Skopje City Mall

Дискусија во 'Мода и стил' започната од cvetce93, 23 август 2012.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.148
    Допаѓања:
    124.521
    И јас мислам дека тешко да се стигне,гледам уште го прават,типично.
    За цените не очекувам ефтинија,ама барем нека бидат нормални суми.
     
  2. indelible

    indelible Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    81
    Ама чекај, баш некој спомна, сигурно во странство не е евро ипол хамбургер оброк во МекДоналдс (со истиот квалитет), така што нема шанси ни да е 500/600 денари кафе во Старбакс со нашиов стандард.
    Не очекувам да биде 100 денари, ама сепак околу 200, 200 и нешто би можела да одвојам неколку пати во годината за тоа задоволство.
     
  3. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Убава работа е ова-за тој што може да си дозволи.Јас на пример планирам да го посетувам,да го лепам носот по излози :D
    Добро е тоа што со ова ќе се отворат повеќе работни места,барем неколку платички плус во државава ќе има...

    Ќе видиме,ако има некој вртоглав попуст можеби ќе се одлепам од излозите и ќе влезам внатре 8)
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Сите што се радувате на Зара, Бершка, Пул енд беар ... дојдете ваму кај мене по нормални цени и не копија туку директ Индитекс преку увозник, гардероба. :wasntme: И плус има една убава француска фирма Cache cache исто по нормални цени. Што ќе вие е Скопје сити мол кога цените ќе се сигурно преценети. ;) Не знам, ок ми е да се има пристап тука до европски и светски брендови ама нашиов пазар е ту мач за нашиот стандард. И ко секое чудо за три дена, гужви некој месец после ќе се бројат луѓе на прсти што ќе двојат пари за трошење таму. И го најдоа терминот, во голема криза да отвараат :?:
     
  5. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.006
    Допаѓања:
    10.340
    Осеќам дека ќе настане тешка униформираност, нешто како теранова кога се отвори.

    Сепак фино што ќе имаме повеќе избор, не сум нешто особено еуфорична, како и повеќето овде ќе чекам попусти коишто се надевам дека ќе бидат реални.

    Него ве гледам чудни што мислите дека нема да има народ што ќе купува. Народов наш од секогаш си бил по малку и парадоксален...цело време се кука како пари нема, сите дотерани и скоцкани, а кафичите и кафаните одамна не се фул само за викенди.
    Нормално кај родителите ќе падне најголемото тормозење. Во мое време популарни беа phard, енерџи и сл. па кој имаше партал од таму беше најголем фраер у маало :^) ...а цените им беа дупло поголеми од некои брендови што сега се најавуваат во трговскиов. Како што повеќето тргнале со удоволување козметички третмани за полуматура, лесно ќе паднат и на овој притисок.
     
    На SimplyElegant му/ѝ се допаѓа ова.
  6. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Навистина не ја разбирам фамата на Старбакс (можеби и бидејќи не сум воодушевена од нивните кафиња), посебно не со нивните цени. Па можеби и тие не сакаат да отворат продавница тука токму бидејќи нема да можат да одат со стандардните цени.

    Искрено, има пар брендови за кои ми е повеќе драго што ќе дојдат отколку Зара - имам впечаток дека во Зара последниве години толку ги качија цените што веќе влегоа во скапите (за нас), а квалитетот не е којзнае што. И тоа е продавница за која треба попуст да се чека, како и за повеќето што ќе се отворат.
    Кога сме кај попустите, имав прилика да отидам во август и во Космос и во Сердика (во Софија) - бугарските цени се за нијанса пониски на истиот попуст. Нашите ќе видиме како ќе бидат.
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Кај последна 19ка и 15ка кај што стои, ако знаеш кај е. Е, одма тука, а ако не знаеш качи се и на последната станица слези и во трговскиот си.
    А инаку вие од Карпош што се жалите еве и јас живеам одма тука баш до трговскиот и знам дека ќе има гужви и се тоа, ама ако. Па не мора се да биде во Центар, кога Карпош е толку урбанизирана општина зошто да нема вакво чудо, мене баш ми е мило и се радувам, па заслуживме еден асален трговски, а не Антико, оној белион пропаднатион кај Базаро, оној белион до Скопје Сити Мол кај што стои 7ца, и уште други такви трговски центри што не може ни да се наречат така. Јас многу се радувам за трговскиов, секој ден со возбуда гледам како напредува.
     
    На CrazyStupidLove и DAngel им се допаѓа ова.
  8. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Старбакс е еден од најпреценентите брендови евр.

    Прво, и кај нас да нарачаш некое чока-мока-лате-фредо-чино-џамбо-кафе испод 200 денари не е. Во Старбакс за 200 денари едино можеш да добиеш кафе што повеќе личи на црнечка пот отколку кофеински напиток. Исто како што кај чичко Стоилко земаш хамбургер и компири за 70 денари, а во Бургер Кинг за 400.

    А за кафе, барем јас, не би фрлала многу пари.
     
    На Buttterfly, strangewoman, Hipster и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Tantica

    Tantica Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    24
    Јас најмногу се радувам на Бершка Pull&Bear и Страдивариус, најмногу поради тоа што ќе ги имаат реалните цени и конечно ќе се види дека не се екстра скапи парчиња како што ги направи Евроазија со нивните пренапумпани цени.
    Да се надоврзам на предходната дискусија за старбакс сеедно ми е дали ке дојдат или не...секако не сум многу по кафето :) :D
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.727
    Допаѓања:
    162.495
    Мене ми е смешна целата таа фама на Старбакс на која се палат сите тинејџерки откако го видоа у Госип грл и по сликите на ви харт ит и слични. Па онда оди некоја романтична замисла за истото фенси модерна девојка со старбакс кафе во рака,а колку реално од нив се вистински уживатели на кафето? Штета Сити мол е далеку,па ќе им се олади дур да дојдат до центар да го прошетаат на рекорд. А друга работа е што Старбакс треба да ги задоволи потребите на брзото живеење,кофи ту гоу,ако имаш време,да седнеш и да нарачаш циметно колаче кое го јадеш за 15 минути и стануваш,а не некоја си таму со време на претек,се лигави со кафето у рака шетајќи.

    Имав прилика во едно турустичко место, лани, да видам нашинци како ИЗЛЕГУВААТ на кафе во СТАРБАКС и покрај сите прекрасни кафичи покрај обала и други актуелни места. Тоа ти се вика кога сељак ќе се покондури. Немав зборови едноставно...и тоа најевтиното кафе и тоа неколку пати во целиот одмор... Епа немој бате,не се понижувај! Ние дрпнавме по едно пред заминување,зошто немавме време да седнеме на раат кафе да испиеме,откако не измрцварија,ама друга прича.

    Цените да се прилагодени,кафе од 500 денари,поевтино од 300 не може да биде,па правете ја вие математиката.

    Што се однесува до Сити молов, ме интересира како ќе изгледа и сето тоа,ама е ужасен потег. Нема народов толкава платежна способност за да може да се издржат толку трговски центри,а рака на срце не сме ни многубројни. А дека нешто посебно ќе правам шопинзи, претпоставувајќи ги цените, тешко.
     
    На Buttterfly, Ema.Sk, mila89 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.262
    јас мислам дека на почетокот молов ке врие од нашинци кои ке ги прошетаат фино сите продавници и да не биде без ништо ке си купат по едно поефтинко (односно најефтиното) парче
    да ве потсетам само, оние кои паметат кога се отвори манго , кога сите си купија маички на кои напред имаше принт манго -за да ги приметиме од 20метри ,од по 500ден што беа
    и така во рок од два дена се што е на најниска цена ке го снема -како да сме пред војна (нешто слично како во дм кога го отворија)
    и после тоа го гледаш нашиот близок комшија -мислејќи на косоври како така фино си ги пунат кесите без око да им трепне .Па они ке го полнат нема потреба од нас, ние чат пат ке си поминуваме да ја видиме новата колекција(за да се потрудиме да ја ископираме во нашите ни мили продавници како павекс ) или случајно да начекаме некој попуст и да се молиме да сме такви среќници први што сме го приметиле.
    Не дека вреѓам националности воопшто не ми е тоа намерата, само сакам еден прост пример да дадам ...нека се изјаснат колку од вас имаат купено нешто од altinbas,од lui jo, од мирела од рамстор ....па зар не ви чудно како опстанаа тие продавници толку многу време да постојат, ...кога еве јас лично немам ниту едно парче земено од кај нив ,а сигурно околу 90% од форумот се како мене
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Го чекам отварањето на трговскиот само за конечно да видам некои нови имиња во МК, да се разбие монотонијата :) Колку ќе имам можност да пазарам од таму ќе видиме понатаму :) На почетокот ќе има огромна навала како и секогаш кога се отвара некој нов тц, а јас не сакам гужви и не знам дали ќе одам веднаш да го посетам, па понатаму ќе видиме како ќе се покаже.
     
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Ја погодиле локацијава, тука ми е блиску до школо, па ќе си се шеткам стално. :lol: Не дека ќе купам нешто, и онака брендовиве се изгор скапи повеќето, стварно не знам кој ќе им купува освен „браќава“. :geek: Уствари може некое парче да се најде на попуст, ама колку што сум купила од Рамстор и тука ќе купам. :D
    Криво ми е само H&M што нема, зашто тие беа баш со пристапни цени за нашиов народ. :(

    А и овој во Аеродром му е баш локацијава погодена, како да ме прашувале кај да го прават. ^_^ Знае некој кои продавници тука ќе ги има?
     
  14. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Зашто бе луѓе викате КОЈ КЕ ИМ КУПУВА? Па до сега од кај купувавме? Од Теранова, Њу јоркер и Манго така? Епа истиве ќе ги има и таму, плус Зара, Бершка, Страдивариус и Пул ен Бер кои сигурно нема да бидат поскапи од претходниве. Ни се зголемува изборот за двојно, плус сите се на едно место.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.156
    Допаѓања:
    258.121
    Маркиве ги направивте како да се работи за Армани или Версаче.
    Реално цените воопшто не се високи, односно се речиси исти како низ бутиците кои се полни со кинеска и турска роба. Вака барем знаеш дека има некој квалитет.
    Некои работи се поскапи, но повеќето се исти како и во било кој бутик да влезете.
    Конкретно јас летово си купив фустан од 25 евра, а во Зара видов за истата цена од есенската колекција. Бершка исто така не е скапа.
    Баш овие брендови се наменети за луѓето со просечен џеб.
     
    На anabel-a, Smilly, Gea и 6 други им се допаѓа ова.
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Jас тоа бершка зара хим ги имав на 10 минути, и тоа бутичишта огромни, ниеднаш не влегов да видам што како :)
    Hе верувам дека би купувала облека од тука, само за храна ќе одам, се знае дебелиот газ на лудо што сака највеќе :D
     
    На Juicy03 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Ниту се оптоварувам нити ми значи нешто посебно и за исчекување самиов трговски.

    Повеќе би им се радувала на опременоста ,снабденоста, некое добро кафуле, киното итн
    а од облека- според читаното досега нема некоја разлика веќе ги имаме тие работи , со исклучок на уште нешто плус .
    И да не се пелтечиме ако се цените набиени само на излози ќе се кисни слабо ќе се купува освем кога ќе дојде тој дампингот на цени па да се тепа народ и д а купиш тоа што останало.
    Значи сум скептична по квалитетот на робата која ќе стига кај нас и на цените кои не верувам дека ќе бидат како во Грција кога има попоусти.
    Па нека ме изненадат позитивно и споротивно од ова што го мислам , време ќе покаже.
     
    На Juicy03 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Незнам за вас, ама јас сум мноогу возбудена за Синеплекс. Добро опремени кино-сали, да ти е мерак да гледаш филм. Да, има 3Д и во кино Милениум, ама бидејки Синеплекс е голема фирма, очекувам да можеме да ги гледаме сите најнови филмови.

    А за Зара, Страдивариус, Бершка, се тоа ќе прочешлам убаво, ама тешко дека ќе купам нешто. Со есенската сезона во тек, ќе имаат само нови колекции, па можеби на попусти ќе се најде нешто интересно.

    Исто ме интересира какви ќе бидат рестораните, кафичи, како и да е. Поготово цените. Еве во Рамстор јас можам само во Мекдоналдс да седнам, во овие другиве цените се пуууу! Еднаш ми се јадеше нешто што не е од Мекдоналдс, и викаме ај до ресторанчињава да си земеме нешто. 1 тост - 100 денари :^) Д фак?! Ако и таму се со сличен пристап не ни седнувам!
     
  19. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Гледам веќе активно почнаа со рекламирање, не ме чуди да некој си земе слободен ден и да дреме пред молов уште од сабајле, има и такви отидени. |(

    Нема да одам на 4ти и да се борам за воздух, да се буткам по продавници и да гледам некој како полни кошнички уште од само отварање, ко да дотогаш чиниш боси и гладни шетале, па им дошло нож до коски.
    Не верувам дека ќе шопингувам овде, веќе кога знам да се облечам и нахранам за мали пари, можам да преживеам без брендовиве. А попустите кога ќе ги видам со свои очи, ќе увидам дали можам и нив да си ги приуштам. Барем гледањето не се наплаќа.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Каде се наоѓа скопје сити мал?