Јас само ќе кажам џабе гледате на веб страниците на Бершка, Страдивариус и сличните бидејќи ништо не е исто во продавница. На Бершка страната се изнагледав џемперчиња по 650 и поефтино, па и убав накит,мали ланченца за 99 ден. и што се не, а во продавница АШ! Си ставиле нова роба, тоа што останало од попуст го забутале у некое ќошенце па иди најди го. Истиот случај е и во Страдивариус. Вчера бев со цел да најдам фармерки со висок струк, и богами од сите продавници сум се разочарала. Стварите што им се на попуст колку време им се изложени? 10-12 дена, мене така ми се чини. Во Тејли... абе како не им е срам. Се гледа дека пола гардероба им е од предходна сезона, во Грција што се не имаше, а кај нас ни пола. Неможете да ми кажете дека во секоја продавница има различна роба. Отидов расположена за шопинг и да трошам пари со мерак, ама на вакви глупости пари не давам.
Работат ли продавниците за облека и слично во среда? Дека слушам неработен ден било, а гледам на страната ништо нема напишано, па би требало да бидат отворени?
i мене ми е криво за бланко..инаку наскоро ке ни отворат p.s fashion и уште еден бренд ама не памтам дали беше кикирики или поинаку некако
Девојки знаете ли дали уште некаде има попуст низ ситу мол, посебно ме интересира за терранова и калиопе?