А да не знаете како ќе оди тоа со попустите? Ќе бидат исто време како во Солун кога се, и исти цени или? Јас слушнав дека немало да биде исто ( кај нас поскапо ќе било) бидејќи не сме во Европска унија....
Јеее, повеќе излози за лижење! Поздрав до сите феминки со песната: http://www.youtube.com/watch?v=bFLow5StvvU Единствено се радувам за Зара, ако ништо друго, ќе имам поголема мотивација да работам за да си купам нешто од нивната колекција. Ќе се почастам еднаш и во Бургер Кинг, иако после срце ќе ме боли кога ќе видам дека сум платила мало богатство за брза храна, ама шта чеш, душа ненаситна.
Јас му се радувам на Бершка само! Aма или цените ќе бидат пекол,или мене мадрето нема да ми дозволи со прст да мрднам од дома.
за кино една карта ќе биди 500/600 денари Се зафркавам, се надевам дека барем картата за кино ќе имаа добра цена
и јас се изнасмеав за ова.. ама бренд е тоа немој така ... иначе се радувам за ова отварање, поголем избор, конечно и нашево гратче да добие нешто со европски изглед и (а се надевам и европски попусти конечно во мкд, ако овие брендови работат по истите принципи како во ЕУ ) баш како што имаа спомнато погоре.. сакам да шетам низ продавници, не дека имам премногу пари за трошење, ама самото шетање и разгледување (па и без да купам кој знае што) едноставно ме исполнува
Абе скап глобално ќе е новиот трговски во Аеродром што го градат, таков луксус тврдам дека не ни е потребен, освен ако не се аутлет брендови па да можам со штедење да си дозволам рецимо бурбери капут. Што ќе ми е нова колекција на нешто што чини колку 5-10 просечни македонски плати? А не се прескапи дел од колекциите во Сити Мол као на Бершка, Страдивариус, Пул&Беар и одлични попусти имаат Зара и други слични брендови. Значи ако се попустите реални тогаш ќе имаш накит помодерен а цена како од бугарите на бит пазар и облека на цени како Певекс, Еко, Шутка. Баш ги гледав чевличињата за иднава есенска сезона, балетанчиња во нови колекции во гореспоменатите продавници се од 15 евра па до 30. Епа во Ил Камино и Аванти се толку, а се покрш квалитет. Додуше све е кинесно, само класа минимална над и под. Битно избор има. Јас си ја љубам Зара ама јануари ќе си го чекам. А за Алдо чевли богами последното во фебруари, на распродажба, мож ни тад А баш супер што ќе има Елена Лука. Ќе добијам некоја инспирација за маскенбал
јас му се радувам на трговскиов зашто ми е буквално преку улица, А за попустите не се надевајте дека ќе бидат како Солунските. Сепак сме Македонија.
Тој во Карпош, ми е пред нос, екшли. Монструозна градба, ја креваат за една ноќ одеднаш, влегоа во терминот јако. Според првичните планови, требаше да се отвори во септември, па видоа не видоа, го пролонгираа за еден месец плус. Да ви кажам, ич не ми се бендисува идејата населбата да ми стане шопинг место. Во глава ми се мотаат паркинг караници, навала од луѓе, и периферното ми маало ќе стане уште подинамично. Себични желби, шта чеш ) Што има, нека има. Конзументи колку сакаш, џебот плиток. Лицемерно ќе го прошетам, знам. Ќе си купам и тоа што ми треба, знам. Ама не сум возбудена. Капитализмот одамна го проголтав презриво, така да, кој му се сака - нека ужива!
Комшике, и јас од истото се грозам. Ќе биде работава сви сељаци доџоше у варош. Не си го сакам Карпош таков. Ама тоа е. Ќе биде ука бука првите 6 месеци после ќе спласне. Нема народов толку куповна моќ.
А добро, трговскиов каде е сега? Карпош или Аеродром? Гледам едни викаат еден трговски во Аеродром се градело, други викаат во Карпош, тој во Карпош е Skopje City Mall или како? Простете ми на неинформираноста.
Тој во Карпош е Skopje City Mall, а во Аеродром, спорти Бисер градат помал. Не знам точно како ќе се вика, ама слично е.
Тотално се разочарав, тотално! Што толку најавуваа Старбакс, Старбакс, на телевизија, на сите можни страници? А нема ни с од Старбакс да видиме.. Многу се разочарав, а со толкаво нетрпение го очекував.
Site se raduvavme za Starbaks ama vsusnost koga ke vidism 700 denari za kafe retko koj ke dade.. vaka vo evra ne ni se cini mnogu ama odi pij sekoj den kade od 600-700 denari da te vidam.. Nemame nie takov standard Спојлер se izvinuvam za latinicata, privremeno koristam eden laptop nemam language bar
Абе не се разочарувајте преед време, па ако го нема од старт не значи дека нема никогаш да го има Старбакс
Женски, реално, вие што плачете по Сатрбакс, колку од вас би дале 500/600 денари за кафе?...ама онака почесто, не еднаш годишно да се почастиме.... и неможе цената да е прилагодена на наш стандард ако го сакаме истото квалитетно кафе што го пиеме коа шеткаме низ странство со евра во џеб
Во Карпош е, ама мене ме интересира каде точно во Карпош? Од кога завршив средно натака 5 дали сум била, така да малце е срамота да прашам за толкав објект али ми е гајле
Таму каде што се гради највеќе . Мала шала Мој сусед работи на една фаза таму и вели дека тешко дека ќе се стигне до 04,10,2012