За све и свашта. Храна, облека, бела техника, играчки, козметика, за уредување на домот/дворот - украси, цвеќиња, чуда Ко Тинекс, ко Веро од све по нешто што има, епа и ова така.
Според тоа што прочитав на нет Бургер Кинг ќе има во новиот трговски во аеродром што ќе се отвори а не во Сити Мол
Ти па Трендафилке мислиш ќе спиеме пред вратите пред да се отвори, први да влеземе, се да купиме, по 2000-3000 евра само на отварање ќе потрошиме. Јок. Буџетот ни е ист, само изборот ќе биде малку поголем. Гледаш сите се радуваме на Страдивариус и Бершка, па попуст ќе чекаме, а никој не ги спомнува Џаст Кавали и сличните.
^Ја ги спомнуам Армани Џинс бе гордо онака, дека никад а можда ни тад нема да купам парче облека од таму на пример?
Ќе имам кај да си ја шетам женцка ми. За мене нема ништо атрактивно таму веруем,ја сум од нискобуџетните фраери,ќе си купам од Елит и Еко шо ми требе. Плус нема некои интересни џиџи-миџи,углавно е се веќе видено у останативе трговски центри,само брендовите се различни.
H & M нема ниту во Cрбија а се многу поголем пазар од нас, такашто ќе си почекаме прво таму да отворат па може некогаш и кај нас да дојда. во меѓувреме ќе си тагуваме по H & M или понекаш ќе се честиме нешто од Cолун
Старбакс и H&M нема. Ама со која желба чекам да видам онаа Евроазија шо ќе праи сега тоа е чудо едно. Паричња по сто години стоени 1000+, море мрш. И не, Керфур не е ни сличен на Кам, страни наназад некој праша, не знам точно каде.
^ yes yes yes кој ќе чека ова да се доизгради во аеродром...барем таму во карпош нон стоп сум на тренинзи
Еј, сега видов дека ќе има десигуал! Ептен се добри, макар што не сум сигурна дека и да ми се на дофат ќе дадам толку пари за облека. Инаку јас трговскиов го гледам како уште едно место на кое ќе можам да ги шетам децата во зима, кога надвор е ладно . Им се здосади веќе од Рамстор, само ова не ни е баш блиску. И да, знам дека најпосетуваниот дуќан сигурно ќе ми биде Зегин, тука немам дилеми
Skopje City Mall,се отвара на 4 октомври -официјално,потврдено Долгоочекуваниот Skopje City Mall, конечно вратите ги отвора на 4-ти октомври. Оваа информација е соопштена на официјалната фан страница на Фејсбук. Последниве денови активно се работи на крајните подготовки, а Скопјани секојдневно гледаат како полека трговскиот си го добива својот лик. Ова ќе биде најголемиот трговски центар, во кој се вложени 70 милиони евра за неговата изградба. Уште пред да почнат градежните работи беа најавени многу светски брендови, од кои 40 се интернационални и за прв пат доаѓаат во нашата земја. Меѓу нив се брендовите: Карфур, Zara, Bershka, Stradivarius, Giovanni Gail, Guess, Lagerfield, Armani Jeans и многу други. Меѓу другото неизбежен дел од секој трговски центар се секако и кафулињата рестораните, 3Д кино со девет сали, сала за куглање и уште многу локали кои ќе се погрижат за забава и разонода на сите посетители. Со овој трговски центар, се предвидува да бидат отворени околу 2000 работни места, а Скопје би требало да стане една од Балканските најпосакувани дестинации за шопинг. Изворно
Му се радувам и ќе одам на отварањето не затоа што имам премногу пари а немам каде да ги потрошам,туку затоа што ќе има конечно повеќе избор,затоа што нема потреба да се оди на попуст во Солун и затоа што сум човек што ужива да шета по продавници па макар и да не купам ништо.Така да фино освежување е Сити мол
Јас на Carrefour-от му се радувам како мало дете. Другиве продавници така - така, ама Carrefour мхм, мхм...
http://www.skopjecitymall.mk/index.php/ ... -mapa.html еве видете одприлика како ќе биде, инаку видов дека ке имало и Бургер Кинг