Котон не е отворен сеуште. Кај поранешно Нептун треба да бидат. Ама изгледа сеуште подот го фарбаат бидејќи пред некој ден поминав и мирисаше на лак.
Сити мол си работи, Котон е во фаза на реновирање, и по уште некоја продавница, нон стоп периодов нешто реновираат и преместуваат.
Дали некој точно знае ќе има ли попусти од утре? Исто како што има онлајн на страниците на Њу Јоркер, Зара, Бершка, Страдивариус и слични?
Како си поминавте во Сити мол? Дали носевте маска, дали пробавте облека мислам како е сега ситуацијата дали смееш да пробаш облека и вратиш и други информации.. итн?
Да мора со маска, пред да влезеш во секој дуќан дезинфицираш раце, доколку има повече луѓе внатре чекап насвор си има обележано линии каде треба да се стои. Облеката не смее да се пробува, со фискална сметка во рок од 30 дена можеш да направиш замена доколку не ти е точно нешто. Инаку има доста попусти.
Здраво ме интересира конкретно дали имате инфо кога ќе може да се пробува облеката во гардероберите на бутиците повторно во scm
Денес гледав на стори кај една српска блогерка, дека ке се затвараат над 1200 продавници на Индитех ..се надевам нема кај нас
Јас бев вчера во капитол во вајкики и прашав и ми рекоа може да се пробува од денес , а не знам за сити мол ,но зашто би можело во капитол а не во сити мол :/
Дали некој има нарачувано онлајн од апликациите на продавниците? Ме интересира дали е функционално кај нас тоа. На наочарите што сакам да ги нарачам од Pull&Bear ми покажува added to the shopping basket, а basket низ цела апликација никаде нема.
Колку што знам нема онлајн за достава од pull and bear евентуално ова ако им е нешто ново. Од сити мол за нарачка достапни беа само оние преку Fashion group, parfois, mango, springfield...