@Marick14 стварно ме занима во тие 10 ќеси што имаш за 100 евра? Без заебанции те прашувам.Кои се тие дуќани именувај ги што се толку ефтини???
Еве баш сега ќе ти ги набројам: -Моите омилени: Cropp, House, Reserved, H&M, Kenvelo, Lee Cooper. За женски препорачувам: Alexandra, Mohito, Kenvelo (за јакни), House, Cropp...
Доколку не си женско не си компетентен да кажуваш за женски продавници. Инаку зошто мислиш дека освен Солун не сме биле подалеку? Да има избор во Софија но не е ефективна шопинг дестинација како Солун, јас лично многу пати сум била и во парадајс, Сердика, д мол и др но не паѓам во несвест за шопингот во Софија. Не ми е јасно што имаш толку против Сити мол, па пред да се отвори трговскиот бевме за греота, сега барем дојде и кај нас индитекс.
И што ако дошле Индитекс? Пак не се за сечиј џеб како во останатите земји. Ни п од попусти нема. Ептен треба да си среќлија да начекаш нешто со ниска цена. Иначе Марик, еве викендов за Софија има превоз за 500 ден.
А ако не сум женско тоа не значи дека не се разбирам во женски работи. Кога идам таму на шопинг, идам стално со женско друштво и знам кои се продавниците и каде има попусти. Не реков дека само до Солун сте биле најдалеку. Прочитај прво пред да коментираш. Во Сити Мол само кугланата и киното вредат. И само косовари и провинцијалци има. Ти не си била во правите продавници во Парадајс и Сердика. А и има на главната улица во Софија многу продавници за облека. Секој месец по 2-3 пати идам во Софија, така да ништо не можеш да ми речеш за таму.
Можно е. Од која агенција е? Јас со свој превоз си одам. Барем не сум ограничен. Имам лошо искуство со автобус. (до Солун)
Во Наутика има ликвидација на целата роба (ќе се затвара продавницата) и претежно се е на 70% попуст.
Ми треба помош. Дали некој знае од прилика како се движат цените на машки блузи во продавницата Lacoste во City Mall ?
Сте слушнале ли за Orsay?Ќе се отвара во втората половина од март,германски бренд несто како зара,бершка...таква гардероба ќе има па цените како се движат по балканов дали знаете?
А чевли има? Во Шпанија имаше, ама немаше број, па сакав да проверам дали има тука, ама да не одам за џабе ако нема чевли на попуст...