Два пати сум влегла на кратко и од тоа што видов има многу пристапни цени, некои парчиња си држат цена, некои се дури смешно евтини, а не ми делуваат дека се од фушерајски материјал направени. Имаше преубави машки панталони во повеќе бои за 800-900 денари, а истите во другите попристапни продавици се од 1500-2000 па нагоре. Женските дебели зимски џемпери се за 400-500 денари поевтини него во другите продавници. Видов еден многу убав, беше 1200, ама не ми е итно така што ќе ги чекам на попуст. Како и да е од тоа што видов нема некои безобразно скапи цени за никакви партали.
Стварно има многу ниски пристапни цени, а квалитетот не е лош. Затоа и ептен гужви има па незнам шо останало.
јас бев денес има интересни работи но не е баш се на попуст ,морам да прокоментирам има прекрасни сукњички во разни бои во теранова намалени од 800 на 300 денари и со страдивариус прекрасни фустанчиња од 1300 нагоре