rossonerka допуна ќе има.. најверојатно околу 15ти. Од сигурни извори ова А тоа дека ќе се потепаме уште во ходниците, невлезени во продавница, тоа е факт!
Фала ти Анабелке,ќе се обидам да отидам деновиве и да видам Ај женски вие што сте биле пофалете се што сте купиле да видиме
Убаво, големо, али ценитее..Луѓето се или копувачи од Карфур или шетачи.. незнам како ќе издржат со цениве
Комплетно се согласувам. За скапа, е скапа продавница и тоа многу, ама дека е неквалитетна, ни у паралелен универзум. Најубавите кошули од таму сум ги купила, фала богу на попуст, сред сезона не ни планирам да потрошам толку. А и понудата кај нас нема некои допирни точки со странската.
Оваа инвестиција за брзо време ќе пропадни.Убава е замислата али не за наш стандард.Трговскиот е преубав,ама може да има и некои продавници каде сите можат да си дозволат да купуват.Сити Мол стана како атракција за шетање,за пазарење тешко.Мислам дека тие што го граде трговскиов уште кога имале замисла требаа да знаат дека нема да просперира кај нас ваков трговски.Само ме интересира уште дали се отвори ТераНова таму?
Теранова не е се уште отворена. Не знам зошто, и јас се прашував. Знам имаа пред некое време ставено плакат opening soon. Патем, не пропаѓа инвестицијава, Косовчанкиве ја држат во живот
Не се сложувам дека е пропадната инвестиција бидејки кога и да сум била во трговскиов стално имало луѓе со пуни раце кеси од бутициве без разлика дали е сеа со попустот или предходно. Такво си е Македончето ке кука ке кука дека е скапо и дека нема пари за леб,ама на крај пак ке влезе во продавница и ке изнакупи облека без разлика дали е бренд или не. На предходните страни читав дека Бершка имало редици ,редици што пред соблекувална што пред каса.Е па со такви редици не пропага бизнис. Според мене само Зара некако ми двои од таа клапа на продавници со цените.Другиве горе доле приступачни се ,и порано имало мајци у Манго по 1500ден и сега има.
Женски кажете ми има ли фармерки до кај 1000 денари во Pull & bear ? Видов едни на страната на Зара ок ми се и тие ама сакав малце потемни да се, да го скријат вишокот Или пак во Бершка или Страдивариус има ли така потемни фармерчиња
Има евтини и во Зара и Бершка и Страдивариус, и Пул ен бер, имаше и по 900 денари, и по 1000 и по 1200. Прошетај види што ти одговара
Сигурно ќе има поголем попуст,секако чекаа Нова година да помини,па сега дури да дојдам јас во Ск,ќе дадат
Бев пред 3 дена и искрено пријатно бев изненадена од цените.. Па не се толку високи, има попуси ( ок Зара стандард и на попуст- скапа е) но на пример Бершка, Страдувариус не се толку скапи, јас си бендисав една кошулка утре ќе одам да си ја земам, 1000 денари што мислам дека не е многу.. Не ни преефтино, но не е ни премногу скапо како што се зборува. А има и купивачи, постојано гледам луѓе со кеси.. И тоа кеси бре, како на филмовине по 4-5 Не, сериозно, има купувачи, има и странци што купуваат, а и што знам, мене не ми изгледа толку скапо, освен Зара, Масимо Дути кои по мааалце си претеруваат
Ја денес планирам да идам,па да не ја видел некој Ред хот чили пеперс маицата во Бершка ?? (машкиот дел) ?
Во Зара освен некоја кошула ништо не ми фати око. Обично на попуст во Зара не знам кај попрво да се завртам, ама во нашава некако ич не ми доаѓа да купам ништо. По Бершка, Страдивариус и Пулендбер не сум многу многу, претерано ретко влегувам, ама затоа во Манго ми се допадна попустот и тоа многу. Бев и кога беше помалиот пред Нова година, а и сега 50-70 посто и си наоѓам секогаш убави работи. Масимо Дути кога ќе се спуштат уште троа на земја ќе преговараме, сега со блузата на попуст 2700 немаме муабет.
Се прашувам дали ќе има -70% попуст? И стварно не знам што ќе стават на толку попуст кога тоа што беше на 50% све се продало