Не знам како може на отворање на толку добар трговски да гледате негативно. Па ако ништо друго ќе разбие монотонија во Скопјево, на др место да пиеш кафе, да каснеш нешто или да прошеташ. Сите ги очекуваме Бершка, Страдивариус, Зара и Пул енд бер затоа што не се скапи. Џемпер од нова колекција лани есента во пул енд бер беше 15 евра...па поскапи кај нас се џемперите во локалниве продавнички! Сако во бершка 25 евра, а толку е во еко и елит. И што е најважно ќе има избор, ако некогаш имаш да дадеш повеќе или има некоја пригода за која сакаш да потрошиш ќе има од каде да купиш.
Мој познаник работи на самиот трговски сега кога е во фаза на градење. Ми кажа дека фирмите ги имаат одкупено локациите за 7 години однапред. Исто така дека кириите им биле ненормално високи но дека се е правено според светски стандарди. Локациите на продавниците (Бершка, ПуландБеар...) во трговскиот дошла лично да ги види Гркинка која живее во Шпанија и рекла дека колекциите ќе биле нови, односно така како што се сегде низ светот. Колку е ова за верување - незнам. Јас прочитав низ дневните весници дека целна група купувачи им се жителите на Приштина заради добриот магистрален пат. Искрено очекувам голема посетеност на луѓе од сегде, мислам дека намерата им е да направат нешто вакво за да биде на ист ранг на Космос во Солун, на Ушче и Делта сити во Белград. Сигурно нема да го посетам трговскиот на отварањето, тоа задоволство ќе им го препуштам на оние кои ќе купуваат ко да нема утре.
Денес читав баш коментари на луѓе кои биле покрај трговскиов, рекоа секоја чест ако го изградат за 3 недели. Бидејки работа имало уште ПРЕмногу и надворешно а да не збориме внатрешно! Него што прави човек кога му е досадно? Прави споредби Еве да речеме патикиве од Зара Во Грција во Зара се 70 евра (како и во многу други држави Германија, Франција, Италија, Aвстрија...) Србија се 73 евра. Во Бугарија и Турција по 80 евра. Во Хрватска Зара се околу 84 евра. А кај нас увозник се хрватите Индитекс, а Хрватска е и во ЕУ. Значи тука некаде ќе се цените мож и поскапи да сме A во Шпанија се 59 евра. A во Шведска се 95. A во Русија точно 100 евра. Значи и те како има разлика. Јас имам чуство дека кога ќе сме во можност пак ќе си одиме во Солун на шопинг. Или Барселона
^ Во Америка се 99.90 USD, значи тоа кај нас би било некаде околу 4000 денари. Како и да е, најверојатно кај нас цените ќе ги усогласуваат со соседните земји, што значи ќе бидат или 6000 или 8000. Ама, овие патики се од новата колекција, би требало да им падне цената покасно.
Aма си кажа или 6 или 8. Kao 2 илјади малце да се Јас за 2000 купувам 8 блузи од Певекс Хрватскиот увозник на бершка, зара, страдивариус... е и увозник за Македонија. Значи или ќе се 84 евра или повеќе, помалце од 84 нема шанси. А не е муабетот за патикиве, општа споредба за цените, некој производ мораше да се земе за пример. Цените на се ќе се поголеми од Солун, тоа е муабетот. А ќе паѓа цената на се на попуст во јануари, знаеме. Ама во Шпанија е дупло поефтино од Русија, значи попустот на патикиве во Русија ќе е на цена како што е реалната цена на нова колекција во Шпанија.
Па, мислев на тоа дека 6 и 8 се многу - навистина мноооогу за наш стандард. И јас купувам од Певекс, не сум разгалено детенце на мама и тато. Да, да, разбирам. Само посочував дека Зара во Америка е даааалеку поевтина отколку во Европа - добро, освен можеби со продавниците во Шпанија. Иначе, ако зборуваме за чевли од Зара, јас им го удрив меракот на овие два пара и ќе се обидам да си ги дозволам, ако не тука, барем во Америка. Баш ме интересира дали ќе ги има кај нас и по која цена. http://www.zara.com/webapp/wcs/stores/s ... PEEP%20TOE http://www.zara.com/webapp/wcs/stores/s ... URT%20SHOE
Нема сите локали да се пуштат на 4ти, може ќе има некое отварање со забавна програма. Теранова со сигурност нема да се отвори на време, исто и кино салите не верувам да ги направат до тогаш, можеби само една. Мислам дека околу 60-70% од трговскиот ќе се пушти а останатото паралелно ќе се доработува.
Значи цените ќе се исти како и во Хрватска. Роси сеуште не се официјално влезени во ЕУ , па да одиме по таа претпоставка, да се надеваме на поефтинкото де . Ние од југот поисплатлива варијанта ни е Солун. Далечината речиси иста, а цените поприфатливи.
Заборавив да кажам, патикиве од Зара во Србија се 7990 рсд што би дошло околу 79 евра или 4800 денари. Јас се надевам дека цените кај нас ќе бидат како во Србија.
Истово го помислив кога поминував пред некој ден од таму. Луѓе па таму уште се е раскопано, од позади уште има отворени делови од трговскиов, за промаја . Ќе го пуштат на 4-ти, колку да се рече, таму има уште многу работа. Него јас се мислам како им е на околните згради, секој ден под прозор булдожери, бум-трас и слично. Да живеев таму, ќе ми се одмилеше и трговски и све.
Сигунро има место и за бургер кинг и за Мс, ама дали Мс ќе одлучи да му биде директна конкуренција во сити мол ќе видиме
Можда муабетов не ми е у контекс на темава, а можда и е. Разгледував по ствариве на Зара ги гледам и цените и искрено она моето што пред некое време го зборев со другарка ми се испостави точно, муабетот ми е дека немаме ние стандард ниту за вакви „комерцијални“ и лесноприштливи брендови. Ги гледам патиките кои Роси ги постирала, како и да вртиш под 4000ден. нема да бидат а јасно како ден ни е дека се копија на Марант. Е ако оригиналот изгледа вака и неможам да си го дозволам у никој случај, сакам такви слични патики Зара ми ги нуди слични за над 4000 А во Аванти имам по бледа можда и полоша копија но за 1400 . Пре би купила овие од Аванти и ќе ги носам сезона, можда две со остатокот ќе си купам Најк, Адидас кои верувам дека сигурно ќе ми траат многу поише од овие на Зара или Аванти, сеедно. Повторно Зара, Бершка и т.н. ќе ни бидат актуелни кога ќе има попусти, зошто по редовни цени ретко кој во државава може да си дозволи да купува постојано од тие продавници ко што да речеме е во други земји каде има повисок стандард. Не дека нејќам и не дека гаам одбивност кон Трговскиов туку само викам „алелуја за попустите“ и да бидат баш попусти, а не нас познатите македонски “попусти“.
Добро видов или не, ќе има Domino's pizza? И да, и мене ми е криво за Старбакс, не затоа што сакам да се занесувам со чашата во рака, туку затоа што атмосферата во самиот кафиќ е пријатна и топла, а за да уживам во неа не мора да го пијам најскапото кафе и потоа да го прошетам истото некаде, нели...
Да да, ќе има. Јас повеќе на Domino's се радувам отколку на бутициве Се шалам, хоби ми е шетање по бутици, па макар и да не си купам ништо. За Zara ќе чекаме попусти, се надевам дека Bershka ќе биде навистина Bershka - со нова колекција, а не Euroasia, на New Look му се радувам затоа што имам неколку маички од таму од Пренди, Певекс, инаку цените таму поим немам како се движат...како и да е, убаво што ќе има уште еден трговски центар во Скопје кај што ќе може да висам
Дајте слика бре од сите брандови што ќе ги има, ми праат изгледа априли лили уште во Септември, ме убедуваат дека ќе имало Асос во трговскиов. Да незнаев дека асос е само онјалн проданица ќе поверував, ама сепак, ме копка Ми се допаѓа само што Зара ќе има, зашто ми е омилена продавница. Да скапо ќе биде, можеби ќе си ги навлажнам смао усните по излозине,да се надеваме дека ќе има попуст, барем 30-40 посто, ако не 70 како во Солун. Кфц ми е многу поомилен од Бургер Кинг, но сигурно еднаш ќе омрсам брк, ама убаво вика мајка ми, овое западњачкиве фаст фуд ресторани само те дујат и гојат, како на сила да сакаат да ни ја уништат убавата става, уф што љубоморни ни се За пари да не праиме мубает. Искрено повеќе ќе се радував да отвореа некоја фабрика, многу поише срца ќе стоплеа. Ама Гвујче не е дедо мраз, не исполнува желби.
^ Убаво ти кажуваат луѓето и мене истото ми го викаат. Еј твој Асос ќе го има!!! Аха ќе го има. Само што не дочитуваат, не е Асос, него е Ассос, а една буква е многу Среќа јас на време ја видов продавницава. Али не знаеш колку луѓе се порадувале дека Асос ќе го имало EВе ти. Асос е трет ред последно