Јас бев дури на 4 октомври, кога се отвори. Не ми беше нешто, нај, нај, но сепак имаше убави работи, но за жал беа многу скапи. Си купив повеќе работи и така...
Дали може некој да ми каже на страната на Suit Blanco дали има македонски цени,и ако може да ми прати линк.
Замислата е убава, ама ретко за чиј стандард во државава. Убаво средено место, интересни работи..баш фино изгледа,не знам оти толку многу сите беа ко налутени демек се напнувало, не е ништо лошо, само...џепчето.
Девојки во Манго има донесено нова колекција или уште трае попустот на старата? Нешто од новата колекција ептен ми влезе во очи, па едвај чекам да го земам.
Во Бланко мноооогу убави работи имаше и се имаа разграбано,многу ниски цени имаше,сакав јас и едни пантолончиња,ама немав доволно пари,пошто на прво место го ставив чантето и си го купив А имаше стварно доста попусти сега на зимската гардероба
Разочарана сум од изборот во Бершка и Страдивариус, во Зара не ни влегувам. Значи одвратни работи има, се некои индијански мотиви, дречливи бои, реси, ефтини материјали и превисоки цени за таа гардероба. Секогаш ми биле прекрасни работите во овие два бутика, не знам дали е ова до новата мода или кај нас го носат шкартот и не прават малоумни. Жими штикли што имаше убави модели со цени од 3000, другото ужас... Во Еуроазија има поубави работи!!!
^ Истото дојдов на темава да го напишам. Една иста роба мислам дека ја има во сите продавници. А толку удриле на квантитет значи блузите повеќето се широки, проѕирни неквалитетни материјали, полиестер, уште на закачалка стојат како развлечено а камо ли после 2-3 перења какви ќе се. А чевлите, ги гледаш на интернет и гледаш убави модели, одиш таму и материјал текстил, залепено на нив прашина и кончиња, лепак се гледа на пола од чевлите, а цени и те како држат. А Зара значи Зара е бренд веќе кој не е од средна класа. Јас лично повеќе мислам не можам да си дозволувам од Зара облека и чевли. Да не зборам за капути, чизми, џемпери. Па тоа цените до плафон дигнати. Минатите сезони сум купувала од Зара блузи и џемпери за 5-10 евра, дури имам и фармерки за 10 евра. Јас на овогодинешниов попуст речиси ништо не видов под 900 денари. Освен еднобојни блузи за 500 денари, искрено не ни знам освен како долна маица дали би ги носела тие. Неможам сеуште да се изначудам на балетанките по 2500 од еко кожа, на еко кожните јакни од по 3500 и на парталестите блузи за 1000ка. Чост квантитет ни нуди Индитекс, а цените и те како скокнале.
Јас баш планирам утре да одам и да побарам некои работи што ми требаат, баш сум зажежена за шопинг зашто доста работи ми фалат, ама не сум од скопје така да ке одам само за тоа и немам цел ден на располагање па за да си ја скратам маката би побарала помош од вас, драги феминки, значи да ми кажете каде има убави и пред се КВАЛИТЕТНИ сакоа, цела година веќе барам и никако некое ко за мене да си најдам сите се некои излитени и изгледаат ефтино, и каде има добри работи за вечерни излегувања, кошулки некои, панталонки и фармерки цевка?
ИМА ЛИ ПОПУСТ ВО Suite Blanco? На интернет пишува дека има, ај ве молам некој ако бил, да ме извести, итно ми е.