Ке се потепаме за сандалите.Јас планирав утре да идам по нив.Ги нема а? Слични у зара има кафеави а и иста цена мислам беа.
А и зелените од бершка не се лоши.Ако се јавам утре во Зара за сандалите дали би ми кажале дали ги има? Не сум од Ск и да не идам за џабе ,а ептен се загреав за нив или тие од Бершка.
^^ Би ти кажале дали ги има ако им го прочиташ кодот од интернет. Инаку, жени ако ве интересираат некои работи не гледајте само дали се изложени, покажете им ја сликата од тел. ќе ви кажат продавачките дали имаат или немаат. Зашто понекогаш работите им стојат во магацин. Мене многу пати така ме имаат услужено, за среќа тоа што сум барала - сум нашла.
девојки дали има продавница на sport vision во сити мол. Ми кажаа демек ја затвориле а на нивната страна пишува дека има
Оо не знам, ама памтам убаво дека овие ми се појавија некаде пред очи и баш се замислив дали сум ги гледала по Фемина. Си барав и јас едни нови чизми, тие сите ги имаше изложени. И нели се малце скапи? Каков квалитет им се чевлите?
За квалитет незнам..имам едни чизми од велур ама ретко ги носам па се како нови.Но мн мн неудобни се,како дрво да имам на нозете .Ептен крути се.Тоа е моето искуство со чевли на бершка
Има преубави чизми едни, какви што барав, ама па крај на сезона е а и не ми се даваат толку пари.. Планирам да поминам утре до таму па ќе видам баш дали има зелени вакви сандалки ако се наканам да отидам. Имаше попуст на некои летни работи, интересни кошулки и сл. ако сака некој да си се спреми и да си купи нешто.
Јас имам позитивно искуство со сандали од Бершка, меѓутоа ниски. Многу беа удобни и ги износев за сите пари. Но лош квалитет, добри беа за носење само една сезона. Лошо искуство имам со кондури на штикла од Зара. Ѓонот како цементиран, не се витка ни за милиметар. Нозе ме болат само после 10 минути во нив.
Јас еднаш со сандали од Бершка одев пешки три саати, низ рандом улици по Карпош и Центар, низ трева во парк и по калдрма. Плус што цело лето ги носев и уште се како нови. Многу сум задоволна.
Мене оваа сезона најдобра ми е колекцијата на Страдивариус. Манго и Зара ми е се' досега видено, со истите дезени striped/polka dot на маички, кошули, а поготово џемперчиња се шлепаат неколку сезони уназад, со исклучок на неколку парчиња кои веднаш ми влегуваат во око и додека не ги имам не можам да се смирам, а да биде бељата поголема тие се секогаш најскапите Од Зара неколку сезони се канам да си земам од тие Reversible ташните, една ташна во две боички. Ги сакам сите три, ама првата ми е приоритет (се надевам ќе го реализирам деновиве ако имам среќа да ја најдам во Зара). Девојки ако некоја била деновиве во Зара, можеби сте ја забележале? Спојлер: Zara reversible shopper bag
Јас сум задоволна од квалитетот на обувките во Бершка и Страдивариус. Имав едни чизмички на Страдивариус кои ги купив во ЕуроАзија (колекција Бог знае од кога), на полна пета беа, нагоре имитација на кожа и платнен материјал што значи дека се за по суво време, јас ги изнаносев, две години ги утепав од носење, а потоа веќе потпетицата ми се излижа цела и ги фрлив. Есенва купив ниски чизмички од Бершка на дебела потпетица, превртена кожа, често ги носам и како нови ми се сеуште. Сепак ги носам само по суво време и кога е малку потопло бидејќи не држат топло. Купив уште едни од Бершка пред нова година ама сеуште ги немам облечено, си ги чувам за почеток на пролет . Сепак не се исплати да дадете многу пари кога како и да е после ќе ги начекате на попуст. До кај 2500 се исплати.
Да, баш овие ги имам. Мене ми се баш удобни, меѓутоа јас секогаш ставам влошки на кондурите. Без влошки и мене ми се малку крути одоздола, ама со влошки се супер. Користам најобични влошки што ги купувам од ДМ.
За сандалките од Бершка прашував денес пак зошто ги барав а не ги видов никаде, ми рече едно девојче дека секој вторник добиваат нови чевли и ако ги нема изложено немаат ни во магацин.. @joy1