас искрено ви завидувам. Ама сериозно. Криза, ово оно , каква криза! Сите на велико се спремаат за брендови и марки, чиниш евтино ко алва. Паметам и за Рамстор така се напнавме, а на денот на отварањето само прошетавме по чистиот мермерен под. Ептен се осеќам глупо, грдо и сиромашно оти не можам да учествувам во групнава радост. Мислам - што точно треба да ме радува? Прескапи марки и плиток џеб? И да купиш едно парталче, чувствувам ќе ѝ и ја земеш улогата на тетката со бунда од илјада евра што се вози во градски автобус... или оној со ајфон 4, а нема кредит да титне. Not to burst the bubble, се повлекувам. Се извинувам што сум кенкач, до мене си е, признавам ... ама... имам чувство дека Феминава е "скромни богаташки". Тука и кај женските парфеми јанѕа ме јаде... ја нисам одавде.