Кога почнаа кесите да бидат проблем? Јас па од се што имам земено од Зара по светов, само 1 хартиена ќеса имам..
Имам приметено дека за работи купени на попуст даваат најлонска ќеса по бутициве. Хартиените ги даваат кога ќе купиш од нова колекција.
Дали овој модел на палто се носи со патики ? Јас исклучиво со чизми го носам, ама некогаш кога одам на подолги прошетки, а е сончево, сакам патики да си облечам.
Во зара има мн нови работи,исто и во масимо дути,екстрим интимо,бершка лом беше растурено исто и пул енд беар
Зара има нови работи, што одма може и по каталогот да се види, што си е на страната на Зара за Македонија, исто и за Бершка
Милион пати ми се има случено на веб сајтовите да видам едни работи, а во продавница скоро ништо од тоа нема. И неколку пати имам пробано да прашам вработен/а во продавницата и да ме изигнорираат. Не знам зошто е ова вака. Во Бугарија скоро секогаш одам со листа спремна на продукти со слики, и продавачките одма ми ги наоѓаат и услужуваат.
@sweet-cherry Јас за Манго ова можам да го кажам, дефинитивно Манго на Марс е поснабден од Манго во Македонија А пак посебно Манго во Гтц ми е Но, закачалките што ги гледаш на страната ги има секогаш Со Зара до сега сум немала таков проблем, обично што гледам на страната, тоа го гледам и во бутикот , а за Бершка понекогаш нема одредени работи исто
Во Спрингфилд ако кажеш дека е за подарок првин го пакуваат во целофан (со лепенка) а после во хартиена кеса. А пример, ако тебе ти е роденден, покажуваш лична карта и имаш 30% (или 25%, не сум сигурна) попуст на цела сметка. Манго со години имаат исти работи, само дополнуваат изгледа. Зара се ажурни, вработените се во тек и ептен услужливи. Летово побарав фустан кој го имаше на страната, го опишав а вработениот ми го донесе, оти сеуште не им биле наредени. Му побарав L, тој рече дека М ке ми е таман, ама сепаќ ќе ми донесел да пробам. Му побарав и khaki и сив и најљубезно рече дека не е проблем. Бершка обично е во неверојатен хаос и нечисто. Прашина, коса и напудрени блузи.
@Rebecca_R Манго не ни знам што имале, па да надополнуваат , макар работите од каталозите се вери најс За роденденските попусти не сум знаела, ама ептен кул! Во Зара, можам да се согласам дека љубезноста е на добро ниво, особено од персоналот пред гардероберите што стои, а за Бершка немам коментар. Каде дрски, па таму и квалитетот почна да им опаѓа, според мене
@Summerlover сум влегувала и во Сити мол и во ГТЦ, не знам кај е попразно. Еднаш само бендисав една кожна јакна ама беше речиси 250 евра, па не ја купив. А на страната имаат фини капути и панталони. Во Спрингфилд видов чекајќи ред на каса, таму стоеше. Од сите продавници тие се најфер за попусти. Во среда имаат попусти со индекс, често имаат акции во стил 1=1000, 2=1500, кога има сезонски попуст има и до 70%, плус ова што за роденден ти даваат попуст. Е сега што не се мој стил, хипи, везови и слично, ама за машки, таму има најдобри парчиња за секој ден.