Мене не сака воопшто да ми ја отвори страната ма продавницава, ама вообичаено за сите продавници низ сити мол, на самата страна, т.е. за секој производ имаш од десна страна да избереш боја, и големина и да ти каже дали е достапно во трговскиот, досега не ме излажало. За Зара и Бершка нон стоп вака си проверувам не се сеќавам за оваа дали имаше.
Ништо, најверојатно ќе се јавам утре во Пулл&Беар да прашам дали ја имаат, најверојатно би ме услужиле Знам дека @joy1 го практикуваше ова со Зара.
Јас сум често во City Mall. Идам по дуќаните да разгледувам (ретко купувам, затоа што купувам во Софија по поефтини цени, појаки попусти од нашиов мол и повеќе избор), често одам во Cineplexx, 2-3 пати во месецот во кугланата и по кафичите. (Чаптер и Бруклин, во Тренд не влагам затоа што имам премногу лошо искуство таму)
Marick14 за тренд си во право потполно. Многу лоша услуга и персонал цените високи а квалитетот просечен.
Јас чекав 45 минути за да ми донесат цедевита. После тоа имав филм во кино. Се изнервирав и станав да си одам на филм. Келнерот ме пресретна кога веќе го напуштив кафичот и ми вика, а сокот и кафето кој ќе го пие. И јас му реков извини, ама јас 40 минути го чекав, сега ти ќе си го пиеш. Онака изнервирано му реков. Било кој да е на мое место истото ќе го направи. Ај еднаш, ама ова беше петти пат истото да ми се случи. Ќе трпиш, ќе трпиш, ама ќе ти помине црвена линија и ќе ти скурчи. И затоа веќе не одам таму. На кој му е убаво нека оди, немам ништо против него. Јас за мене, никад нема да стапнам таму.
Девојки дали трговскиот работи во недела? И дали има попусти, конкретно сум за палто ама да не му се распродадени. И дали сте запознаени со ова Мега сејл што е до февруари?
Работи секој ден, скоро и сите празници. Има попусти во некои продавници. Во Том Тејлор видов некни дека има попусти од 50 до 70%. Во други продавници видов дека има 10-20% попуст. Ама кај нас нема реален попуст. Ќе ти кажат ова има, ова нема. Најбоље да си одиш во Софија и да си купиш гардероба како што треба. Таму има реален попуст.
До некаде си во право.Мислам дека 10-20% попуст не е вистински,ама 50-70% веќе да. Во Софија можеби има голем попуст,ама не си во право дека овде во Сити Мол не можеш да купиш гардероба како што треба. Јас искрено сите работи што ги купив од таму пред година-две уште ги носам. Во Софија можеби има поголем избор,не сум била таму на шопинг,ама дека овде не можеш да купиш добри работи,не се согласувам.
Па истите раб се.Сигурно зара-мара не шијат посебен квалитет за Бугарија посебен за Мак.Може да има разлики помегу пазарот во Италија,Германија и овдешниот ама Бугарија-Македонија верувам е со ист квалитет. Мене ми рекоа дека во Сити мол веќе се извадени новите колекции.Јас бев пред 10 дена и ужасно беше расфрлано,хаотично,бројчиња и избор слабо имаше. Пул енд беар-незнам дали таму вработените еднаш го наредиле асално дуќанот.Влегуваш и се е расфрлано,нездиплено,згмечено.
Во Софија има многу поголем избор во Зара, Бершка, Ваикики и тн. Повеќе попуст има од кај нас. Поголема продавница. Повеќе продавници. Ај чим има избор и добра гардероба, набројте ми 5 продавници асални кај што има голем избор на облека и ефтина кај нас во Сити Мол.
Да ама за да одиш и се вратиш од Софија без 100 евра не поминуваш, тука за тие пари ќе купиш што ти треба. Реално нас уште H&M ни фали, ако зборуваме за евтини продавници.
Пат до Софија и назад е 2.000 денари. Со 100 евра таму ќе си отидеш со 10 ќеси. Има премногу продавници што ги нема кај нас. Не е само H&M. Вие во Солун и Космос сте се научиле во таа продавница да одите и мислите дека тоа е врвот. Во Софија има дупло повеќе продавници од Космос. Трендот од Солун сега се префрла во Софија. Еднино што повеќе пат има до Софија и повеќе ќе ве кошта ако идете со автобус. А со кола е поефтино. Нема понуди од агенциите наши како што е до Солун за по 600 денари.