Вчера бев во Сити Мол, имаше попусти и си купив јакна од Бершка, фармерки и чизми од Њујоркер ии многу ми е мака што не си зедов една чанта многу ми се бендиса ама јас ко јас, ајде уште нешто да видам и ништо не бидна, си се вратив дома. Се на се, добро беше, си ги потрошв парите
^ Уште има попусти, не знам до кога траат, ама речиси и да нема ништо убаво по продавнициве. Останати се само некои партали без врска. Единствено во Зара имаше убави парчиња, ама и со попуст не беа баш евтинки. Типично за Зара. Тели Вејл е отворен, баш вчера видов, ама не влегов
Да не има некој информации, кога ќе се отвори Terranova? И дали има некои интересни парчиња облека во Springfield?
Aко сте биле сега скоро (пред ден-два) во Бершка, дали сеуште ги има чантите по 1000 ден. оние големите, и тие по 500 ден. што беа ко помали?
Јас вчера бев, попустот трае сеуште има од се по нешто за добри и ефтини цени ,во Бершка има фармерки и пантолони за 600 ден,балетанчиња се наоѓаат по некој број 38,39 ама ретко све е 41 или 36 -.-,има ташнички преубави скоро секадеее по продавниците,ах и во Зара цените малце се соленки не се нешто баш 70%
имаше до вчера и беа намалени на 500ден големите а малите незнам,денес бев повторно но од големите немаше останато уште нешто имаше од малите ташни но во некоја маслинеста боја
Значи се покаав што не отидов со Солун на шопинг, значи овие попусти во Сити молов се БЕЗ ВРСКА! Бев 3-4 пати за време на попустиве и единствено една кошула си купив на 30%. Многу работи немаше број уште во декември, многу работи чекав да дојдат на попуст и денес видов дека иста цена си држат 1 месец. Со преретки исклучоци останатото е само партали, каде рамбовки ми држат цена 300 денари на попуст, а за 300 јас убави кошули купувам од Солун, рамбовките ми се 1 евро. А да не зборам за тоа што не извршија дотур на роба, истата роба од отварањето им е. Воопшто не донесоа за време на попустиве, апсолутно ништо. Во Космо има магацини преполни, каде секој втор ден се врши дотур на роба. И попустот им е каде каде поголем дефинитивно од нашиот. А денес па и кои гужви ги имаше, да му се згади на човек од тоа каков народ сме. Значи ако нешто е 300 денари на попуст не значи ако го земеш од закачалка дека после на под треба да го фрлиш. Дефинитивно друг пат 100 евра во џеб и 20 работи да си купам од Солун. И Карфур-Керфур како и да го викате луѓе смрди, не смрди, корне!
Се согласувам со Росонерка во врска со нашиве „попусти“. Јас бев во Солун минатиот викенд и убави работи си купив, пред се` евтини. Од Зара земав едни панталони, кои одамна ги меркав кај нас, ама кај нас со попуст беа 2990. Јас од Зара во Космос ги земав за 20 евра, потполно истите. Што значи, дефинитивно попустите кај нас немаат врска со тие во Солун. Единствено во Сити Мол што успеав да начекам е една кафена кожна јакна (значи чиста кожа, не скај) од Пул енд Беар за 1990 денари. Истава ја гледав уште пред месец ипол-два, и беше 8000 денари Премногу ми се допадна уште кога првпат ја видов, ама се откажав од идејата дека некогаш ќе биде моја Пред некоја недела бев во Сити Мол, и пак влегов во Пул енд Беар, но без намера да купувам ништо, онака да видам што има. Пак ја здогледав јакната, и тоа само што влегов Си ја погалив така нежно и тажно , и како што ја допрев за ракавот, излезе тоа цената со црвени бројки 1990 ден. Видов дека судено ми било да ја имам, и си ја купив Беше останата една единствена, и тоа мој број