Blanco ја затворилеее? Па нормални ли се овие бре ! Јас незнаев, а баш си планирав да идам неделава да купам нешто од таму, таман собрав парички.. ееј будала работа бе Иначе не сум била оддамна таму, да не сте виделе негде убави мантилчиња долги? Мислам од тие што се над колена, крем?
Bershka,stradivarius,Tally WeiJl,pull&bear....тие ми се така нај,а и не се скапи...иии,yves rocher,секако.
Да не знаете случајно дали во Теранова сеуште е попустот на летната колекција или има излезено нова есенска колекција?
Дали работите сто ги има на официјалната македонска страна на бершка и страдивариус , ги има во продавниците тука ? да знам да не одам за џабе
City Mall :up: заради киното и малото преубаво продавниче на Yves Rocher. Страв ми е да влезам искрено, зашто не можеш да излезеш со празни раце од таму. Прекрасни парфемчиња, купки за бањање и креми, милина.
^И заради погледот од терасата додека пиеш кафе, и заради повремениот луксуз кој можеш да си го допуштиш да кснеш некоја тестенина во Венето!
Трендафилка (и останатите љубители на производите на Yves Rocher), дали можеби сте го сретнале парфемчево во продавничката во Сити Мол? Најубавото парфемче што сум го користела Јас си го добивав редовно од роднини од Германија, ама залихите ми се веќе при крај, па ако го имаат кога ќе идам накај Скопје да си се снабдам.
^ И јас сум им редовна тука , баш вчера влегов и го има парфемчево, некаде околу 1,400 ми се чини беше 30 мл, а тоа од 50 мл - околу 2,000 и ситно брои.
Одговорно тврдам, производите на Yves Rocher во странство, поточно Германија, и овде се со исти квалитет. Парфемите поготово, траат исто и од овде и од таму Ја променив целата моја козметика, и декоративна и онаа другата, и кажав чао на Балеа
Мене од Yves Rocher за Божиќ ми донеасоа гел за туширање и млеко за после тело,и двете од праска.Многу ми се допаѓаат,ептен,особено млекото.Планирам сега овие од кокос да ги пробам Видов на страна,ги имаат,ќе наминам некој ден. http://www.yves-rocher.mk/shop/
Бил некој сега брзо во Зара? Го има мантилов? Зошто нели се случува нешто да има на веб страната, а во продавницата да го нема. Си штедам пари за да си го купам бидејќи многу ми се допаѓа!
Дали е вистина дека за роденденот од City Mall ќе имало добри попусти?? Од утре би требало да почнат.
Има попуст на козметика во Космо и Голден Роуз, од таму си се почастив. Во бутиците има, ама во оние поскапите, така да мене и со попуст таму ми е скапо. Бершка, теранова, пулендбеар, страдивариус, манго, зара - нема. и така. Ама да знаете дека гужви има многу, ги гледам сите со најлони и најлони... и после немал пари народов..