Дали некаде го има online каталогот на Керфур, никаде не можам да го најдам. И, дали знаете дали сега има попусти во City Mall?
Само еднаш имам одено во Сити мол и можам да кажам дека е преубаво.Температурата погодна, шопингот исто така, киното...Најубавиот трговски центар во Македонија според мене.
Јас бев, класика како и лани... пишува 50% секаде, а всушност ретко нешто со навистина 50%. Ова скоро за сите продавници важи. Она што го пишува како new collection на сите веб страни нема ни најмал попуст. За Манго пр. прочитав дека е сè на 50% пола, а фармерките мене шо ми се свиѓаат се од 2490 на 1690 ден. Значи не е баш 50%. Сепак се исплаќа, колку-толку.
Дали има попуст во продавницата каде што се продаваат само Benetton и Sisley ташни, куфери, новчаници...?
Има попусти низ сите продавници, ама не толку добри, мислам дека треба уште намалување да има на цените. Некаде имаат и дел од новата колекција донесено, ама само неколку парчиња. Оние големите попусти треба некаде во август да се