Отприлика 250 денари Спојлер: Мала реклама Барај го такси 02/15-165 (секогаш даваат попуст) А зошто не си фатиш 5-ка пред Народна банка (и така ти е на два чекори од автобуска) , па за 40 денари (со телефон) да си отидеш до Сити ?
Некој да сподели каква е ситуацијата во молот? Има ли гужви и тепачки Вреди ли да се појде или не лажат пак?
Ќе биде исто како и секоја година,истите сезонски попусти ќе продолжат и понатаму. Никакви поголеми попусти нема да има,само повеќе гужва.
Мене не ми е јасно, народ иде или стока во ова Сити мол? Да гледаш и да се чудиш. Земале фрлале на земја алишта, пробувале во Њу Јоркер чевли ги фрлале низ цел под на продавницата, ваделе од закачали работи, ги ставале кај им текне. Нешто да ти треба не можеш да најдеш зашто се е направено каша попара. Толку ли е тешко да бидеш малце културен и да вратиш од каде што си земал? Па кај тоа уште ќе се испотепаат за да земат нешто, божем живот или смрт ситуација е. А бев у 2 попладне, не ни имаше нешто премногу гужва. Можам да замислам сега како ќе биде навечер. Еднаш бев така касно, и веќе никогаш. Тоа беше стампедо. Не вреди за 200 денари попуст да се тепаш и да се тегнеш по гужвите.
Попусти имаше скоро во сите продавници ама оние стандард попусти што се теранова имаат 20% попуст за над 3 купени парчиња калиопе имаше на некој фустанчича кошулчиња попуст не многу бершка и страдивариус не многу на некој безвезе работи најмногу забележав во пул анд беар и тоа доста на панталони фустанчиња ташнички во парфоис имаше до 50% а и зара имаше попуст на многу работи мислам тоа е тоа ако имате нешто да ме прашате а не споменав слободно попустите траат до недела
Во бутикот Зара во Скопје многу ми е скапо, а кога бев во еден бутик во Австрија, Зара беше многу ефтин блузи по 5 6 евра незнам зошто им се дигнати акциите на овие нашите
Затоа што имаат еден куп царини и давачки за да стаса сето тоа до Скопје плус си имаме и низок стандард... И уставри проблемот си е кај нас, во државичкава
Девојки, што е со продавницата City fashion, ќе ја отвараат или затвараат? Не сум ја видела отворена, мислев нова е а на интернет има некои реклами уште од февруари. Инаку станува збор за продавница која нуди парчиња од различни бррндови како што се Армани, Фурла и т.н. Има сознание некој?
Ќе ја отвараат. Мислам дека веќе ја има на Плоштад карши Тренд кафе, ако е истата. И таму ги има поскапите брендови.
Од каде ме советувате да купам памучни долни тренерки? Само не од овие спортските продавници. Купив еднаш од Теранова, но не сум задоволна, ми се раширија одма