Некаде крајот на јануари-почеток на февруари. Инаку попустите почнуваат и пред Нова Година меѓутоа најголемите ликвидации се пред крај на сезона.
Конечно отворено Прочитав дека само денес на отварањето има 15% попуст https://www.facebook.com/Suiteblanco
Сакам утре да идам до сити мол.Има ли доста раб на попуст и како е со гужва? Најмногу ме интресира зара,котон и бершка.
Јас бев вчера и да, има попусти, посебно во бершка. Ама лудница е, цела Македонија и Косово се таму, се чека по 15 минути само за да пробаш нешто, буквално се удираш во луѓе додека разгледуваш, нема кај да се помине, јас не можам така да купувам. Би ти порачала да одиш сабајле, додека нема уште гужва.
Да,се сложувам со Кримсон претерана гужва има, толку се возбудил народот божем бесплатно им се дели.Расфрлани алишта на под ,помешани,не се знае што каде им стои. Јас само што се вратив од таму.Не влегував во сите продавници само во оние во кои најчесто купувам (Бершка,Страдивариус,Зара,Пул&Беар,Њу Јоркер,Women 'secret,Ltb ).И конкретно за овие продавници можам да ти кажам дека имаат убав попуст,но повеќето им останале не толку убави работи(некои тенки маички,џемпери со извлечени жици,затоа што народов ко стока е незнае ни како да проба нешто,а да не го оштети..).Но секако може да се најде и од поубавите работи што им останале,а се на убав попуст.Но многу мал избор на броеви има.Убави фармерки,кошули,јакни,фустанчиња,панталони,кожни јакни,бунди,крзнени елеци... Јас едвај чекам ова све да се расчисти и да донесат нови колекции.Овие колекции сега више ми станаа досадни,си купив све што ми се свиѓаше и сега кога и да одам све едно исто гледам и ќе докупам уште по нешто ете што ќе ми фати око или пак ништо. И сега донеле нови колекции да,но мн малку.
Ех тоа што најмногу го мразам е турканицата мегу жените при вакви попусти.Јас видов плетен бел фустан во бершка од новата колекција.И најмногу ради него би идела плус чизми на попуст ако начекам до глужд.
И пред Нова Година секогаш има,но најголемите попусти следуваат после НГ.Но не ми се верува дека тогаш ќе останат убавите парчиња,повеќе ќе бидат некои летни работи што им останале или пак понекое парче по еден број што им останало и сл.Така барем лани беше..И сега нема кој знае што.Повеќе им останале или премали бројчиња или преголеми,или по нешто фалично(од што го оштетиле купувачите при пробување),маички обични и сл.Но може да се најдат и убави парчиња ако убаво се прошета и разгледа.Пример има избор голем на јакни,капути,крзна,фармерки,кошулчиња,фустани.. Кој сеуште не купил и не се опремил за престојнава зима ете му прилика.
Леле денес кaкo сум се изнервирaлa вo супермaркетoт Кaрфур жити се кaжете кaде дa ги пријaвaм !! Нa штaндoт Лoреaл ги гледaв пудрите и ги пoдoтвoрaв oд пoзaди тие ливчињaтa дa гo прoчитaм сoстaвoт и секaкo пaк гo зaтвoрив. Ми дoaѓa тaa oбезбедувaњетo и ми викa дрскo мислиш ќе ме кoле - бидејќи искинaвте бaр кoд знaете декa нaпрaвивте кривичнo делo??? И јaс се зaчудив и и викaм извинете не сум знaелa. Ми викa зaштo гo стoривте тoa кaде гo фрливте ливчетo?? Викaм не гo фрлив никaде еве гo нa пудрaтa сaкaв дa прoчитaм штo сoдржи и ми јa земa ид рaкa јa oстaви и си oтиде. Имaaт ли пaмет штo прaвaт aкo не смее дa се oтвaрa некa пишaт некaде aмa не скинaв никaкoв бaркoд туку сaмo сaкaв дa јa прoчитaм сoдржинaтa нa пудрaтa. И јaс зa жaл не сум тaквa дa се рaспрaвaм туку и рекoв извинете не сум знaелa , aмa кaкo и дa е веќе нoгa не ми стaпнувa тaму
Па уште они очекуваат ние да се однесуваме по некои си не знам какви стандарди.Можеби е дтварно трговски центар и маркет со странски брендови што ги немало кај нас ама немаат ни с од некакви стандарди.Немојте да купувате бе шминки од маркетот.Тебе ти се изнавикала таа зашто не и бил денот за глупост а на тие што се шминкаат со производите и ги враќаат на нив не!Во бершка страдивариус...поише имаш шанси зараза да фатиш ако пробаш некое парче облека а не да се пофалиш декс си си купил нешто.Попуст има и сите алишта на земја.Не знаат да се справат со малце повеќе народ ако има во продавница!
И мене ми изгледа дека кој стигне отвора таму, никогаш не купувам шминки од маркетот. Сите производи им се испоотворани, исчепкани, ми личи страшно многу нехигиенски. А за тоа со хаосот низ продавници да не зборувам. Може да те искараат ако чепнеш нешто од куклите, што е сосема океј, ама што е со сите испомешани и расфрлани работи по полиците за време на попусти, хаос.
Малку се разочарав од Suiteblanco. Најдов 6-7 парчиња кои ми се свиѓаа на веб страната, но ништо од тоа во продавницата. Ретко се водам по она што го гледам на интернет, но алиштата на веб страните на Bershka, Pull&Bear и Stradivarius редовно ги има и во продавниците во SCM, па мислев дека и со овој бренд ќе биде така. Да додадам дека и добар дел од цените на веб страната немаат врска со цените во реалноста. Се надевам ќе се покажат со попустов оти досега слабо, не ми оставија некој впечаток. Да напоменам дека во продавницата истовремено имаат 5 продавачки, често повеќе отколку муштерии